Потврдувам за фразата НЕ ЗНАМ, значи тоа е стандард, јас никогаш не сум сигурна за ништо, макар тоа да е нешто што отсекогаш сум го посакувала! Кога ќе ми се укаже шанса да го имам,тогаш почнувам да се двоумам. А за гореопишаните девици, стварно не знам што да кажам. Може само да спомнам дека да, навистина добар дел од девиците може да те остават гладна, зашто имам околу мене таков случај. Таа личност секогаш трчала по оние со титула,ама сега веќе џабе е. И да, кариерата и образованието им заземаат вашно место во животот. Како и да е, генерално може да се каже дека девици баш и не располагаат добро со финансии, ако веќе за тоа станува збор. Ко божем, Меркур е планета на комуникацијата,материјалното и све тоа, па и во хороскопот ни пишува дека сме добри сметководители и не знам,банкари не знам што,ама јас никогаш не сум сакала да работам со пари, а не сакам баш ни со луѓе да бидам опкружена (да работам со луѓе). А случајот со лошиве девици најверојатно се должи на тоа како ги научил животот, или пак на лоши аспекти во наталната карта. А од друга страна, секој хороскопски знак има добри и лоши претставници. Ако лошо се однесуваат, тоа е и заради тоа што девиците се песимисти у душа, па ако не се сигурни дека ги сакате или дека не им мислите лошо, тргнуваат по лоши патишта. Тоа...
девиците мажки се слични како и женските девици перфекционисти се и сакаат да бидат сакани многу се посветени на работите што ги сакаат мразат вулгларни луѓе простуваат но кај нив постои и граница тешко се нервираат но кога ке се случи тоа бегај подалеку од нив Мразат вулгларни луѓе и некој да му соли памет
Девица е дечко ми. И другарками е девица. Се окулу мене девици.. ги знам на памет, значи сакаат се да им е средено, се да им е тип-топ, да не им се меша никој во нивни работи,и за што највеќе се карам со нив, сакаат секогаш да се во право, а и ја сакам секогаш да сум во право ( овен ) но наоѓаме компромис на крај.
Хаха потврдувам за НЕ ЗНАМ....најсмешно ми е кога другарка ми ке се изнервира и ке ми каже - де бе па ти знаеш ли нешто - знам - е што знаеш - незнам
Дечко ми е девица и уште две мои другарки. Од нив тројцата заедничко им е што многу сакаат мали деца, обожаваат животни. Тврдоглави се, секогаш си тераат по свое, егоисти се. Добри се со тебе, се додека да им згрешиш, а после... бегај додека те држат нозете. Мислам дека најлош карактер имаат луѓето што во хороскоп се девица.
се согласувам со тебе имаме нешто заедничко и мојот дечко е девица и сите мои пријатели и блиски се девици во хороскоп....најмногу го сакам овој знак.исто се педантни,малку егоисти ама се си е до средина,нели?ги сакам такви како што се?
Јас сум девица во хороскоп и лично за мене ќе ви кажам како треба да се однесувате со ваквиот знак во хороскоп. Точно е дека се треба да биде тип-топ средено дека сме перфекционисти.Јас лично се задоволувам од малку романтика,два три убави збора можат да ми го расположат целиот ден.Сакам романтични нешта,уживам во нив. Сакаме да ни угодуваат многу,сакаме секогаш да сме во право.Малку сме егоисти и себични ама не е со лоша намера.Не се согласувам со тоа дека најлошо е да си девица.На девиците им е потребно само малку внимание,среќа и убави зборови за да бидат задоволни.Треба да знаеш како да се однесуваш убаво па од нив да добиеш комплетно внимание и љубов. Ова е мојот карактер-можеби другите девици се различни.
иам пишувано во темава одамна дечко ми беше девица и ств многу ми беше убаво со него... но раскинавме и пак си правиме муабет глеав да не се испокараме, зашо еден лош збор од мене и мислам дека немаше да сака да ми види очи. Такви се.. нешто што може да ги повреди ке го памтат цел живот, нема да ви вратат.. но никогаш нема да го имате оној муабет што некогаш сте го имале
Точно е ова!Девиците никогаш нема да ви се одмаздат,но никогаш нема да бидете како порано со нив ако еднаш ја изгубите нивната доверба.Во ова сосема се пронаоѓам.Девиците помагаат на другите и не бараат од нив да им вратат со добро туку да бидат благодарни. Инаку,потврдувам и јас за фразата НЕ ЗНАМ Повеќето се тврдоглави и не слушаат совети од другите,не сакаат помош од другите.Повеќето не сакаат тимска работа,преферираат индивидуалност бидејќи неможат да се справат со неорганизирана и несериозни луѓе. Според мене,ние девиците сме добри луѓе кои сакаат да бидат ценети но не и премногу фалени,сакаат точност и луѓе кои стојат на зборот и најважно сакаат искрени луѓе кои и најголемата критика ја даваат в лице.А,и ќе заборавев-додека зборуваат со некој девиците секогаш гледаат во очи и внимателно слушаат.Тие се затворени личности и не многу комуникативни,тешко стекнуваат доверба кај некого но лесно ја губат! Еве нешто кратко за мене и речиси сите девици од мојата околина
Браво Macysh многу убаво ги опиша девиците најверојатно затоа што и ти си девица се пронајдов и себеси тука посебно во овај дел Девиците се специфичен знак но се што бараат е внимание, љубов и почит. Девиците уживаат кога се сакани иако понекогаш им е тешко да ја покажат љубовта кон другите.
значи и јас имав дечко девица мозам да кажам дека е ужасен знак еднаш е расположен еднаш се му фали многу ретко можеш да му погодиш мисли дека може се да биде совршено и по негово имам многу лошо искуство а и другарка моја имасе исти случај беа речиси исти мислам дека подобро е да се тргнеш од тој знак позз....
девица (женско) и бик или јарец (машко) се дефинитивно најдобра комбинација :up: но јас бев и сум сведок на прекрасна врска меѓу огнен и воден знак и заклучив дека се ова баш и нема врска
Може да успее огнен и воден знак но најчесто ако огнениот знак е машкото а водениот женското. Обратната комбинација е потешко остварлива.Инаку астролошки е докажано дека комбинација број 1 во цел зодијак од сите можни знаци и комбинации е рак и риба без разлика кој знак е машкото а кој женското.
Сега случајно ја отварам темава за фамозните девици..... Па ме интересираше, ако некој се нашол во слична ситуација нормално, дали и да си ја сакаат девојката што идат со неа 4-5 години би ја изварале? Јас се мувам веќе 3 месеци скоро со тип девица, а си има женска што иде со неа долго и баш поради тоа што не ми беше својствено тоа за нив, се чудев едно време како е уште со неа а на секои 2 минути ми стигаа пораки на моб. и јавувања секое утро и вечер од него..... Секој совет би бил океј, а иначе пробувам да ставам крај на тоа мување и во заладени муабети и гледања сме, бидејќи тој очигледно не планира да раскине ама ете просто е неодолив и можам да си го замислам како совршен дечко ....
Многу чувствителни, романтичнии, одлични соговорници (не трпат бош теми, обожаваат да бидат предизвикани и надразнети на интелектуално ниво) висок стил на изразување и аналитичност. Верни до крај. Многу се посветени во врската и само мислат нови начини да покажат на партнерката колку им значи. На свој грб ставаат товар што не е нивен за трпење, само да олеснат на другите. Сака да остави добар впечаток и да се има убаво мислење за него, но сака и кога неговиот труд е вреднуван и ценет. Обично го иритират тривијални нешта, и знае да смени понашање поради најголемата глупост. Во такви ситуации потребен е трпелив партнер што ќе го смири и ќе го спушти на земјата. Во сексот повеќе се концентрираат партнерката да е задоволна и скоро на ниедна приоритетна листа не се ставаат први. Лесно можат да ви станат досадни токму поради таа преданост и верност. Со нив многу лесно ќе добиете чувство дека сте ги освоиле и возбудата може да спласне. Отприлика тоа сме ние
Vo brak sum so devica 18 god. pa ke pisam nesto za negoviot karakter.Znaci ,vaka koga sakaat nekoja devojka ,taa e svetica za niv,ja obozuvaat.Konkretno mm,za nego sum najubava ,najpametna ,se naj naj,no devicite se skloni na flert i golemi go...jadci taka da ne propusta prilika da dade kompliment na sekoja zenska sto ke ja vidi.Mnogu se ljubomorni ,znaci mora da te prasa ..e koj ti e ovoj sto se pozdravi so nego,od kaj go znaes i sl.Pedantni se sto se odnesuva do niv samite ,a cela kuka ke ja napravi haos dodeka toj se nalicka i spremi. Megalomani se,samobendisani nikogas ne razmisluvaat za sitni raboti ,planiraat samo na golemo pr.ako planira da kupi kola ne razmisluva za poeftin model osvenBMW,ili ke go ima najdobroto ili nisto. Nikogas ne e vo normalno raspolozenie ili e vo depresija ili vo euforija.Mozam da gi brojam do utre negovite maani,no koga ke razmislam deka bi napravil se za mene i decata togas mu gledam niz prsti.