Постапката се разликува во зависност дали се шминкам за преку ден или навечер. *Денска шминка- Го мијам лицето, ставам крема, чекам да се впие неколку минути, па нанесувам ЦЦ крема (знам дека не треба крема како подлога пред ЦЦ кремата, ама едноставно не можам да ја прескокнам ). Ставам маскара, ги пополнувам веѓите и ставам бронзер. На устата лабело или нежен кармин. *Вечерна шминка- Ставам прајмер, чекам па се впие, па ставам пудра. Нанесувам коректор под очи, околу нос и на брадата и го блендирам со бјути блендер. Веѓите ги пополнувам малку по впечатливо. Очите ги шминкам во зависност од приликата, облеката, расположението... На образите ставам руменило/ бронзер и хајлајтер. На устата ставам неутрален или кармин во јака боја во зависност како ми се нашминкани очите.
Јас се шминкам само за свадби. Прво ставам камена пудра. После тоа ставам сенка за очи и на крај кармин. Креони, римели, тушеви и друг вид на шминки не користам.
Си ставам крем за лице прво. Потоа течна пудра, добро да се упие. Не користам камена пудра бидејќи не ми се допаѓа како изгледа од блиску. Си ги правам веѓите, малце потемни. Ставам сенки, туш, креон- зависи за каде се спремам дали за секојдневно или ноќна шминка, па маскара. Потоа ставам руменило. И на крај кармин, лабело, сјај...
Реално зависи и тоа многу. Пудра во секој случај - не користам. Првично ради црнките цело ми се збрчкува и ми се прават многу мозолчиња па од ко скорз ја исфрлив од употреба лицето ми е далеку почисто. Следно зависи, кога одев на училиште ставав малку маскара и некој светло розов или nude кармин, поретко некое сјајче. Во други прилики ставам туш кога скроз цело око го затворам со црно, кога оставам до крајчиња па комбинирам со бел креон долу. Кармини ми се a must have, зошто имам премногу светла уста и ако не ставам нешто изгледам како ... ya know. Зависи од расположението дали ставам посветли или потемни. Сенки многу, многу ретко користам, во исклучителни случаеви.
До пред некоја недела се шминкав повеќе, но во последен период како почнаа горештиниве ставам само малку пудра, го контурирам лицето, ставам мат кармин, бело-кремава сенка, римел и хајлајтер
Јас се шминкам секој викенд кога сум излезена, а вака летно преку дента не. Го мијам лицето првен, потоа ставам подлога за шминка, па пудра, па камена пудра, руш, бронзер.. и секако, без сенка никаде не одам. Понекогаш правам повеќе драматична, понекогаш многу нежна. Зависи од расположението. Потоа ставам или сјајче или кармин, но повеќе преферирам карминче. Маскара и малце веѓите ги средувам. За крај, фиксатор малце колку да ми издржи шминката цела вечер, и тоа е тоа.
Не се шминкам со јака нагласена шминка никогаш,освен за свадбата на Брат ми,сакав да бидам во тон убаво со фустанот и свеченоста нели Е сега,кога се шминкам за излегување,нанесувам малку крем на лицето,потоа ставам камена пудра,течна не користам одамна,ставам маскара и малку моливче на веѓите и тоа е тоа,аха,го испуштив најважниот дел,скоро секогаш ставам многуу јак кармин,тоа ми е фетиш туш,ајлајнер и ред други перпетии не користам
Прво си го мијам лицето, па крема ставам, па течна пудра, па коректор, па камена пудра, (сенки или туш ако ставам некогаш) си ги пополнувам веѓите, па маскара, моливче за очи, ставам балсам на усните, па моливче (зависи од тоа кој кармин ќе го ставам) бисери (руж) и на крај карминот. Тоа е тоа.
Го мијам лицето, крема како подлога, color supplement на lush како замена за течна пудра, коректор ако имам подочњаци дента, светло кафена сенка изблендана со розевкаста, понекогаш бело моливче на почеток на окото, winged liner, бронзер, руменило ептен малку, и молив/мат кармин. Не користам маскара речиси никогаш.
-мијам лице -потоа крема(на тианде со витамин ц со зелено капаче-незаменлива) -ги пополнувам веѓите -ставам прајмер на очите -сенки -туш -потоа бб крема на лицето -трчен коректор под очите -камена пудра на т-зоната -бронзер -руж -хајлајтер -па се навраќам на очите, ставам сенки на делот кај долните трепки -маскара -прозирна маскара на веѓите -кармин
Мијам лице , ставам крема за лице , па пудра , понекогаш камена , па ако ги шминкам со сенки ставам база за сенка па сенки - туш , маскара. Ако не, само туш и маскара понекогаш и молив за очи. Па се навраќам на лицето , ставам руменило , бронзер , па ги средувам веѓите со гел за веѓи , кармин. Во лето кога излегувам сабајле и е многу топло , сенки ретко нанесувам
Мијам лице и нанесувам помада. Додека се впие помадата ги шминкам очите, ставам база, сенка зависи од пригодата, туш и маскара. Потоа нанесувам течна пудра, коректор, па пудра во прав. На крајот бронзер и на усните некогаш сум со лабело, некогаш со кармин.
-зелен и портокалов коректор(не секогаш) -хидратанта крема -биотен крема -сенки(обично за вечерна, ретко за денска) -туш -маскара -пудра течна -коректор светол и контурирање -камена/ во прав пудра -транслуцентна на светлите делови -бронзер -руж -хајлајтер -потполнување на веѓи -молив за уста -сјај или кармин -фиксатор
Вечерна шминка: Прво го бришам лицето со мицеларна вода. Потоа нанесувам прајмер, па пудра, па коректор, па контур стик, па бронзер, па руж, па бејкинг, па хајлајтер, па гел на веѓите, па молив за веѓи, па прајмер на очите, потоа сенки, туш за очи, вештачки трепки, маскара, молив за уста и мат сјај.
Преку ден ставам пудра,коректор,маскара,бронзер и евентуално моливче за уста.Навечер ставам исто пудра,коректор,маскара и бронзер,додавам хајлајтер,сенка во зависност од пригодата и моливче за уста обавезно.Туш ставам ретко бидејќи не сум вешта во врска со него и ми требаат три саати за да и двете очи ми бидат еднакви
Исто и јас, најпрво го собирам косиштево огромно Ставам обична крема за лице како подлога за пудрата. Обавезно чекам 5 минути да впие кремата, па тогаш нанесувам пудра. Потоа ги цртам веѓите, нанесувам сенки, туш и маскара. Ставам молив за уста, па кармин со иста боја како моливот и на крај ставам руменило и хајлајтер.. Накратко раскажано, но во пракса знаете дека трае минимум 2 часа
За секој ден најпрво нанесувам крема, потоа течна пудра и коректор под очите и на крај матирам со камена. На образите нанесувам малку руменило, на очите тенка линија со туш и маскара. Најчесто на долната водена линија нанесувам бело моливче за посвеж изглед. На усните некогаш нанесувам кармин а некогаш сјај. За навечер постапката во однос на пудрите е иста само што очите ги шминкам појако, прво нанесувам сенки, убаво изблендирани, може и светкави да се, па туш но поиздолжена и впечатлива линија, маскара а понекогаш пак може и трепки, од оние малите на делчиња што се нанесуваат. На усните ставам кармин во боја која ми одовара на облеката.