Како поминавте за Нова година Ситуација: Одите кај другар каде што сте требале да се соберете 15 души максимум, сите познати. Наместо 15, излегле 25+, кои не му се познати ни на самиот домаќин. Пусти, металски души пречекуваат Нова Година со Кеба и Шаулич. Бонус - Кеш Кеш и чочек на стол. Мушкарчините се пијани пред 12 и ги покажуваат Тарзанските способности преку соблекување кошуља, пуцкање прсти и потсвирнување уз ритамот на песната. Си ги топиш чорапите на разните вина и сокови кои ги расипале. Те влечат за раце да играш клатикурка турбо денс со нив. Се клатиш ко пингвин 2 минути, па се укотвуваш на едно место и заедно со домаќинот кој исто така си поминува “прејако“, пратиш од страна како се мајмунат и чекаш кога ќе им текне да си одат за да живнеш. Other than that - одлично. Ама се тешам дека секоја година што ми почнала тапа, испаднала екстра на крај.
Како поминавте за Нова година Убавоо, домашна атмосвера, опуштено, друштво што стварно сакаш да е со тебе..
Како поминавте за Нова година Дома кај една другарка со уште другари и другарки. Фино беше. Имавме тони храна, пиење, добра музика, филмчиња.. Се беше супер! Дома се вратив во 4, уморна и изморена, но се на се, вечер за паметење.
Како поминавте за Нова година Фино домаќински. Седевме, пиевме, муабетевме, се смеевме, околу 3 како добар гостин замив садови, и си отидовме. Се пољубивме во кола со момчето, штета не можеше повеќе, во оној период од месецот сум . Гледавме филм до 5:30 и дома во кревет.
Како поминавте за Нова година Во стан со класо многу смеење, играње и такви работи,имаше и пијани шо праеја циркузи. Во 9 сабајле си заминавме
Како поминавте за Нова година Па не се притресував за Нова Година... за мене претставува обичен ден, како и секој.. само што некои го преовеличуваат тоа и се притресуваат многу, те за шминка, за фустан, за нокти. Ја поминав во домашна атмосфера со најблиските. Малку месо, салати, играње и смеење. Најубаво... а, од година може со другарки ќе се собериме.
Како поминавте за Нова година Убаво, не беше лошо.. На крајот гледавме Анимиран Мистер Бин, тоа малце не ми се свиѓаше..
Како поминавте за Нова година кај братучедот на мајка ми бевме убаво како на гости јадеш пиеш играш немаш гајле за ништо ја оставиш 2012 супер