Јас сум во подзнак Девица и ко што читам по темава ми изгледа како подзнакот повеќе да ми влијае Инаку сум Стрелец, комбинација смрти Инаку сега сфатив од кај ми е таа опседнатост со времето, кога ќе се договорам со некој точна сум до минута, а некој ако касни, макар само една минута одма ме фаќаат живците
машка девица ...хммм моето искуство кажува дека се многу посесивни, материјалисти, не ги искажуваат своите чувства, претерано сакаат да критикуваат и да наоѓаат недостатоци кај другите за самите да се дигнат, разговорите се сведуваат на минималистички реченици, од позитивни карактеристики што знам сакаат луди работи, адреналин, сексот е на прво место, верни се доколку и вие сте верни кон нив. Па доколку не сте многу емотивни и зависни од љубовни изливи барајте си девица ....
Мојот дечко е девица во хороскоп и мислам дека од него поголем перфекциониста не постои. Се да му е под конец, секогаш на време да бидам спремна ако му речам во 8 тогаш мора да е 8, ни минута смеам да закаснам.
И дечко ми е девица,само можам да кажам СТРАШНИ СЕ МАШКИТЕ ДЕВИЦИ Ке се окозиш додека ти ги искаже чувствата, сакаат да бидат сигурни дека ги сакаш, па дури тогаш ке ти се препуштат тотално..Ама ако те засака, ке те третира како кралица..
Јас имам две дома не ми се проблем А стрелците и девиците не се согласуваат? Двајца што ми се мене блиски и имаат контакт ми се чини секој момент очите ќе си ги извадат. А сигурно знам дека девиците со вагите ама ич не се трпат, тука војна може да стане
За волја на вистината, имам две многу добри другарки, со кои израснав, едната стрелец, другата вага. Толку блиску, што ми се како сестри, карактерно страшно ми лежат. Вагите посебно, ми се одлични за комуникација, дружба и мислам дека се многу компатибилни со девиците, посебно од аспект на аналитичко и критичко размислување. А стрелците се спротивни од девиците во поглед на спонтаноста, што од една страна ги прави баш добар спој. Сепак, се до личноста. Во случајов би рекла пак, дека подзнакот има многу поголемо влијание од самиот знак.
Епа тогаш хороскопот нема врска Не знм, за стрелците не можам да кажам сигурно ама ваги и девици што си вадат очи се имам изнагледано плус имам и читано дека често се јавува нетрпеливост меѓу овие два знака. Или изгледа нешто до твојот карактер или подзнак е ако не Ако вопшто е реален хороскопот
девица и стрелец според мене се многу добри хороскопски знаци и најмногу ги сакам тие што се девица и стрелц во хороскоп
ne samo maskite i zenskite se takvi eve jas sum podznak devica sve sakame da ni e pod konec a vo kukata ako im vlezes na devicite kako vo rajot da si im vlegol sve im e staveno tamu kaj sto treba i sve im e cisto ni damka nema da vidis na podot a i saka i ti taka da se odnesuvas koga ke vlezes kaj niv i ako zivees so niv ako ne samo ke te kritikuvaat pa duri i vo son ke brblaat zosto vaka zosto taka mnogu praat sceni sigurna sum ako ne dojdes vo tocno vreme te ceka cela prikazna zosto?
Јас сум девица во хороскоп и можам да кажам дека сум тежок перфекционист, се сакам да ми биде под конец, ситничар невиден, секогаш се фаќам за ситници и дури можам цел ден да седам и да размислувам, да анализирам до детаљ за одредена ситуација,сакам организираност и среденост, мразам неодговорни луѓе(дечко ми-близнак ),дволични и лажговци.Мал знак на внимание ме прави среќна и многу романтика и љубов. Често се лутам но и брзо ми поминува лутината. Самокритична до бескрај.Не верувам на никого.Не се поднесувам со водолија и овен.Тешки сме малку знам
Каква девојка бараат машките родени во знакот на девица? Облечете се за успех Доколку се прашувате како да ја освоите љубовта на маж роден во знакот на девица, правило број еден е да му оставите добар впечаток со вашата физичка појава. Дефинитивно нема да му го привлечете вниманието ако ја зачешлате косата со прсти и ако сте облечени во вашите најудобни тренерки кога ќе го сретнете. Машките девици се во потрага по партнерка со стил, која посветува доста време за разубавување и нега. Тоа значи дека за да го освоите неговиот поглед, треба секогаш да изгледате уредно и чисто и да носите облека во која ќе изгледате привлечно како него. Мажите родени во овој знак бараат сопатничка која совршено ќе им прилега. Имајте добри манири Момците родени во овој знак не сакаат жени кои сакаат да прават спектакл од себеси во јавност. Ако учтивоста и пристојноста не е ваш стил на однесување, не се ни обидувајте да освоите некоја девица. Тој сака партнерка со која ќе може да се гордее во секој момент. Ако сте премногу гласни, кажувате безобразни шеги и звучно ја сркате супата, дефинитивно ќе ги надминете неговите граници на толеранција. Искреноста е одлучувачка Ствар која машката девица нема да ја толерира е лага или прикривање на вистината. Тој сака да се чувствува сосема безбедно во врската пред да реши целосно да се предаде на чувствата. Ако дознае дека му кажувате ситни лаги или прескокнувате да му кажете значајни работи, најверојатно ќе си отиде од вашиот живот уште пред да сфатите дека сте го разочарале. Девојки, има само уште една работа на која треба да внимавате ако сакате да изградите убав однос со момче родено во знакот на девица – ако искрено му кажувате што мислите или чувствувате за него, внимателно одберете ги зборовите. Девиците се прилично критични спрема другите луѓе, но кога станува збор за нив, тешко прифаќаат критика од кој било вид. Покажете му дека сте заинтересирани Иако машките девици во принцип знаат какви се нивните очекувања од својата партнерка, сепак тие сакаат да одат пополека. Ова е резултат на нивниот страв од одбивање. Затоа, ако тој дискретно се обидува да започне разговор со вас, сфатете го како знак дека е заинтересиран. Нема да згрешите ако го поканите на вечера, но немојте да се противите ако тој инсистира да плати за истата. Покажете му дека ви е потребен Машките девици прекрасно се грижат за своите љубени и тие уживаат во таа улога. Немојте да создавате вештачки ситуации во кои ќе очекувате дека тој ќе биде вашиот супермен кој ќе дојде да ве спаси, но слободно побарајте од него совет кога ви е потребен и искажете ја вашата благодарност за работите кои тој ги прави за вас. Охрабрувањето и позитивната критика се како балсам за неговата душа и неговата затскриена потреба да се чувствува прифатено. Заведувајте го постепено Да ја претворите вашата кратка романса со машка девица во сериозна љубовна врска е навистина тешка задача. Тој ќе се колеба дали да го направи првиот чекор или не, бидејќи не сака да избрзува. Ако тој навистина ви значи и сакате да го задржите, пронајдете начин да му покажете дека го посакувате, без да бидете премногу директни. Ако успешно сте му покажале дека ви е навистина битен во животот и ако се чувствува сигурно покрај вас, сте на половина пат до освојување на неговото срце. Милувајте го и бидете покрај него извесен период и бидете сигурни дека тој ќе ви ги возврати чувствата. Како да го задржите во вашите прегратки засекогаш? Нема да натерате машка девица да ве запроси ако го убедувате и притискате да го стори тоа. Најдоброто нешто што можете да го направите е постојано да му покажувате дека ви значи, дека секогаш ќе се грижите за него и безрезервно го почитувате. Машките девици се вистински кавалери, така што ако му докажете дека вие навистина вредите и сте вистинската жена за него, тој ќе сака да го помине остатокот од животот со вас во брачна заедница. http://www.kafepauza.mk/astrologija/kak ... na-devica/
Јас ги обожавам луѓето што се девици.. во хороскоп да се разбереме И машките девици и женските подеднакво. Срциња се секогаш даваат добри совети и тукасе за помош. А и забавни се секогаш сум опуштена со нив. Може да се каже дека и ми е омилен хороскопски знак девица (иако јас не сум) ПОЗДРАВ ДО СИТЕ ДЕВИЦИИ <3
Сум немала партнер со знак девица, но другарка ми имаше, а и јас сум девица... Значи чекаше цел живот за да го направи првиот чекор, имаат недостаток на самодоверба и многу ретко се заљубуваат,но едншка што се заљубат.. знаат вистински да сакат Сакаат совршенство, по можност се да биде под конец На пример ако некогаш нешто се испланира и потоа се рушат плановите заради некој, тоа вопшто не го сакаат. Најчесто се ладни, ама имаат многу добро срце.. само тоа не го покажуваат. Машките девици знаат да бидат љубоморни. Даваат многу добри совети, и спремни се да те сослушаат до крај. Во случаи да ти треба рамо за плачење, барај девица
хахахахахаха можам да го приметам тоа кај него,мислам сосема ладен и никако прв чекор..не знам како да пристапам:/
Ммм, не знам.. најаверојатно направи го ти првиот чекоп Ако чекаш на овој, ќе се изначекаш.. А и да додадам дека не сакаме нападност, на пример ако се додворуваш и тој те одбие, повлечи се, не настојувај Мразме нападни луѓе! Како и да е,со среќа! Се надевам се ќе оди во најдобар ред.. може тој ќе го направи привот чекор!
Машки и женски девици се многу различни. Си зависи највеќе од подзнакот ваљда... Имав еден удварач девица. Го свиѓав подолг период (пошо уште не му го познавав нивото на сељачизам во крвта) и го глеам него не сигнализира заинтересираност и си се повлеков. После, откако видов шо подлизурко е и дека е способен и на ѓаволот да му се потпика ако има корист од тоа и почнав максимално да го избегнувам дури и за муабет, почна апла да ми се пушта. Според Bescheiden, девиците не сакаат нападни луѓе. Пак зависи од подзнакот затоа што бев сведок на ептен нападно пуштање од машка девица. Можеби затоа што баш цел живот чекаат да пријдат, па кога гледаат другата страна не приоѓа, кога се решаваат да пријдат се и те како напорни. Ќе ме чекаше од факултет без да ми каже. Првиот пат демек му било успат, му поверував па викам, ај го знам човекот (не ни знаев дека почнува да ми се пушта), ај ме однесе до дома, му заблагодарив и си заминав. После почнав почесто попладнињата кога ми завршуваа предавањата да го гледам како стои таму и почнав да се плашам и се правев дека не ја забележувам колата. Се случи и да направи да останеме сами и да ми признае колку сум му се допаѓала ова она. Му реков дека ако продолжи да ме вознемирува, ќе дадам изјава во полиција. И за среќа, престана.
''Затоа, ако тој дискретно се обидува да започне разговор со вас, сфатете го како знак дека е заинтересиран''како ова да го сфатам?
Јас сум бик, и дефинитивно омилен знак ми е девици. Едноставно да запознам некој со кој совршено ми одговара муабетот немам потреба да проверам кога е роден, сигурно е девица Ептен си ги сакам!