Расеано, мислите на сто страни. Сега си размислувам и конечно сватив, арно ми раскажаа некои работи ама требаше малку порано. Како и да е идемо даље
САМОПОТСЕТНИК: Добро што ти е? Прекини! Смири се! Диши длабоко. Долго чекаше на ова, совршено си среќна, уживај во тоа, престани со ситници да се малтретираш, се измачуваш себеси, те сака само тебе, ни А., ни М., ни Е., никој друг не е битен разбери. Вака ќе го изгубиш... Уживај, радувај се, живеј ја среќата! Насмеј му се, направи го среќен, а не да го нервираш непотребно. Тебе те избрал од сите, направи го горд на својата одлука. Сакај го. И вакви испади веќе не. Смири се, преземи ја контролата врз себе, немој да губиш разум. Кога и да си под стрес, потсети се на неговиот израз на лицето што го има кога те гледа тебе, како те бакнува цело време, како те гали цело време, како те гушка цело време толку силно небаре ќе се скршиш, како те гледа додека ти мижиш, и го осеќаш неговиот поглед.. о како го осеќаш. Зашто го сакаш повеќе од се, и јас те разбирам, но тој страв да не го изгубиш најсаканото е отровен, сама се труеш. Уживај во љубовта и животот со него будалче, ова е once in a lifetime... http://www.youtube.com/watch?v=vEVcN177l-s
Ко да ме прегазил воз. Грлото ме боли и од двете страни, кивам, куќата ја кревам, кашлам... се’ ме боли, труам на викс.....
Искрено среќно, со мал мамурлак и голема потреба за вода. Со надеж за убав февруари, малку пократка коса и желба оние кои ми пишувале хороскоп да ми погодиле.