Ме нема на форумов и ми ја заклучиле најубавата тема “Сакам да кажам“ , секогаш ми беше до мене кога сакав да и се доверам , но нема веза нешто ако сака да се каже ќе се каже било каде па макар тоа да биде и на „како се чуствувам денес ? Јас денес се чуствувам подобро од вчера со неколку позитивни работи како на пример се ќе се среди , се ќе помине ,се ќе биде во ред значи се тешев сама иако очекував некој друг да ме теши , но нема веза што е тука е несакам веќе да се жалам , зошто тоа мое премногу жалење во животот ме однесе далеку од себе си па затоа полека полека се враќам. И денес е Валентај - денот на залубените . ХА ! И знаете ли што е најголемата иронија во овој ден за мене сега , дека на овој ден сфатив дека сум се лажела самата себе си , но не сакам сега да коментирам за тоа , не преферирам повеќе да планирам , зошто ништо не оди по планот секогаш се случува тоа што не си го помислил , па затоа што е тука е ... Среќен валентин на сите заљубени , и на тие што имаат некој ! За мене само за некој што имаат некој до нив ..... P.S И се чувствувам по малку дека сум ѓубре до дека го пишувам ова но сфатив дека колку што повеќе одам против себе се повредувам и измачувам за да им угодам на другите , си ја сфатив грешката , после еден месец лажејќи се самата себе си , можеби сакав да се заљубам , но ништо не ме натера тој за да го сторам тоа.
Прекрасно. Едно што е петок, па и Св.Трифун. Планирам подоцна да се опуштам со некоја добра книга или филм и чаша црно вино (да прославиме де). И честит празник.
Што да ви кажам никогаш поубаво и посамоуверено не сум се чуствувал,незнам дали е до празникот љубовден или виното,но без разлика нека потрае ако не повеќе барем уште 100години,не барам повеќе.
Прекрасно. Одамна не сум се чувствувала толку убаво. Не знам до што е. Можеби бидејќи е викденд, можеби заради сончевото време или пак затоа што после неколку месеци барање, најдов добра аниме серија за гледање... :geek:
Како на едно пет-шеснаесет столици да седат. Бидна интервју за Дојчландија, чекаме за месец дена резултати. Бидна и праќање ЦВ за некоја работичка и од тоа чекаме резултати. Чекаме и да добиеме за да правиме анализи за резултати. И тоа чекаме. Си олеснав малку денес, како делче од една работа што долго ме мачи и знам дека уште ќе ме мачи. Беше неочекувано, во прв момент ме потресе и сега сфаќам дека ми требаше. Ме мисли уште една петта работа, еден мушкарац што ми ги шета мислите, што мислам недела дена го сонувам доста редовно. Се радувам што сум се подзатегнала, што имам неверојатна желба за вежбање, младо момче во екот на силата и желбата за теретана мислам не ми е рамно. Се радувам што за три месеци ќе го завршам она срање од образовна институција и дека конечно ќе си ги отворам крилцата. Или вака се тешам, мислам и тоа не се исклучува. И така, секојдневно си вртам околу столициве и се мислам на која да седнам дента. Де ваму, де таму. Некои удобни, некои бодат каде што не треба ама ете ги, во круг наредени.
Ми се мочка Одамна го немав ова пишано на темава Уморна сум, отепана. Спиев до доцна, шетав.... биоритам комплетно нарушен. Јадам еднаш до два пати дневно.... ни сама не знам што јадам. Морам да се вратам во колосек. Добра ноќ.
Малку расеано, ама сум имала и полоши денови Времево во мене буди некоја позитивност и ентузијазам.. Coldplay трешти, гајле ми е дали некој спие. Јас се чувствувам прекрасно!
ЕПТЕН СРЕЌНА... ми се пружија големи можности да мрднам од МК а и земав прво место во еден конкурс за расказ.Прва во градот..Fuck YEAH