уф,многу сум изморена .Почнав да трчам и шта да ти причам,се ме боли .Ама ако,треба малку да се стегнам
Ми се спие цел ден и ме боли глава...ќе почнам да верувам дека враќањево на сказалките назад има влијание!
После две ипол години ете ме и јас настинав. Па можам да напишам дека се чувствувам немоќно, организмот ми е слаб, ми се тресе секое атомче и постојано кивам. Од другата страна се се среди. После недела дена војување со проблемите кои ги имаме ете се вратив во колсек. Повторно лесно ми доаѓа сонот. И иако испадна дека ќе е потешко од што си замислував не сакам да се откажам. Работата ќе ја најдеме и јас и тој, само да останеме ние цврстите Јас Ние. Моментално сум во оној период кадешто е тешко да се снајдеш. Спобркано ми е се. Го видов него како успеал да реализира дел од својот сон, да живее во мало малечко место во Фрнација. Тоа беше и сеуште е мој сон. Можев да сум таму со него. Но ете не се одлучив на сето тоа. Не го љубев. Можеби да му дадев шанса ќе се вљубев во него. Неговиот прототип е мојата вечна желба за она како наликува љубовта. Но не го љубев. Оф контрадикторноста ме ранува. Сонував змии, големи, огромни. Будење! Промена! ... Од кај да пооочнам? Моментот кога се ти се допаѓа кај некој, и како изгледа и каде бил, и што прави, и како тоа го прави - но ете не го љубиш. Љубиш некој сосема друг. И тој кој што го љубиш е до тебе. А ти е тешко. Бидејќи неможеш со твојот љубен да стигнеш ни педа подалеку. И се замараш со луѓето кои ти дишат во врат. Поима немаш како да станеш медиокрет, да фатиш врски за работа и да останеш тука. Трагично или не ама ти не ни го сакаш тоа. И се повеќе се ежиш кога ќе слушнеш некои ограничени умови како се среќни затоа што се средиле и двајцата, си земале кредит за стан и тука завршува нивниот живот. Наредните 5 децении им се испланирани дека ќе го работат тоа, ете ги и децата, сопствениот стан, мајката - свекрва дадилка . Страшно. Ебате умовите кои се како пијавици. Се лепат за моќникот, го цицаат и лижат само за да дојдат до својата досадна ама загарантирана плата. Е тоа е.
И покрај се, и покрај тоа што едно добри два саата беа баш за никаде, на крајот на краиштата, повторно сум среќна, весела и со насмевка, но не само на лицето, абе срцето ми се смее
Меѓу луѓето има и добродушни искористувачи. Толку се добродушни што ќе ти е жал дури и да им влепиш во лице дека се ништо повеќе а, искористувачи. Добродушни се,ипак. Со сета душа го прават. Утре ќе е ден на насмевки. Така прочитав...да не се секирам за денеска и за вчера и за деновите пред тоа. Утре ќе е насмеан денот. Се трудам само да се потсетам. Ќе си легнам. Утре е пролет.
Преморено како да сум копала 1 хектар нива. Со оглед на тоа што сум разбудена од 11, а уште не сум станала од кревет. Мрзеливо, како претепана, со болки во грбот и капак на тоа нервозно. Г.... кај си од сабајлееееееееееее, леле ко че си дојдиш
Се чувствувам пааа моментално ок онака, малку ме печат очите ми се спие. Кога сум на работа ми се спие ми се плаче и секогаш си викам ахам кога ќе си појдам дома ќе отспијам еден саат, наместо тоа јас кога ќе си појдам дома јадење одма, па чистам... с с с с
сега во моментов се чуствувам многу чудно, како да имам трема. како нешто треба да се случи. рацете ми се тресат, срцево ми е возбудено... а незнам зошто