Глупаво, бескорисно... Речиси секогаш се чувствувам вака во недела, денот што одсекогаш најмногу го мразам...
Уморно, преуморно Како да ме прегазил камион. Не можам снагава да си ја одморам од што сум константно преморена. Цело тело ме боли, буквално секој мускул и секое ковче. И 12 часа да спијам, пак се' ме боли. Уморна сум, ми се чини вечно сум уморна Сакам да се разбудам одморена, после последниве 2-3 месеци повторно да се почувствувам одморена.
Денес се чувствувам ЕКСТРА! Секој ден се повеке и повеке ми се качува расположението со тоа што се ближи мал одмор за нас учениците...
Па, добро. Синоќа воопшто не спиев па сум многу уморна и не отидов на школо :/ Сега така си лежам и си дремнувам
Цел ден одложувам нешто, ај сега, ај после, ај утре... И вака ко Ленард, од кревет на кревет. Значи супер ми е.
Убав ден поради тоа што си поправив една оценка, онака освен тоа денот ми е утка. Искрено мислам дека треба да си талент да се успиеш за школо втора смена, ете како се слабее... трчи до школото.
Уморноо....цел ден учам ,ова,она дај боже "пеколнава недела" да заврши побрзо ,понеделник ,а ја ко вампир сум станала Уште 4 дена Сега одам на спиење
Ненормално нервозно,преморено,изнервирано,депресивно. Ми фали нешто кое ќе ме расположи и одмори истовремено. Ми иди да талкам по улици така. Без да ми биди гајле за се.
Да ми е здрава и жива Цим, овие два дена само ме смее. Тома сме го распуштиле на цел глас, сите песни ни ги знае, се залеваме со пиење и така. Кафана ала Цимерките
Прво бев само изморена, после тоа бев тажна, после тоа бев нервозна, после тоа бев среќна, после тоа бев тажна повторно, пред малку бев исплашена, сега ми е океј, релаксирано.