A дали некоја од вас се нашла во ситуација да биде женското бик а машкото девица ? и за оваа комбинација велат дека многу добро функционира па дали ќе може некој истово да ми го потврди
Не сум Бик, Јарец сум, но сите овие три знаци се многу слични бидејќи се земјени знаци. Бидејќи сум во долга и прекрасна врска со Девица, не се сомневам дека би било така и со Бик. Овие земјени знаци се многу компатибилни како на љубовно, така и на професионално поле. Секако, и во другарство.
Moте девици (без исклучоци ) биле параноици ,посесивци ,невидени љубомори и ноќни мори ! Мој совет - подалеку од нив !
Да, во глобала добро функционира. Јас сум бик, а дечко ми е девица. Заедно сме 3 години, до сега сме немале некоја поголема кавга. Јас сум тврдоглава, тој ми попушта и така
Да ,тоа најважното заборавив да го спомнам . Спојлер На најголемиот дожд со совршено бели тренерки ... До дома си појде таков ,без ниедна дамка бре !
Брее ја сум девица али тоа дека сум педантна.. не само мајка ми може да ви докаже од MarchelineAmaru » 19 Јул 2011, 13:27 Moте девици (без исклучоци ) биле параноици ,посесивци ,невидени љубомори и ноќни мори ! Мој совет - подалеку од нив ! јас сум девица и да знаеш никад не сум била љубоморна.. незнам зашто така мислиш, али дефинитивно грешиш
А дали машките девици брзо го преземаат прв чекот кој некоја што им се допаѓа или дремат и чекаат она нешто да направи?Срамежливи се или ... ? И комбинација водолија и девица?
Јас сум девица,дечко ми е водолија..и да знаеш кога и да се караме за нешто секогаш тој попушта...инат ете тоа сум мора да е по мое..фала му на Бога имам прекрасен дечко..се однесува спрема мене многу нежно а особено со многу љубов..ме разбира во секоја работа..ретко се наоѓаат такви како него...барем според мене
Комбинација јарец девица е ужасна според мене..... мора постојано да внимаваш што ќе кажеш за да не го навредиш и да го слушаш кога зборува зошто потоа ќе се жали дека не му обрнуваш внимание.... Ако почне да плаче па тоа е нормална појава и не се срами иако е машко
Девица да превземе прв чекор...многу тешко, барем од она што го кажува моето искуство. Сакаат самоуверени личности кои нема да се плашат да го превземат првиот чекор. Мислам дека не се толку срамежливи колку што се повлечени кога станува збор за овие работи. Комбинацијата водолија и девица е многу тешко остварлива, особено ако женското е девица...некако не одговараат, девиците се преозбилни и невозбудливи за водолиите (барем од тоа што ми го кажува искуството), а водолиите на девиците може да им одат на нерви поради нивната слободоумност и расипништво, додека пак овие мн често се олицетворение на piggy bank
A дали некоја од вас се нашла во ситуација да биде женското вага а машкото девица ? Што мислите за оваа комбинација? Некои велат дека тешко би функционирала.
^ хах баш не би рекла така. Не можиме да се согласиме со сите,да,не сакаме неодговорни суштества и незрели размислувања.Многу ме вади од такт неорганизираност.Ама дека се најлоши,не би се сложила. Јас лично си го обожавам знаков,многу сум трудољубива,упорна,вредна и успешна.Не ми се допаѓа единствено самокритичноста која ја имам во преголема мера. Не затоа што сум девица,ама стварно не гледам ништо лошо во овој знак.Не знам зошто на другите толку им пречи што сум перфекционист и што сакам се што работам да го сработам совршено.Моја желба,мој труд,мој успех Другарките ме сметаат за најдобар советник и слушател,а исто така никогаш не можам да речам НЕ на нечие барање,а никогаш не барам услуги и не останувам должна.Искрени сме и се кажуваме в лице како и биковите,шкорпиите и стрелците,па можеби затоа не вбројуваат во лошите знаци. А,и тоа што викаат дека сме биле самобендисани ,јас барем сум далеку од тоа....свесна сум за своите квалитети но никогаш не се фалам,и најмногу мразам копмлименти,ме усрамуваат Според досегашното мое искуство,а и на девиците во мојата околина,најНЕподнослив знак ми е овенот,ама нема еден кој можам да го поднесам,цревата ми се превртуваат од нивната ароганција и вљубеност во себе! Најмногу се дружиме со бикови,стрелци и ракови.Сосема океј ми се водолиите, јарците,шкорпиите, рибите,близнаците и вагите.Лавови не обожавам,али има исклучоци се разбира. Ги поседувам сите карактеристики на овој знак,па прашајте нешто ако имате сомнежи во врска со некоја девица,чим сте фатиле работа сега.. Ауф,колкав пост напишав
Jас сум девица,и сум имала дечко девица Mислам дека и хороскопот има големо влијание,ама и начинот на кој сме воспитувани,околината многу фактори се вклучени во формирањето на личноста.. Ние девиците сме романтични ,колку и да ни згрешат пак имаме трпение со оние што ги сакаме,љубоморни сме и сакаме да ги правиме патнерите љубоморни,едно од забава друго сакаме да гледаме дали му е стало на патнерот за нас.. ,кога сме љути-подалеку од нас очекувајте прво ние да ве побараме зошто кога ќе не побараат на лутината незнаеме што зборуваме...Во глобала не е тежок знак,не дека јас сум и сега најсјајни сме,ама има и потешки знаци ама како што напоменав многу фактори влијаат на личноста
Не знаеш никогаш како со неа ... тамн ќе помислиш дека и е погодено , си и погрешил ... девицата е малку чуден знак ... Подобро вие да сте девица отколку да треба да се прилагодувате кон неа Поз
Подалеку од девиците јас сама некогаш не си се поднесувам а моите дома и дечко ми како ме поднесуваат ауу не знам ги жалам невиден хипохондрик, ситничар, анализирам се до детал, се навраќам на тоа неколку пати, понедоверливо створење од мене нема а и лошка сум по малце да си признаам И повеќето девици што ги знам се исти како мене Јас би рекла за да искочиш на крај со девица ти требаат многу нерви, челични живци како што викаат