Тажна сум. Немоќна да направам нешто да ја спасам врската, и тоа многу тешко ми паѓа. Згрешив, и сега нема назад. Можев само да признаам, и откако го направив тоа, него го нема два дена. Цели два дена не сме се слушнале воопшто, а тоа до сега никогаш не се случило.
Како онаа играта со цвеќето:ме сакаш-не ме сакаш....понекогаш неговите погледи ме збунуваат...Де ми се смее,де ми игра Чичко Гној од Адамс Фемили....Сума сумарум на тоа како се чувствувам денес? Збунето-заљубено заради ТОЈ ,пресреќна заради победата на Лејкерси над Филаделфија ,уморно заради училишните обврски пусти да останат....И сега вкупност? Мешаница...Се измешаа сите зачини во манџата
денес се чуствувам ужасно лошо и ненаспано, цела ноќ око не сум склопила, цела се потресов- во 02 часот цело маало бевме под узбуна, почина една комшивка-бог да ја прости, баш од спротивно од мојата куќа и не дели буквално едно патце од 2 метри, живеам на 2 спрат и прозорците ми се насочени се кон нивниот двор, баш тие од кујната и дневната соба---секој поглед натаму упатен е ужасен-го гледам ковчегот -капакот и венците, луѓе во црно едноставно ужасссссссс.......еве сега ке одам кај тетками да спијам, неможам главата ми експлодира веке.....