Засега се осеќам доста добро,си слушам музика и доручкувам забавувајќи се на форумов. Времето е убаво,планирам да се облечам во бело(доста е веќе црно, не значи тоа дека рокерите не смеат бело да носат) па да одам до факс да видам што има ново. се сетив сега на една песна од Бјело Дугме-Шта има ново? бтв добра песна! Сега ми остана уште да видам дали и кога ќе игра мојот тенисер денес па да видам што ќе направи... Али претчувствувам дека ова ќе биде убав ден па да уживам,не ми останаа уште многу вакви слободни денови Пријатен ден на сите!
Super se cuvstvuvam... pred se odmoreno, naspano... edvaj ceka da odam doma, da si go poljubam maz mi edvaj cekam da se stemni i da legnam... i da... aj VAZNO SUPER SE CUVSTVUVAM!
Nikakvo.....iznervirana od premn obrvski so skolo i sve doma so problemi.mi kasni menstruacijata a custvuva deka trebat da dobijam veke dve nedeli ali nisto....zna4it onaka bzvz
Денес од кога станав не се чувствувам баш најдобро, некако сум настинала ама во секој случај полна со емоции и работи кои ги посакувам во моментот а знам дека нема да ги имам баш сега, мозеби за неколку дена, но ќе видам дали и тогаш ќе ги имам....
Неописливо, можеби ќе звучи чудно, но има вакви моменти кога незнам како се чувствувам некако недефинирано, можда дека помалку ми се спие од 6 да станеш незнам дали ќе знаеш како се чувствуваш, знам само дека ни сум среќна ни тажна некаде измеѓу сум.
Работно,разработено,ентузијастички сум настроена денес.Ми се чини дека влегов во филмот на добра и примерна девојка,сега засега не е лошо и се надевам ќе потрае.
Прекрасно! Си го видов Сонцето Два пати. Ах колку проклето добро изгледа во таа негова кола Малце нервозно. Ми пропаднаа некои планови.... Али ајде, може да се одложи за друг ден.
ОДЛИЧНО! Како кога почнуваш нова диета и си така самоуверен , полн со надеж и енергија, мислиш сите вишок kg и салце ќе ги стопиш за еден ден!
Лошо... со главоболка. На сите им се дерам само и сите ме нервираат, а и сама себе се нервирам. Да можев ќе си излезев од кожава.
Притисокот ми варира,не можам да си ги намоткам уредно клопчињата...ми се спие цело време. Боб Марли по ѓаволите,времето е тешко за дишење во било кое значење на зборот.Си тежам сама на себе и неорганизираноста,а ене го рокот. Ми фали културна слобода,жими очи,ми фали и некој денар,ама не од моите дома,мој,само мој...ама си ги потрошив...сега ќе чекаме почеток на месец. Утре ќе си купам патичиња,мхм! Не јадам,се дебелеам,го утнав времето за апчињата и ете го резултатот...а тамам се радував на слабичкото и убавото,а сега се надував...а вагата кажува само килограм и пол плус...а тек поише,коса ми се крева. Ми се пие кафе на Ленинова од инает,не за приказ,ами во тренерки и не во кабриолет,туку во мојата замислена,шарена буба. Пред да се даваат визи инсистирам на тест за интелигенција и сите шизофреничари да не се социјализираат премногу,зошто кога ќе се спојат плус и минус...пердуви летаат,а особено па оние со поголема доза на егоцентризам... Доста е од политика,доста е од пробни балони,доста е од притисок...јас мислам дека е доста од се,да застанеме,да се одмориме,да оладиме,па да продолжиме... Дома сме добри сполај му на господа...со потврда,потпис и печат,добро де,освен јас...со вакво здравје до 40ка само,никако поише...ама најважно ми е моите што ми се во тип топ состојба! Водам борби со лавови...оние во мене...а и хороскопски многу ми доминираат во наталната карта...и имаше право копилето хороскопско,меркур,ретроградно во поле на комуникација и не знам која куќа таму!Да се среди под итно таа ѕвездена констелација да не јадете ќотек вие ,о вие...хммм...вие...па не знам кому му се обрќам. Поздрав форумџики... Лил
Недоквакано Така вика една моја професорка за денешниве генерации. Па, ете во право е. Вчера бев на Боб Марли цел ден, откако прво на колоквиум триумфира мојата глупост и филозофија на празнопишувањето Толку глупости немам никад траскано на колоквиум! Ма да знам дека ќе положам. Во парк, пиво, куп другарчиња, троа фејкеришта, троа дрољетини и будалетини, и така. Секоја година исто. Дадов изјава за Сител. Баш сум attention freak! Друго, тоа. Ужасно ме нервира мојов, ама ќе почекам уште ден два. На 23ти правиме година. Е, ајде де. Страшно. Патем, ги сонував вујко ми и братучед ми, се барале меѓусебно, плачејќи. Ме вознемири сонов многу, со оглед на тоа дека секогаш ме плашат познати личности во сон. Особено ако плачат. Јадам карамели, стомаков се буни. Гравче тавче за ручек, надвор дува ветер и ми ја вее плавата спаваќа што баба ми ја везела сама. И ми ја подари во седмо оделение. Уште ме збира. Тогаш ми беше три броја поголема. Несреќна сум, генерално, ама жива и мрдам, и добро ми е. Не може повесел песимист да сум денес Поздрав жени Шилеа.
Кулирам. Моментално кулирам од се живо и диво. Само мачето мое (не метафорично!) си го сакам.. Не се замарам , иако петок ми е претерано напорен ден. Ќе мине и тој , што не е поминало. "Минат денови , минат години , минат месеци , се мине , само мојта глава не мине , ем апче се напи"- Тачката. Ми прилега во моментот. Ми дојде мензис , а не го осетив. ?? Ги гледам луѓето и си мислам ЕЈ , ЗАПРЕТЕ ,ДЕКА СТЕ ТРГНАЛЕ ? ДЕКА БРЗАТЕ? Како некој да ги бутка нанапред , побрзо , побрзо , па уште побрзо. Ма остај ги. Како во некое бунило се . Па што ако ? Да им помогнам ,не бива , не сакаат. Да им ја укажам грешката , ке ме сметаат за тринаестто прасе . Па тогаш што ? Но да се вратиме на моето ’кулирачко’ расположение. Ми е убаво , искрено да ви кажам . Ајде доста ви е од овој мојот говор. Ке го завршам со фразава: И да се биде сингл не е лошо ако знаете да си поминете убаво. Поздрав женски Кери.