Како се шминкате?

Discussion in 'Лице' started by swrcii, Jul 18, 2013.

  1. swrcii

    swrcii Нов член

    Joined:
    Jul 1, 2010
    Messages:
    723
    Likes Received:
    272
    Епа вака не видов ваква тема ако има затвотете ја.
    *Овде ке ја опишуваме постапката на шминкање,кога ке застанете пред огледало што нанесувате, како нанесуваште,што пред,што потоа секако кога комплетно се шминкате.
    *Еве јас ке започнам: Прво ја собирам косата во реп, па се мијам лице само со вода.Потоа и ставам крема за лице(за замена за подлога) и чекам некое време да се впие. Потоа почнувам со нанесување течна пудра, ја нанесувам рамномерно (користам пудра за сува кожа а камена не користам бидеки ми е сува кожата) и оставам некое време да се впие и да се подсуши. Потоа земам моливче за очи и нанесувам на горниот капак тенка линија. Послем тоа ги средувам вегите со четче и моливче за веѓи. Потоа нанесувам маскара, па руменило само на јаболчниците. На крајот ставам молив за усни по краевите на устата и во внатрешноста кармин.
     
  2. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Joined:
    Feb 20, 2012
    Messages:
    658
    Likes Received:
    340
    Исто и јас косата ја тргам на страна да не ми оди во лицето како и шишките. Прво нанесувам крема за лице а потоа течна пудра низ целото лице како и на очните капаци. На очните капаци нанесувам прво кремаста или бела сенка потоа се шминкам во зависно од пригодата некогаш само туш, некогаш smokey eyes. Ставам руменило на образите и накрај кармин или сјај а некогаш и двете :)
     
  3. Barbie07

    Barbie07 Популарен член

    Joined:
    Apr 5, 2013
    Messages:
    353
    Likes Received:
    590
    Gender:
    Female
    Најпрво нанесувам подлога за шминка на лицето.Потоа ставам течна пудра,па коректор на местата каде што е потребно,и поминувам со камена пудра одозгоре.На очите нанесувам туш(најчесто гел туш)и потоа маскара..На устата нанесувам кармин или сјај,а понекогаш и двете во комбинација и завршувам со руменило..Ова ми е за секојдневно излегување.Понекогаш преферирам smokey eyes,а понекогаш знам да се нашминкам и понежно,односно со сенки во неутрални бои..Се тоа зависи од пригодата.Често знам да се нашминкам со црн туш во комбинација со црвен кармин,најчсто кога излегувам во дискотека,но најчесто се шминкакм како што опишав нешто погоре односно тоа го преферирам скоро секој ден,кога сум денски излезена безрзлика дали е тоа кафе,шопинг и слично... :)
     
  4. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Joined:
    Jul 2, 2012
    Messages:
    1,597
    Likes Received:
    2,987
    Gender:
    Female
    Подлога за шминка,течна пудра,коректор,камена пудра само по потреба(тоа е мнооогу реткоо).
    Маскара,сјајче или лабело,и тоа.
    Кога треба да се шминкам за посвечени пригоди,истата постапка со пудрата,линија туш или креон под очите и црвен/виолетов кармин,и обавезно малце руменило.
    Мноооогу ретко ми текнува да ставам нежна сенка и розево карминче. :rofl:
     
  5. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Joined:
    Feb 15, 2013
    Messages:
    865
    Likes Received:
    6,618
    Gender:
    Female
    И јас ја тргам косата на страна , ставам прво make up starter од nivea чекам минута две , па нанесувам течна пудра , порано користев и камена сега откако ја користам ревлон немам потреба за тоа , потоа ги затемнувам веѓите со сенка зошто поприродно изгледа отколку со моливче , потоа ставам некоја кремаста така понеутрална сенка на поголем дел од капакот , а на горниот дел ставам бела за да изгледа поголем визуелно , потоа ставам некоја сенка во боја , на крај финиширам со црна , сенчам со некоја потемна , маслинаста ,сива каква било за да не биде само строго црна и линија , потоа ставам туш па маскара , понекогаш врз црниот туш ставам и онаков со светки , после ставам и руменило и на крај нели кармин , во последно време ми се допаѓа омре на усните како изгледа па си практикувам и тоа , секако ако очите ми се посуптилно нашминкани , ако се појако некоја посветла нијанса понеутрална и така :D
     
  6. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Joined:
    Nov 19, 2009
    Messages:
    6,019
    Likes Received:
    14,834
    Gender:
    Female
    Крема за лице, римел, туш за очи и лабело. Ништо повеќе :)
     
  7. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Joined:
    Nov 26, 2012
    Messages:
    5,596
    Likes Received:
    5,940
    ја собирам косата да не ми пречи..го мијам лицето,забите...нанесувам крем,потоа пудра,па руж....ставам сенка/туш,римела,креон....отцртувам усни,карамин,сјај и ја пуштам косата ;)
     
  8. EleonoraLovato

    EleonoraLovato Истакнат член

    Joined:
    Dec 26, 2012
    Messages:
    683
    Likes Received:
    676
    ставан крема, па коректор на подочњаците, малку ги цртам веѓите, ставам туш, маскара и бронзер :)
     
  9. beliver

    beliver Истакнат член

    Joined:
    Dec 17, 2012
    Messages:
    151
    Likes Received:
    59
    Gender:
    Female
    најпрво ја собирам косата и го миам лицето и нанесувам хидратантна крема. потоа ставам пудра, потоа коректор на мозолињата, потоа со бел корекор го осветлувам делот под очите на врвот на носот до средина на челото и под устата. потоа со бронзер правам контури на лицето но не секогаш зависи од пригодата. после ова нанесувам камена пудра.. потоа ставам подлога за сенка за очи и ставам неутрална сенка. потоа ги средувам веѓите, ставам руменило и маскара, понекогш и сјајче и толку. за сео ова потребни ми се едно 10-15 минути!
     
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Joined:
    Jul 21, 2011
    Messages:
    4,464
    Likes Received:
    7,843
    Gender:
    Female
    Почнувам со најсветла сенка за очи, потоа најтемна и средна нијанса. Смоуки ајс речиси секогаш. Размачкувам со четче, ставам креон и маскара. Потоа си ставам течна пудра, па камена пудра. Следно е руменило, бронзер не ставам зошто многу сум бела. Над руменилото хајлајтер. Си ја цртам устата, ставам кармин и тоа е тоа. :) Карминот ми е нежно розева боја. Ако ми се помалку истакнати очите си ставам црвен кармин. :D
     
  11. devojkaa86

    devojkaa86 Истакнат член

    Joined:
    May 13, 2013
    Messages:
    85
    Likes Received:
    15
     
  12. devojkaa86

    devojkaa86 Истакнат член

    Joined:
    May 13, 2013
    Messages:
    85
    Likes Received:
    15
    каков хајлајтер користиш?
     
  13. xoxolea

    xoxolea Истакнат член

    Joined:
    Aug 4, 2013
    Messages:
    57
    Likes Received:
    79
    Имам само 15 години,мислам дека сеуште ми е рано па искрено,избегнувам да се шминкам :)
    За излегување понекогаш може само моливче и сјај за усни. Пудра не користам затоа што имам чиста и нормална кожа и ретко ми се појавуваат мозолчиња или црнки.

    Но,за мојата полуматура сама се нашминкав,и мислам дека така ќе продолжам понатаму ...Имам дреч зелени очи,онака баш зелени,па затоа што на нив стои тиркизна и виолетова сенка,нанесов (измешав) светлосина и темнозелена мат сенка над капакот. Бидејќи имам темен тен избрав кармин со боја на праска,но не многу дречлив. За да ги истаснам очите,користев црно моливче и маскара за волумен.
     
  14. kim.k

    kim.k Популарен член

    Joined:
    May 14, 2012
    Messages:
    1,724
    Likes Received:
    14,468
    Gender:
    Female
    прво го мијам лицето, па ставам крема
    чекам малце да се впие па ставам коректор околу очите и на некои одредени места ако има потреба :) потоа ставам течна пудра ја нанесувам со четка бидејќи така ми е по уредно, ставам малце камена за секој случај да не се разлеам, понекогаш ставам туш но поретко, потоа маскара, руж, лабело и мноогу малце кармин за да не ми биде бледа устата :) знам дека е многу :worried:hock:
     
  15. hristijana-13

    hristijana-13 Активен член

    Joined:
    May 6, 2013
    Messages:
    23
    Likes Received:
    2
    Прво си ставам крем, потоа коректор, маскара, светло розов кармин или скај и моливче ...За некаде посебно, обично си правам black smokey eyes
     
  16. karenin

    karenin Популарен член

    Joined:
    Mar 8, 2010
    Messages:
    1,426
    Likes Received:
    2,172
    Никако!
    Се зафркавам.

    Мислам ставам крема, пудра, лабело, кармин и маскара.
    Пред некое време намерно си порачав сенки за очи од Амерка мислејќи дека кога ќе ми бидат дома ќе почнам да ги користам. Но ништо од тоа.
    Летен период си ставам само кармин и лабело.
    Кога одам на отмени вечери, свадби и така посвечени забави целосно им се предавам на рацете на сестра ми. Таа ме шминка.
     
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Staff Member

    Joined:
    Mar 1, 2010
    Messages:
    19,102
    Likes Received:
    109,038
    Gender:
    Female
    Прво нанесувам течна пудра , па сенка за очи (често не користам) па секогаш туш , маскара , па камена пудра , руменило и на крај карминче
     
  18. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Joined:
    Jan 27, 2013
    Messages:
    665
    Likes Received:
    316
    Прво лицето го пијам со сапун за лице, ставам крема за лице, ставам коректор за околу очи, па ставам тенка црта креон на очните капаци, ставам пудра, ставам маскара и на крај ставам моливче за усни, не ми е нагласено само малку боја да им даде на усните и одозгора безбоен сјај за усни. :) :*
     
  19. Dimkovska123

    Dimkovska123 Истакнат член

    Joined:
    Jan 27, 2013
    Messages:
    137
    Likes Received:
    62
    Gender:
    Female
    пудра, креон и римелче :)
     
  20. karina8

    karina8 Популарен член

    Joined:
    Feb 26, 2010
    Messages:
    4,099
    Likes Received:
    5,546
    Зависи и од пригодата, не е исто нормално дневна, лесна шминка и вечерна шминка. За мене шминкањето е уметност и уживам во тоа, постојано гледам клипови да усовршам некоја нова техника и научам по некој нов клип.
    За вечерна шминка особено ми е мерак да се шминкам, не брзам воопшто, додека пак за дневни варијанти најчесто користам многу малку шминка и кога сум во брзање знам и за 5мин да се средам.

    За навечер најпрво го чистам лицето со освежителен тоник, после минута-две ставам мејкап прајмер. Следува течна пудра, коректор, па пудра во прав. Потоа на ред се очите, најчесто прво ставам сенка во кожа боја на цел капак, што ми е како основа за шминката. Ги средувам веѓите, зашто сакам да изгледаат подебели и со убаво заоблени агли (но сепак да си е природно, не да се исцртани како кловн), па најчесто тоа го правам со кафеава сенка, ретко и моливче. Ставам под веѓите многу малку бела сенка. Потоа почнувам со шминка на капаците, зависи и од тоа што планирам да постигнам. На т.н. waterline на окото, односно внатрешната линија ставам бело моливче бидејќи ги прави покрупни очите. Ако ставам црно под окото, тоа го правам под линијата.. никако внатре. За сенки најчесто користам сива, лила, бакар боја, на капаците сенчам црно во аголот на окото, а на почетокот посветла боја, често бела. Ставам прецизна линија туш, ги виткам трепките и ставам повеќекратно маскара.
    По очите го контурирам лицето, носот го правам визуелно поправилен со кафеава сенка (тоа од туторијали на нет сум го видела), на образите бронзер или руменило.
    Устата во последно време ја правам омбре, на краевите ја исцртувам со црн креон а во средина не, потоа го бришам креонот да остане само малку сенка од бојата и ставам кармин па изгледа како омбре, и тоа го видов исто од youtube.
    вака некако излегува [​IMG]
    Ако ми се многу нагласени очите, знам да ставам само некој неутрален кармин, иако сакам впечатливи кармини.

    За дневни варијанти, малку течна пудра, маскара, туш, руменило и нежно карминче. Толку.

    Не сакам сјаеви за усни што светат и лепат, повеќе сум за мат кармини. Исто не обожавам светкави сенки, преферирам исто мат.