Душичка...И јас ја имав истата приказна.Луѓе од сите страни,кој вака зборува кој така,човекот кој најмногу го сакав го оставив заради влијанието на моите родители..имав само 16 години,почнав да излегувам да се забавувам и како што викаш сфатив дека не е само тој,но со тек на годините како што изминуваат почнувам да сфаќам дека сум згрешила и дека едино он ме сакаше најмногу. Чудно.
Кој да крие? Тешко ми е! При очи ти си слеп, ме гледаше, а не виде. Било судено да не биде, не биде, мило мое. При очи ти си слеп, ме гледаше, а не виде. Било пишано да не биде, не биде, мило мое http://www.youtube.com/watch?v=-fDxk7s7lyo Damn it
Периодов ми е влези-излези од дома, буткај обврски во дневната агенда небаре денот има 48, а не 24 часа. И стандардно нели си кратам од сонот, малку по малку, за да се сведам на минимум часа недоволни за да ме исполнат со енергија. Денов беше ужасно многу долг. И еве ме сега со полу исушена коса, пијам чај со мед и пребирам низ мандарините за да си најдам некоја со сликичка. Изморена сум, ама премногу. Ми треба одмор на планина, ама пусти нека останат полагањата што ми го пореметија планираниов викенд. Цел месец ќе го планираш, за на крајот да ти стигне термин за полагање баш тој викенд. Па барем нека се исплати.
Ко од сите четири страни зидови да ме притискаат....Се осеќам ко да ми снемува време...Изгледа јас неможам нормално да се осеќам
Чудно и неразбрано....по милионити пат истите кавги со мајка ми, жената почна сериозно да се загрижува за мене и да ме убедува дека треба да се сменам карактерно. Одбива да сфати дека сум со поинакви цели во животот од мнозинството и тоа ја плаши.....а како последица на тоа јас не можам да се дефинирам себе си и да бидам тоа што сум. Кога се спомнува темата вегетаријанство мајка ми претрпува панични напади, цела куќа се крева во воздух. Почнуваат предавањата за синџир на исхрана и како јас не можам да го променам светот...светот не, али себе да. Како тоа наместо да се фокусирам на факултетот, по цел ден сум дремела на нет на страната на Анима Мунди и се потресувам, според нив "без потреба". Не не се тие нехумани луѓе, баш од нив ја имам наследено љубовта кон животните, дома чуваме куче кое премногу го сакаат сите но уверени се дека сум....преоптоварена со таа тема. Им смета фактот што ги сакам животните повеќе од луѓето. Еднаш пробав да ја отворам темата за формирање на прифатилиште за беспомошни животни, затоа што ми е преголема животна желба и ќе работам на нејзино остварување, одговор добив дека залудно ќе се трудам и дека тоа е невозможно....а зошто? Да, патам и од чести главоболки и анксиозност но причинителот за истата ја бараат во погрешен извор.....се уморив од целава ситуација, се уморив........