Криза у мускулите од вчера али добар сум се држам со добро музиче еве се припремам сега од пет пак на трчање јеа се враќам у форма
незнам ни самата. Среќно. Тажно. Па пак Среќно. Сега сум нервозно , треба да учам , а ме боли искрено за се .. Ма шта је ту је . Ја сакам фри највеке на свет , иако е за интер заебан е светов , ептен . Би дала се , сега да се најдам на Ибица со згоден типац покрај мене. Ја сакам и Лилит со нејзините искрени долги реферати , кис лил Не ве гњавам денеска со моите доолги текстови . Поздрав женски, Кери.
Како се чуствувааам? Ах како бебе некое,избањато со бекутан,па плус млеко за тело од бекутан и транзицијаааа,дремка ме фати,ах... и решив од сега натака само бекутан ќе користам ништо друго,доста беше со тие палмолајв,нивеа итн.Мислам дека е подобро бекутан море ама промени на шапони правам,кој е како мене хахаха,ама што да правам,кога од некои главчево ме чешкаше
Станав у 7 ипол , добив , ни една коза не ми е на место .. жешко ми беше , се осеќав испотено на газот и мислев ми отишло кај што не треба. Ме изнервира дечко ми али за тоа во друга тема , па во школо ме изнервираа и сега мајка ми .. ми се плаче многу , не сакам никој да видам ..
Очајно... Секој дел од телото ме боли и мислам дека ќе се распаднам. Ако ви се верува немам легнато од вчера од еден саат попладне. Ме пукаат ненормални кризи и само се надевам дека ќе издржам до единаесет вечерва
денес се чувствувам паааа, предматурски... цел ден симнував музика од нет за матурата, некој македонски народни песни на мајка ми што и се у срце, и некои српски миле китич и тако даље па и помагав на мамичка валкав колачиња, бомбици во кокос и во ореви, многу сум вредна... сега ја чекам некоја смеса прави за рафаело, па ке одам пак ке ги валкам а да, и вечер треба после долго долго долго време од книга нефаќање, да учам 10 страни од кој што поима немам ни за што се работи, ама ајде ке биде, можам јас тоа, сум учела и многу повеќе од 10 , само ептен ми е без везе вака 2 дена пред крај да учам ама така ми е кога учам у тоа школо
ах моментално чувство на носталгија кога го прочитав ова се потсетив на моите подготовки за славење дома...иако несакав такви глупости...моите запнаа и роднините дојдоа и ајде фешти ама за среќа во нормални размери а за школото јас славев во петок матура, а правев писмена во вторникот....така што мноооогу добро знам како ти е....јбг помина па сега малку ама само малку носталгија ме фаќа
лелеееее, јас подобро да не си кажувам како се чувствувам како некоја која само леже, јаде и се дебелее да! така се осеќам, дебело ќе треба малку физичка активност па ни кафе не сум пиенааа лелеее ама во суштина сум си ок
Ќе кажам само ПРЕКРАСНО Уживам.Волку организиран ден не сум имала до сега. А и крајов дојде како јаготка на шлагот... Ах колку би сакала да се вратам неколку години назад...
Како денов да трае вечно! Станав рано, беспотребно, денгубев, па шетав низ центар, дојдов дома, средував низ соба, пиев кафе со другарка ми, стопати се преоблеков, сфатив дека имам 5 кила вишок од пред 6 месеци и се изнервирав, не вечерав, за после тоа во 8ипол да си купам четвртина бурек, идиот невиден сум, и сега дремам на нет зошто сакам да разговарам со него на мсн а него го нема. Не сакам да му се јавам, сакам он да ми се јави Леле, бре дај нека поминат тапастиве денови... Ќе аплицирам за работа во Порто или Лисабон... Едвај чекам да видам што чудо е тоа. Моиве планови немаат крај, а богами ни почеток Али барем се надевам... Три точки, мразам! И завршувам со извичник! Чао!
значи толку осамено не сум се чувствувала лелеее не памтам од кога, и тажно ама еве Лижавчето ме насмеа во моментот и баш е срцка и затоа си ја сакам еееептен многу