Специфичен знак сме ама па не сме до толку лоши Мене искрено педантноста ми е најважна.Сакам се да ми е подредено.Потоа многу сум одговорна и се што треба да направам ќе направам.А чуствителноста ја мразам.Многу лесно знам да се налутам ама никогаш никој нема да знае дека сум лута за нешто.Едноставно не покажувам емоции. Ама сепак не сме толку лоши
Дали ако машко во хороскопски знак девица ви пријде и сака да разговара со вас насамо, притоа добие корпица и повторно проба и пак исто заврши со корпа и повторно му е мило кога зборувате и сл. има некакви чувства кон мене? Не дека премногу верувам во хороскопов, ама јас понекогаш се пронаоѓам, паа.. чекам одговор
Ова е точно, барем за тие што ги знам Oбично девиците се во некоја разумна мера самобендисани, не сакаат некој да ги омаловажува, во твојот случај одбива постојано и ова е знак кој најлесно ја прифаќа реалноста, конкретно за примеров, ако не покажуваш интерес девицата би требало да сфати и да не си прави илузии, ако ти не го сакаш, ќе се убеди себеси дека и тој не те сака и ќе продолжи понатаму. Штом вака се однесува можеби не е типична девица и има некои силни влијанија од водени знаци. Ако е типична девица а сепак се враќа и покрај корпите значи навистина е убеден дека имаш некаков интерес за него и дека само се преправаш.
Мене девиците ми се симпатични, инаку јас сум рак. Има една девица со која моментално сме во некаков уште нејасен однос но мислам на добар пат сум да го освојам Спрема ова што го прочитав, што сакаат и како да ги освоиш, го правам точно тоа и без да знаев како треба Самиот ми кажа дека знае да биде осетлив, љубоморен и дека не сака што е девица во хороскоп, сметал дека има лоши карактеристики. Искрен е, весел и духовит, многу ми е пријатно неговото друштво. И многу е перверзен. Е сега, во сериозна врска може ќе биде поинаков, се надевам ќе го искусам тоа.
И сеа викаш правиш како шо напишале, за да го освоиш трофејот? Шо е ова? Љубовта има ли рецепта, па, па, па. И после "Јас се правам како што треба, он изгледа не е Девица"
Добро де, шо го нападна чупето? Сите се трудиме тие работи да ги правиме, дали бил девица или не, сеедно. По таа рецепта е за сите. Иначе да, си има и љубовта рецептички, само треба да знаеш точен состав. Ете за неа, тој е вреден за освојување, се труди да го задржи, шо има тука чудно?
Не знам вие за што се трудите и што правите, што е тоа што толку ви е нормално. Мене ме учеа дека не треба да глуматам допадлива, и да одам да угодувам на некого по цена да го освојам, т.е добијам. Башка љубовта не се базира на труд и макотрпна работа . Нема рецепта за неа, ниту правила. Каков е тој состав? Љубовта има ли дефиниција, што има во составот ? Викаш кај сите е исто како тоа ? А да надополнам за задржувањето на некого... Ако некој решил да оди од вас вие по секоја цена ќе го одложувате неговото заминување?
Колку ми сте смешни.. Дајте бре луѓе немојте така сериозно да го сфаќате хороскопот. Дали стварно мислите дека карактерот или однесувањето на една личност е производ на тоа во кој хороскопски знак спаѓа? Па некој прочитав вика понастрана од нив тие вакви такви... Не знам штоо... Ако знаете една Девица или еден Рак не значи дека сите се такви баш САМО заради фактот што се родиле во некој месец. Јас сум девица и не сум ни перфекционист ни сум пак педантна. Ни чистам ни се опседнувам со тоа ни ништо како што наводно нели треба. Ова е измислено за забава. И точка. Секој човек си е индивидуална личност и по тоа да ги оценувате не по што биле во хороскоп.
И јас истото како сандра го кажвав. ДА, си има рецепта, тоа е многу љубов,труд(секако дека има трудење и во врската, како немало),разбирање,поткрепа,грижа и се останато. И да, кај сите е така. Секој сака да ги има прво овие работи, за да се задржи за некој и тоа да функционира. А кај спомна по секоја цена мора да го има? Ете и се допаднал (тоа на прво место), затоа се труди да го задржи. Абе никој не спомна каква им е состојбата, таа не рече тој сака да замини, па да го задржва ц ц ц.
Лелеее, кој рекол... ПА сеа, тебе да ти се допаѓа некој, нема да гледаш да си со него, да го задржиш да се потрудиш? Сеа ако не оди и ако не сака тој, сречан му пут. Не реков јас со лисици в подрум да го врзи.
@Ginger^ малку погрешно сме се разбрале, јас всушност тоа што го правам не го правам затоа што сум прочитала или некој ми кажал дека девиците тоа го сакале. Не глумам нешто што не сум, се што правам го правам затоа што таква сум само сега овде прочитав дека сум на правиот пат. И со девица и со кој и да е друг знак исто така би се однесувала затоа што тоа сум јас. На кој му одговара океј на кој не му одговара - патот му е слободен. Едноставно ете се погодивме карактерно и тоа е тоа.
Devojki mi treba mislenje, neodamna pocnav da se gledam so masko devica pa me interesira kakvi se, inaku jas sum vaga vo horoskop
Од моето досегашно искуство, би рекла дека машките девици се личности кои не зборат за своите чувства, туку ги искажуваат преку дела. Малку се drama kings и можат многу брзо да го изгубат трпението. Сакаат да се во право секогаш, лесно се навредуваат. Изгледаат ладно, грубо, самоуверено, но всушност се многу мили и грижливи, и ретко се откажуваат од тоа што го сакаат, но кога еднаш ќе се откажат, толку ќе е. Исто така знаат и да се двоумат често и да не бидат сигурни за нешто. Спојлер: Но, Како што веќе реков ова е според моето искуство, и не мора да значи дека сите машки девици се такви.
Заборавив да додадам, премногу се искрени. Под тоа се подразбира дека ако им значиш, ќе ти ја кажат вистината без разлика дали тоа би те повредило.
Како психопати малце. Ако р опседнат со тебе ќе те контролира нон стоп. Сигурно ќе сака често да се гледате. Јас тие машки што ги знам и се родени во знакот на Девица ми се одвратни. Перфекционисти се, но мене ми смета тоа што сакаат да се во центар на внимание и мислат дека светот се врти околу нив.