Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како се шминкате?

Дискусија во 'Лице' започната од swrcii, 18 јули 2013.

  1. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    И јас како мимс,различно за секоја пригода.

    За денско шетање: ББ кремче,малку маскара,сјај.
    За во школо:ББ крема,коректор каде што треба,маскара и нежно карминче.
    За на роденден/на свирка/забава:Најпрво поминувам лице со oil control sheets,потоа нанесувам течна пудра и коректор на страшниве подочњаци.База за сенка,потоа сива сенка со црно на преклопот на окото или пак на крај и линија туш и се разбира,маскара.Некогаш и ставам само светла сенка и креон на waterline.Понекогаш и руменило,кога сум бледа.Бордо или лилаков кармин и на крај камена пудра за фиксирање на коректорот.
     
  2. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Кај мене црвениот кармин е задолжителен, кај и да одам. :D
    Иначе кога имам повеќе време и посебно за вечерни излегувања, нанесувам пудра, маскара, туш и кармин во темно лилјакова боја или темно црвена која ја преферирам почесто.

    Classy! 8)
     
  3. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Секојдневно: течна пудра, камена пудра, бронзер, руменило, туш, маскара и моливче за усни па карминче во нежна nude боја, а понекогаш место тоа лабело во боја.

    За излегување: на тоа горе додавам или сенка за очи, или бело моливче, или двете заедно (зависи сепак од тоа каде одам) и обично секогаш црвен кармин.
     
  4. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    После миење лице креми и такви работи иде прајмер (зависи кога кој или лореал или кико или гарниер) после него следи течна пудра со четка ја нанесувам, па коректор на подочњаците. Едно две три минути се занимавам додека ми се упие пудрата и коректорот па ставам камена пудра за да не ми стане паштета пудрата :lol: Следно е бронзер и/или руж.
    Е надање ситуацијата зависи од расположение и пригода. Ако ставам сенки обавезно на капаците ставам прајмер (NYX Milk) па одозгора некои посветли или потемни сенки али секогаш се некои кафеаво беж тонови ретко друго бои, алајнер и маскара. Малку ги пополнувам веѓите не ради боја него ради облик и хајлајтер ставам под нив. На крај кармин или сјај зависи кога како. И фиксатор ако ми треба да издржи шминката подолго. :makeup: :party:
     
  5. NapalenaNinfomanka

    NapalenaNinfomanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2014
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    93
    брзо и едноставно,добро не и баш брзо зш сум трапава па така што знам и со часови да заглавам во тоалет само за да се нашминкам,а за секоја пригода се шминкам вака: ставам течна пудра,ги средувам веѓите малку со моливче,ставам лабело или некој убав светол кармин,и тоа е тоа јас искрено мразам шминкање,и мн малку шминка користам,избегавам,некогаш се случува и понеколку дена така ненашминкана да одам
     
  6. Ketnis

    Ketnis Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    238
    Пол:
    Женски
    Обично за секој ден не користам многу шминка. Малку течна пудра на капакот на окото и одоздола, ако има потреба и на целото лице, ама ретко, малку црно моливче на надворешниот агол на окото, маскара, лабело и моливче за веѓи и да понекогаш туш. За некои поспецијални прилики ставам сенки во некои понеутрални бои, туш, кармин/сјај, пудра, моливче за очи, моливче за веѓи, се разбира сето ова умерено, а не да бидам како торта во лицето :x Се случува по цели недели да не носам шминка. :)
     
  7. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    За на факултет, пудра, руменило, туш и маскара. По желба и сјајче или лабело, а доста често и ништо. :) А за излегување додавам нешто во зависност од како се чувствувам тој ден, а некогаш и ништо не додавам ако се работи на пример само за на кафе. Ако е за вечерно, обавезно карминче, а по желба и нешто на очите и плус бронзер, ама сепак зависи од како се чувствувам. Обично на очите не гледам да додавам нешто ако не е ептен свечена прилика, некако ми го квари влијанието на тушот, а туш обожавам. :lol:

    Знам дека погоре имам коментирано, ама се менуваат размислувањата. :D
     
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Сум пишала за во лето, а за во зима не.
    Ставам првин крема за лице, по коректор, па пудра, па моливче или туш за очи и маскара. Вака сум секој ден кога одам некаде плус ставам неутрален кармин или сјајче, понекогаш и лабелце.
    За ноќни излегувања се шминкам повеќе.
     
  9. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    За денеско кафе или прошетка - прво крема ставам како подлога за под пудра,па потоа ставам течна пудра,моливче во внатрешноста на окото,маскара,туш и ретко некогаш знам да ставам некоја земјена нијасна на сенка и нежно карминче во некое неутрално боиче. За преку ден гледам да имам од се минимално,несакам премногу да го преоптеретувам лицево. А некогаш многу често знам да си излезам и не нашминкана :lol: :$

    За вечерно излегување - прво крема како подлога за под пудра,па потоа течна пудра,не користам камена незнам зошто... :?: :rofl: потоа ставам маскара убаво ги оформувам трепките,моливче најчесто црно (бидејќи имам ситни очи и си се бендисувам како таква,заедно со тушот ми ги изразува повеќе моите јапончести очи иако не е според правилата) избегнувам да користам бело моливче бидејќи мислам дека очите ми ги прави огромни :rofl: :rofl: и потоа продолжувам со со тушот убаво исцртувам,потоа ставам сенки најчесто се шминкам смоуки ајс ( ако воопшто се викаат така ) но најубаво знаам да се нашминкам и најмногу си се бендисувам посебно за навечер со црна,сива потемна и бела сенка. Мислам најубаво ми идат очите до израз. Обично обожавам темни кармини,па во зависност од облеката ставам и таков кармин што најчесто во последно време е некоја потемна нијанса. Не користам руменило бидејќи неможам да си најдам убава нијанса,бидејќи сум ептен бела кое и да ставам мислам дека изгледам како кловн :$ :^) :rofl: :rofl:
     
  10. erica

    erica Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    2.036
    Пол:
    Женски
    Пааа.
    Прво мијам лице па кремче,па пудра,маскара,и на крај сјај за усни. Кратко и јасно :D
     
  11. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Ставам пудра во огромен казан и гњурам во неа,на трепките си ставам опашки од ној,а на устата ставам точно 3.50 кила кармин.
    Кој како мене ;)
     
    На Srckata28 и sweet-star им се допаѓа ова.
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.425
    Допаѓања:
    91.515
    Пол:
    Женски
    Прво мијам и чистам лице. Потоа ставам крема соодветна за мојата кожа. Ставам еден слој маскара и чекам да се исуши, а до тогаш ги пополнувам веѓите или ставам туш. Кога ќе се исуши ги виткам и ставам уште еден слој маскара ако не ставам туш, ако ставам туш само ги виткам.
    Малку кармин и по потреба коректор.

    Кога се шминкам со се и сешто ставам прво некоја од кремите, гелови што ми се против акни, па потоа крема. Следува пудра, камена пудра и руж. Од кога почнав да ставам гел против акни под пудра помалку ми се нафрла лицето :wasntme:
    Сенка, па туш и истата постапка од погоре за трепките.
    Веѓите ги пополнувам со моливче, а потоа ги поминувам со стара маскара. Кармин и готова сум.
     
  13. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    810
    Допаѓања:
    5.126
    Пол:
    Женски
    Обавезно прво го мијам лицето, некогаш го чистам и со лосион некогаш директно ставам крема.
    Потоа ставам тенок слој пудра пошто нејќам да бидам како торта у лицето :D онака малце колку да ми го изедначи тенот, и ставам исто тенок слој коректор под очите за посвеж изглед.
    Никогаш не избегнувам (дури и во случај да не ставам шминка) да ги извиткам трепките пошто инстантно ми ги прави очите поотворени и посвежи, некогаш ќе ставам и сенка ама секогаш понеутрални тонови најприродно ми изгледа, не сакам дречливи и нападни бои на очите.
    Маскарата е исто неизбежна, омилен дел од шминкањето ми е. :lol:
    Бронзер или руменило - зависи за што сум расположена во моментот тоа ставам а често и ги комбинирам.
    Карминче исто така гледам да е поприродно, некоја нежна розева нијанса или месо боја најубаво ми прилега.
     
  14. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Прво го мијам лицето со сапун и вода. После тоа ставам крем за лице, па течна пудра во многу мала количина, бидејќи имам чисто лице. Ретко кога ставам руж.
    На очите секогаш ставам бела сенка (без светки) и туш, маскара и црно креонче.
    За вечерно излегување и веѓите малку ги подсредувам со моливче за веѓи, ама дискретно.
    Црвениот кармин е неизбежен дел од моето секојдневие. :D
    Во главно, со шминкањето сум готова за 5-6 минути.
     
  15. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.510
    Допаѓања:
    10.566
    Пол:
    Женски
    Го мијам лицето со гел а потоа ставам соодветна крема за лице. Ставам течна пудра, потоа молив за очи во нежна нијанса најчесто нуд од макс фактор, ставам туш, маскара и на крај руж, и секако кармин. Не се шминкам нешто посебно да трупам шминка по пола кило ама ете за 20 минути пак не знам да се подготвам :| . Сенки скоро и да не користам не ги сакам баш, освен за некои посвечени и посебни пригоди.
     
  16. Megannn

    Megannn Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2014
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    210
    Пол:
    Женски
    За преку ден течна пудра, руж во некоја розева нијанса, маскара, и молив за уста, навечер по некогаш ставам и камена пудра, туш, и тоа е тоа :D
     
  17. mia993

    mia993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2014
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    140
    Некоја нежна сенка ,туш ,маскара и понежно сјајче за усни :) и пудра сејкако :D :D
     
  18. seasopraime

    seasopraime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Креон па маскара,и некогаш карминче во месо боја за да не биде многу приметливо.Доволно мислам дека е за 15 години,освен за свадби или некоја забава знам да ставам сенка и пудро. :) :D
     
  19. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.442
    Допаѓања:
    17.087
    Мијам лице и ставам крема.
    За преку ден, ставам ББ крема, па средувам веѓи, малку маскара и розево руменило и сјај за усни.
    За навечер, кога-како. Обично ставам коректор(иако често го заборавам), пудра, средувам веѓи, сенка(кога сум порасположена и имам време да се замарам), туш/моливче за очи, маскара, руменило/бронзер и кармин.
     
  20. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Интересна тема :clap:
    Прво ја собирам косата у репче , мијам лице и потоа го тапкам со крпа. Нанесувам сатен,црно моливче под очи,база за сенка ,сенки неколку убаво споени во зависност што носам на мене, потоа туш за очи и римел.Коректор и бронзер. На усните прво ставам лабело,моливче за усни, кармин и сјај :) За вегите користам моливче и то е то :)