МасдбиуасдасихгсњкасдфасндфднАКДМ! Штознам... чудно. Глупаво чудно. Станав демек еден час порано и ништо не направив. Отидов на факултет, си заминав порано. Се вратив дома и ништосувам веќе неколку часа. И не ми се излегува, не ми се прави ништо, не сакам! Не сакам, не сакам да бидам ѕвонулка! Тапа ми е и очекувањата ми се во минус и мразам да правам работи кои ги правам со сила. И најмногу мразам кога самата си се терам нешто што не сакам. Се чувствувам мразачко ништосувачки.
Станав ептен расположена, иако денот не беше којзнае што, сепак си го завршив таман, совршено со насмевка
После толку лоша половично преспиена ноќ, после сите обврски дома, на факултет, па на роденден, а на крајот како завршница - час по пилатес, се чувствувам како слон да ме прегазил. Ме боли секое мускулче на телово за кое не сум ни знаела дека го имам, главата никогаш досега не ми тежела толку и ми се спие. Едвај чекам да се фрлам под туш, а после и во кревет. Колку беше долга оваа среда...