Нервозно, ми се направи нешто ко мало топче во окото внатрешно во капакот цело ми потечи и офкам по дома од болка
До сега глупаво, но сега сум во фаза кога ќе ги променам чувствата и ќе направам да имам искрена насмевка на лицето. Со напор можеби, но ќе успеам. Ветувам!
Најубаво ми е кога ги разгледувам старите албуми со слики.Толку многу моменти ми се навраќаат и се присетувам на многу моменти кои длабоко биле скриени во мојата меморија.Се потсетив колку блиски бевме со братучетка ми и како целото семејство се собираше заедно на секоја прослава.Ми недостигаат тие моменти на секунда,но сега за сега остануваат само спомен.
Clumsy, како никогаш досега! Нешто не ми оди денов од рака, Марфи почнал пак да ме гони Земав да си сошијам копче - триста маки видов со заплетканиот конец, за на крајот да си ја забодам иглата во прст (My God, тоа болеше). Тргнав да печам мафини, прво видов дека нема јајца, а потоа и пециво. А на крајот откако собрав се што ми требаше, најдов пипици во брашното! Произведено во август, рок на траење една година, а внатре журка! (Кадино брашно ѕрн мрн, е па веќе не купувам такво!) И да спомнам дека 4 пати си го изводенив ракавот (прво на тренерките, на крајот на пижамите). Не знам што е со вторников, стварно не ми е јасно. И ајде сега нека ми изгорат мафините, нека се прелеат од калапите или нека тргне нешто друго наопаку со нив, па денов да го прогласиме за тотална утка! (Во меѓувреме се гасам од светов и пуштам филм. Прва вечер после толку време да немам книга за читање. И не фала, не ми е до излегување, барем не додека ги средам подочнициве.)
уффф денесс дефинитивно подобро од вчера вчераа толкуу ми беше криво што пропуштив да отидам во италија што не мошев да престанам да плачамм. Но денес изгледа веќе почнав да прифаќам дека е тоа и нема назад, што ми подолесни и не се оптеретувам со тоа "шта би било кад би било" здравје боже, наредна година одам сигурно
Што се ми носи денот..еден куп радост, среќа..и т.н..а кога се наближува ноќта, таа ми носи тага потажна од било кога..И кога ќе си помислам зошто баш мене тоа ми се случува..?-Е на тоа немам одговор, тоа е несшто несватливо и никогаш необјаснено..