1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како си играте со вашето дете?

Дискусија во 'Дете' започната од flowergarden, 17 јули 2012.

  1. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Наидов на слична тема, но не е баш тоа што мене ме интересира. Значи ме интересираат оние зборови и игри со кои го занимавте вашето дете. Јас сум млада мајка, па било какво потсетување би било од корист. Мислам на оние игри од стилот
    - Сол макарон, сол фередон, марион марион, лео лео тип тип тип, one, two, three, маваш ти :D
    - Летни летни бубамаро, донеси ми гости
    - Лази буба, лази буба :tmi: хахахаах и сл.

    чекам други идеи :P
     
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Тапшин тапшин танана у свилена марама, у марама шечера, на (името на детето) слатка вечера.

    Малиот/малата (името на детето) седе и плаче, зошто не го/ја играат другарчињата, стани (името на детето) избриши ги солзите, погледни кон сонцето и насмевни се.

    Јас овие на брат ми му ги пеам и обавезно некои гестикулации му правам .Секогаш се смее.
     
    На Eleonorastrumica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Далеку сум од тоа да имам дете, ама имам мала братучетка ,а и не е далеку времето кога јас си играв и ме занимаваа со играчки. :)

    Зависи за колкаво дете се работи. Мене најинтересни ми биле приказните, можеш да купиш некои сликовници,книги за деца и сл. Така преку игра од мало ќе му стекнеш навика и љубов на детето кон книгите. Освен тоа понатаму можете заедно да ги прераскажувате. Да го тераш да смисли поинаков крај или да смисли некоја негова слична приказна.

    Добар избор се и касетите со раскажани приказни (има и аудио и телевизиски) така има можност да слуша литературен говор. Македонски народни приказни,Наше маало,Бушава азбука,Во светот на децата,Туфи и Двојче. Гледај да се работи за постари верзии и што подолго да го избегнеш гледањето Бакуган и некои слични нови, насилни цртани.

    Мене особено ми беа интересни и музичките касети. Значи песнички од Златно славејче,Поточиња,Супер ѕвезда и сл. на нив. Можете заедно да пеете ,играте,помните стихови. Терај го да изведува повторливи и ритмички движења.
    Можете да цртате или раскажувате по слики.

    Или да играте детски логички игри, во детските продавници (баш гледав во Џамбо има евтини варијанти) има играчки каде што детето треба да реди коцки , да реди предмети по форма,големина,боја. Има за различни возрасти. Од најмали па се до најголеми деца. Има исто и сложувалки со ликови од цртани. Така ќе му ја потикнеш фантазијата,ќе го натераш самостојно да мисли и постепено ама квалитетно ќе го спремаш за школската возраст.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Две рачиња со десет прсти имам деца јас,еве ги горе,еве ги доле оп на раменца,сетоа тоа со рачињата негови ќе го правиш моево се смешка и сам си ги месте за да му ја пејам.
    Лази ,лази буба маро дека ќе одаш на госте кај (на детето името)на госте,што ќе те госте гушка гушка гушка,почнуваш од ножињата па нагоре да одеш со рачињата да го скокоткаш накај гушичката

    Ај белким ќе ми текнат и некој други што ги правам па пак ќе пишам
     
  5. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    ;))))))) супер идеи, баш на ова мислев. фала ви многу.. ако ви текнат уште пишете
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Оваа му е од градинка и сигурно кога учеле на тема ,,овошје и зеленчук,,. Кога јадеме нешто обавезно си ја кажува и прави фаци
    Зелка, зелка зелена на 3 дела делена, едно парче мене, друго парче тебе и третото го снема, зајачето го зема. (наместо зелка ако се јаде јаболко се вели ,,јаболко,, или некоја друга овошка или сл. и на некој си таков начин се натпреваруваме кој ќе лапне повеќе :$ ).

    Легендарната комунистичка- иде Маца поред тебе пази да те не угребе чувај Мишо реп да не будеш слеп ако будеш слеп одпашче ти реп (и така се вртиш околу него како балерина и изводиш пируети за да нешто му оставиш позади грб за да најде) :)

    Онаа со рацете кога се плеснуваат - О мони мони ма ака деми фенци фа фенци фа фа фа опет ха ха ха уни епе епе епе уни цепе цепе цепе уни ауст ауст ауст МИки Маус Маус Маус
    ......
     
    На pamelche, Eleonorastrumica и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  7. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    225
    незаменливата - Рингејаја!!! Омилена на ќерка ми!
    Ние моментално си играме многу со коцки, од коцки си правиме зоолошка градинка па редиме животни внатре и кажуваме секое животно какви звуци прави.
    многу сака да читаме, и тоа една книга посебно на англиски и да ја пееме ABCD...
     
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.193
    Оваа е од свекрва ми, еден тон детски песни знае. Се разбира оди во пакет со кореографија :)

    Вака така сите деца, да поиграме опа-тропа
    Дигни горе, па рашири, напред пружи па се смири
    Со глава мрдни, со нога тропни, на раменца раце стави
    Поклони се дете мило, за сега е доста било.

    Јас нон-стоп им ја пеев оваа, и паѓаа од смеење кога се наведнував за toes:

    Head, shoulders, knees and toes, knees and toes
    Head, shoulders, knees and toes, knees and toes
    and eyes and ears and mouth and nose,
    Head, shoulders, knees and toes, knees and toes!

    Инаку често им пеев песнички на англиски, македноски многу не знам, а англиските ги наоѓав тука:
    http://learnenglishkids.britishcouncil.org/en/songs
     
  9. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Искрено не разбрав за која возраст песнички ,но еве јас на мојата малечка 7 месечна ќеркичка и пеам /пуштам песнички од постарите детски фестивали како Златно славејче и Супер Ѕвезда и тоа во зависност од пригодата :D го одредувам и ритамот . Мојата ги сака Бакнежот на мама ,На една клупа -како песнички со кои се галиме и мазиме ,потоа Наташа од 3то 3,Чичко Чевлар,Лифт Стори ,Чекај Тони-како песнички на кои играме .Инаку и ги пеам и оние стандардните Тапшин,тапшин-Нани,нани-Две рачички,кои ни се песни за вежбање-раздвижување. Нашата игра во овој период е базирана на музика која ја диктира и играта ,односно бавната за мазење,брзата за движење.
     
  10. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Оваа и јас ја знам од свекрва ми. И малиот уште на 7 месеци креваше раце горе и се поклонуваше :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Еве и од моја свеки неколку песнички кои и ` ги пееше на ќерка ми.

    1. Низ двор шета бабичка, зад грб метла крие
    шарениот мачор сака да го бие
    пис мачору бессрамен каков е тој ред
    имав осум рипчиња, а сега ми се пет.

    2. Маре везе перниче за куче и маче
    Маре се боцнала почнала да плаче
    стани Маре, избриши ги солзите
    погледни во сонцето и насмевни се.

    и една малку подолга
    3.Седнал дедо на бучка да си шие торбичка,
    -што ќе ти дедо торбичка? да наберам желади,
    -што ќе ти дедо желади? да наранам прасенце,
    -што ќе ти дедо прасенце? да ми даде масленце,
    -што ќе ти дедо масленце? да подмачкам количка,
    -што ќе ти дедо количка? да соберам дрвичка,
    -што ќе ти дедо дрвичка? да си стоплам бабичка,
    -што ќе ти дедо бабичка? да ми чешка брадичка :D
     
    На mal.ecka, SuNsHiNe989, Aleks96 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Па си играме на различни начини. Пееме песни, актуелни ни се некои хитови од Супер Ѕвезда, постари хитови од СиДо и Златно славејче, гледаме Дајте музика и Бушава азбука. Некојпат ја седнувам во столче или во дубак е, песнички ќе пуштам и јас играм и пеам и таа се радува, игра на нејзин начин, крева раце и слично. Некојпат ја држам во раце и играме заедно, се гушкаме, а таа прета со нозете и мафта. Потоа, постелувам ќебе, фрлам играчки и лежиме на под, лазиме, посегаме по играчки. Потоа сака кога и правиме "Ѕе!" или "Чекај да те фатам!!!" тогаш се кикоти на цел глас и се смее без прекин, па не смеам да претерам да не почне да ика. :D Сака да си игра на спалната, лежи и со цела сила го крева газот и мава доле со нозете и тоа ептен ја радува. :D И пеам тапшин тапшин танана, а уште една мотала баба свилица па мотаме со рацете, тоа ептен го има усовршено. :D
     
    На MacenceEna и glosipgirl им се допаѓа ова.
  13. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417

    тапшин тапшин танана ја знам, а која е оваа мотала баба? како иде текстот понатака?
     
  14. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Па и нема некој долг текст, повеќе е моткање со дланките како вежба за моториката. Инаку песната оди вака... Мотала баба свилица, на ***-на ручица, мотала баба свилица.. и така во круг :) кај ѕвездичките оди името на детенцето. Мојава мота цел ден :D Кога сфатив всушност што прави, бидејќи мајками и ја пеела песнава се изнасмеав, а инаку нон стоп се чудев што и значи :lol:
     
  15. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    јас на внуците им ја пејам

    стани стани детенце,
    надвор пее петленце,
    пее кукурика, (името на детето ) го/ја вика,
    очиња да измиеш, ушиња да истриеш,
    за да бидеш чисто,
    како вчера исто :D

    дувна ветре развигорче....

    бидејќи сега внуците ми се поголеми играм според нивни желби боиме, се бркаме со играчки итн.
     
  16. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    За мене ми кажуваат дека нон стоп ми пееле песнички некоја Прережаки.Со неа нонстоп сум запспивала и сум била мирна.А иначе уште од малечко сум била музикало бебенце,сум стоела до касетофон,и сум слушала музика. :lol: А додека растев,често знаеа мама и тато да застанат и да си играат со мене.
    Игравме со доктори,со едни гумени играчки(вие што сте мајки сигурно знете какви се),со кукли,со се ама баш со се.
    А кога се роди брат ми му пееа,песнички.И јас му пеев.Му пеев една,што колку што се сеќавам мислам дека баба ми е кажа.
    -Нани нани бебенце,надвор пее петленце
    петле кукурига
    (името на детето) ми го вика.
     
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.193
    Малиот мој страшно се навлече на оригами, и по цел ден само тоа правиме.

    Проблемот ми е што кога прави од тие посложените не можам да му помогнам - тапа сум за такви работи, а немам ни трпение. Среќа татко му излегува во пресрет, инаку тешко мене.

    Мило ми е што оригами и сложувалки му се најубаво поминато време, освен игри на компјутер, кои му се ограничени само за викенд.

    Инаку толку е навлечен, што не бира место, па почнав да му носам „материјали“ и кога одиме на кафе или по кафани. Вчера беше јако, бевме во едно кафанче во Радовиш, синот со оригами, ќерката читаше книга... веројатно тоа беше првата книга внесена во кафанчето :D
     
    На Annath, blond, ozbilnazena и 6 други им се допаѓа ова.
  18. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Покрај гонењето околу трепезариската маса и криење под столови и сушарата, заедно цртаме. Не дека знае да црта, така шкрта ама си кажува што црта. Пред некој ден ги цртавме членовите од фамилијата. Секој со различна боја. И сега кога го прашам кој е тоа си кажува :D :D :D
    Си подаваме со топкам гледаме заедно цртани и го опишуваме цртанот, ги учиме домашните животни на англиски како се кажуваат (бидејќи на македонски ги знае повеќето).
    Ама најомилено му е да си игра со телефонот. Исклучиво само оние на допир знае да ги користи :rofl:

    Дајте идеи за игри за 18 месечно дете?!? Веке не знам навистина што да правиме дома кога сме сами.
     
  19. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    20.736
    Ние овие песни си ги пеевме и гестикулиравме, а и уште некои од преходно напишаните па да не се дуплирам.
    Пеење и завршувањето е проследено со смеење, плескање и забава.Проверено
    Мислам дека ви дадов доста обемен материјал од детски песнички :D


    1. Малата Билјана седе и плаче зошто не ја играат другарките. Стани Билјана избриши ги солзите, погледни во сонцето и поздрави се

    2. Ние дојдовме две калугерки. Ако дојдовте што ли барате? Ние бараме млада невеста. Ако барате одберете си. Ние ја одбравме најубавата. Вашата ќерка не знае пари да ви брои , вашата ќерка не знае дуќан да ви мети. Ќе учиме ќе караме пари да ни брои, ќе учиме ке караме дуќан да ни мети.

    3. Вереш пола, си шпањола, перимперато итаљано Вереш пола. О мама миа, турска змија, перимперато итаљано, Вереш пола

    4. Ху ху ху. Во шестата нива има слива, во сливата црв, кој излеве тој е прв. Ќе те кажам на чуварот, да те фрли во бунарот , ти ќе летеш како мачка, автобусот ќе те смачка. Попот зема прачка, да удари мачка, прачката мрдна, попот прдна. Попот оди на пазар да си купи гаќи, гаќи со реси г зут му се треси.

    5. Мај меј муц. Вепси бејби, вепси бејби шабара шубара рум дум дум. Иде мали чарли чплин мај меј муц.

    6. Едно две три турчинот се скри, зад една капина, гaзoт му се скина. Мајка му е невеста, татко му е момче на гaзoт има ѕвонче

    7. Попај и олива се дечко и девојка, волим спанче оча ча ча ча попај и олива а а а.Олива јаде гриз, спрема се з Париз, нејзина мама је париска дама, попај и олива а а а.Олива јаде бомбон, спрема се Лондон, нејзина мама је лондонска дама, попај и олива а а.

    8. Топчето ми падна Калина го грабна.Дајми го Калино. Не ти го давам. Ќе го продадам за 2 гроша Калина е лоша

    9. Инти минти типси то, ола бола домино, олка болка доминолка аут ју гоо.

    10. Енка бенка кликабе, абер шабер до мене, еци меци догармеци грам, ај сиктер там.

    11. О мони мони ма, академи физи фа, физи фа фа фа опет ја ја ја, уна епе епе епе, уна тепе тепе тепе, уна аус аус аус. Мики маус маус маус

    12. Ема еса са еса са е пипија, пипи дуга чорапа калимеро неправда

    13. Рано наутро брзи воз крече ајде _______ (името на детето) да береме цвече, ука бука фабрика европа, чичко коста реко да је доста

    14. Низ двор трча бабичка, зад грб метла крие, шарениот мачор, сака да го бие. Пиш крадецу безсрамен, каков ли е овој ред, имав 8 рипчиња, сега ми се 5

    15. Имам маче шарено шарено ем галено втора му е зима, а долг мустаќ има. Брка глувци поганци па им вели Ајдуци, кога ќе ве фатам, глава ќе ви скратам.

    16. Тапшин тапшин танана у свилена марама, у марами шечера, за _________ вечера.

    17. Две рачиња 10 прсти имам деца јас, еве ги горе еве ги долу оп на раменца. Еве ги лево еве ги десно оп на коленца

    18. Така вака сите деца да поиграјме опа тропа. Со глава мрдни со нога тропни на раменца раце стокми. Дигни горе па рашири, напред спружи па се смири. Поклони се дете мило за сега е доста било.

    19. Зајченце миличко, зајченце сивичко, подај ми ракичка, да ти дадум тревичка
    20. Во детската градинка
    заоде и Малинка
    Таму најде дечиња
    и играчки - мечиња,
    најде слики разни
    и книшки со сказни.
    Си најде другарчиња
    фатени за рачиња,
    па среќна е Малинка
    дека е во градинка.

    22. Иде маца поред тебе , пази да не те огребе, чувај мишо реп, да не буде слеп, ако буде слеп, отпасче ти реп.

    22. Ен тен тини , саваракатини, саварака тикатака, елин пелин бус

    23. Си била една жаба по има малерина и играла је хокеј ко права балерина, Марина сиџи доле, а ево ја сам ту, шта радиш тамо горе, на моју пенџерицу.Ќе џапнам едно пиле, ќе сварам паприкаш, ќе отидам за Белград, ќе станам навивач. Ќе нанивам за ѕвезду ја волим Партизан хеј .

    24. Компанија месо боранија, славејчето пее, тито да живее, кукавица кука, хитлер да испука. ЈОванка се смее тито да живее.

    25. Си било едно детенце се викало Мирче, цела врба кутнал Мирче да направи свирце и направило свирче со дупчиња три, и почнал да свири Мирче тиририри.
     
    На Mayyya и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.914
    Допаѓања:
    32.522
    Пол:
    Женски
    Син ми не е заинтересиран за игра со мене, ниту пак со татко му. Сака сам да си игра. Најчесто си игра со колички, кои за кратко време ги крши.