КАТАСТРОФА. Веќе никад нема да славам нова година со 80 души. Пијани на сите страни, повраќат, музиката катастрофа. Мислам дека ова ми е памет за секад. 10000000000 боље ќе си поминев само со неколку другарки отколку со толку многу. Очекував многу а си поминав ужасно.
Можеше и поубаво да биде. Се зависи од друштвото со кое што ќе бидеш, а јас не бев со посакуваните луѓе така што немаше атмосфера каква што би требало да има за дочекот на Новата година. Се надевам наредната година ќе биде подобро
Најубаво си поминав. Бев со дечко ми, и еден негов другар со девојката. Бевме на плоштад во Будва. Дино Мерлин пееше. Имаше добра атмосвера и луда журка. Поинаку не ни очекував Е сеа ја знам да укакам на крај секогаш нешто со мојот инат,ама тоа мање битно.
2014 година? Сигурно тогаш никој од нас не претпоставувал дека денес ќе биде цел свет во локдаун, со вирус и ништо нема да работи на Нова година, ниту групирање за неа ќе е дозволено. Добро. Имало и подобри Нови години од оваа.
Како и секоја вечер помината со саканата личност - убаво. Единствената разлика беше што си честитавме на полноќ
Мноогу убаво. Пеење, играње, музика... На кампот на една другарка бевме, таму спиевме, утредента си дојдовме. За разлика од претходните години на фустани и штикли, оваа година најкомотно на хеланки и блуза. Ланската особено беше катастрофа. Затоа оваа година одбравме да бидеме помалку.