иии конечно после толку ненаспани денови денеска убаво си се наспав денот ми е прекрасен се чуствувам некако свежа а и со либето не сум се видела па денеска ќе си се видам и ќе си го гушнам
Се викал Диоген, го презирал материјалното, и често пати шетал дење со запален фенер, и го барал Човекот ...
Издадено, изневерено.. Луѓето се безчувствителни животни. Ова е еден од деновите кога си помеѓу толпа луѓе, а се чувствуваш осамено. Немам никој, и тешко ми е поради тоа.
Многу среќно! Едноставно се се случуваше како што треба. И некои неочекувани работи кои многу пријатно ме изненадија. Се надевам дека ваквото расположение ќе се задржи.
Изморено,под стрес од училиштево( да го удри гром да даде Господ -.-),ненаспано...за нигде,со 2 збора.
И покрај облачното,магливо и студено време,чувствувам дека ме обзема сончева топлина.Би сакала и вие да ја почувствувате пријатната еуфорија
Нервозно,многу нервозно Секогаш избувнувам кога некој ме прави будала за нешто што сум во право и после се каам. И многу е жално што како растам се повеќе сфаќам дека секој се прави од корист. Сите се со тебе само кога им требаш.Всушност сите те искористуваат. Мислев дека ова е присутно кај повозрасните,ама еве на само 14 години можам да го приметам ова
Чудно некако. Не можам се‘ уште да се привикнам на новонастанатата ситуација. Не дека ми пречи, не дека ми е непријатно и незгодно, туку... само чудно. Ај, ќе ми помине Денес сум цела мераци. Задоволна сум од самата себе, задоволна сум што гледав толку насмеани лица пред себе, желни за соработка. Лица кои во тебе гледаат пример и авторитет.Едно ново и прекрасно искуство за мене, камо вакви да ми бидат сите. Абе полна искуства сум во последно Ова вечерново не е ништо ново Спојлер учење во 5 до 12 was always my cup of tea , ама секогаш е исто возбудливо.
Како на крила да сум!!! Многу сум возбудена! Едвај чекам Феликс да наполни 2 месеца за да се шеткаме.
Секојдневно Ова маглава ме нешто посебно ...... И дај нека престанат сите да се жалат дека немало новогодишна атмосвера