Секојдневно за на работа не употребувам јака шминка -После миење лице ставам крем и чекам да се впие (додека чекам се маткам низ ВЦ, средувам коса...) -Течна пудра -Камена пудра -Тенка линија со црно моливче на горен и долен капак, на горниот капак само на надворешниот агол -Дебел слој римел -Руж -Сјај за усни или блед кармин Секојдневен изглед.
За секој ден, после миење лице прво си ги шминкам очите. Ставам туш и маскара. После тоа ставам крем за лице, веднаш се впива, па продолжувам и си ставам камена пудра, течна не користам. После ставам руж и бронзер. Си ја цртам устата со моливче и ставам кармин.
Наутро нанесувам крем на лице, потоа на очите ставам моливче на горниот и малку и на долниот капак, сенка, не многу јака како за денска шминка, маскара, руж и кармин во светла боја. За вечерна шминка, сенката ја ставам во потемна нијанса.
Прво се облакам тоа што ќе носам, ако сум си бела облека ставам пењуар и идам во вц, мијам заби, фаќам косатс во пунџа и ставам ластик да ми држи такви бебешки (да не ги цапам у шминка ). Некогаш ако мислам дека ми е прљаво го мијам со сапун.Е сегс шминкањето, прво, ставам коректор под очите и со четка го разнесувам под окото и на капакот од окото и си тапкам (така и со другото), после (ако идам на некоја прилика роденден, матура, журка) ставам пудра една точка на четка и си разнесувам по лицето.После ставам камена, после цртам веѓи, ставам сенка, ставам хајлајтер, контура некад али минимално пошто сега почнав да си правам и не сум толку стручна ( да не шетам ко зебра) мада не сум лоша, ставам руж малце, ставам маскара и кармин.Пуштам коса, и зависно од расположение или ја виткам со пунџа или плетенки па ја пуштам пред искачање, или ја пеглам. А вака за искачање по кафиња и секојдневно онака маалски или негде лабаво, ставам коректор под очите, цртам веѓи, некогаш ставам маскара некогаш не, и кармин или лабело.Симпл.И косата било каква, мислам не било каква во смисла на немиена хахахјјја да не ме сфати некој погрешно, ама знам да имам некогаш чудно-виткана коса.
Прво ставам коректор под очите, па течна пудра, потоа бидејќи имам доста густи веѓи па некогаш ставам eyebrow гел или пополнувам ако му фали нешто, следно ги виткам трепките со виткач, ставам маскара, а некогаш ставам и моливче црно или кафеаво на долниот капак ама тоа најчесто за вечерна шминка. Потоа ставам бронзер и на крај кармин (црвен, бордо, нуд нијанса или кафеава нијанса). Оваа ми е шминка за секаде ( денска и вечерна), не обожавам многу нашминкано лице па затоа бирам минимална шминка за поприроден изглед. Туш, сенки, хајлајтери,контури ... не користам. За свечени пригоди одам на професионални шминкери.
Ретко се шминкам, а и кога се шминкам тоа е многу дискретно. Малку пудра (течна), бронзер, маскара, моливче на усните и евентуално кармин во неутрална боја.
Прво редам прајмер ,па течна пудра и коректор , па камена пудра зошто имам мрсна Т- зона Потоа моливче за веѓи... Некогаш си редам вештачки трепки ама почесто редам римел, потоа руж и малку бронзер... Завршувам со карминче ,претежно nude.. За посвечена варијанта редам и туш и сенки..макар што не сум обожавател многу на сенки