Како со маж Бик?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Ishana, 18 мај 2010.

  1. Ishana

    Ishana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Што мислите за мажите бикови? добри или лоши искуства? како си одговараат со вашиот хороскопски знак?
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.702
    Ауууууу. За бикови можам на долго и на широко да зборувам. Се само со бикови имам искуства. Со мојот знак воопшто не си одговараат пошто сум овен. А биковите: (за мене) премногу романтични, инаетчии, упорни, посесивни.....
     
  3. Ishana

    Ishana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    а во пристап кон девојка? срамежливи? нападни? :^)
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.702
    Абе зависи. Ги има секакви. Најчесто се отворени и директни. Ама некогаш па тераат инает, сакаат да ги молиш и си го креваат егото.
     
    На Haritiela, simonna.a, seksi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.263
    Допаѓања:
    36.367
    Сигурни и со голема самодоверба.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.380
    Со огромно ЕГО, практични, мегаломани. Зготви им нешто, освојувањето најлесно оди преку стомакот (ова за сите мажи, но за Бикови најповеќе). ;) :D
     
    На House95 и missperfect им се допаѓа ова.
  7. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.619
    Јас сум бик па еве директно ќе одговорам на прашањето за биковите. Особини на биковите како што спомнавте премногу самоуверени, мислат дека можат се да направат, не признаваат пораз, значи ако пробаат нешто и не успеат во тоа, ќе пробуваат се додека не успеат...без разлика дали се работи за барање работа, пишување песна, бркање на женска? :) Имаат огромна смисла за хумор. Ако не ти е погоден денот, најди бик да правиш муабет, ќе ти го разведри. Егото им е многу важно. Кога ќе им го повредиш егото џабе е и извини да кажуваш и се, ќе ти речат ок е, ама знај дека не е ок. Премногу се толерантни. Значи можат да трпат многу, кога кажувам многу мислам навистина во екстремности, значи ќе трпат, ќе трпат, ќе собираат во себе, но затоа кога веќе ќе им дојде се преку глава може да избувнат за најмало нешто и да ѓи извади од контакт. Кога ќе избувнат не се агресивни, не кон друѓи личности туку чувствуваат дека ќе испукаат самите во себе и потхитно им треба нешто да си ја истурат беста. Уживаат во романтика. Веруваат во што веруваат и не подлегнуваат под туѓи влијанија, а најмногу веруваат во самите себе. Ако имаат нешто ставено во глава дека треба да го направат, џабе колку и да убедуваш додека не го направат они нема да престанат, затоа подобро помогни им, од колку да убедуваш наспроти. Многу добро им оди музиката и уметноста, затоа често може да се најдат како музичари, пејачи, уметници, а исто така и природните науки, особено математиката. Уживаат во разговори кои што го стимулираат мозокот, значи се навистина големи интелектуалци. Гледаат на ситуации реално, многу реално и кога ќе прашаш за совет ќе ти кажат како што е без разлика дали тоа ќе те повреди или не. Реални се.....реални се за сите други, за сите други ги гледаат проблемите какви што се и делат многу добри совети, но многу многу ретко самите да си послушаат совет, зашто како што кажав ако треба да се откажат од нешто, иако знаат дека тоа е најдобрата варијанта, они неможат да се помират со фактот дека нешто не им успеало. Нивното мото е, АКО МОЖЕЛ НЕКОЈ ДРУГ, МОЖАМ И ЈАС...ШТО Е ТОЈ ПОВЕКЕ ОД МЕНЕ ЗА ЈАС ДА НЕМОЖАМ...Сакаат егзотични места, сакаат одмори, сакаат да се во друштво, сакаат да се центар пажња. Значи у друштво обично биковите се главна така да речам фаца. По природа се лидери а не следачи. Природата ѓи тера да бидат најдобри во се, или да пробат да бидат најдобри во се. Тој стремеж да бидат најдобри во се ѓи води и ги турка и им дава мотивација за многу работи. ....


    Друго не ми текнува...Се надевам дека помогнав... ААА да... Кога сакаат стварно сакаат...Ако останат со некоја личност повеке од 3 месеци значи после тоа ќе направи се за да те задржи. Кажувам 3 месеци зашто многу брзо им здосадува. Сакаат да имат се, и кога ќе го добијат им здосадува...И бидете романтични со нив...обожаваат романтика....

    Thats it :) Inside во главата на бикот хаха
     
    На LittlePinky, Dream-Girl, princess5 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    1.585
    Дечко ми е Бик , а јас сум Вага :inlove: Ептен убаво се согласуваме, романтичари и двајцата :inlove: :inlove: :inlove: (Ах таа Венера ).
    Чуствителни се , романтични, трпеливи, внимателни, ама и бавни, љубоморни и материјалисти.
    Ја сакаат музиката и уметноста . (Дечко ми е музичар :rock: ) Е тоа можам да кажам јас од мое искуством а горе - долу се согласувам со постот пред мене .
    А ти што си во хороскоп ?
     
    На Macushkaa, Diamondkiss, HermioneM и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.350
    Хахахахахахаха Мистери мистери ме изнасмеа начисто. :rofl:

    Јас сум бик кхм кхм а и дечко ми е бик :) Рогленца сме ама си се сакаме ...

    Од мое неколку годишно искуство со бичиштето мое ќе споделам неколку работи .

    Мажите бикови мразат ама значи мразат да ги гњави некој премногу и да им досаѓа ... да не речам да ги напнува ...

    мажите бикови знаат да бидат страшно тврдоглави и истовремено неразумни зошто преферираат да одат со главата во ѕид само за по нивно да биде (не дека и жените не се такви :D ) ...

    Сакаат комфорт, удобност, мекост ... и кога спијат и кога јадат и што и да прават сакаат да им е убаво свиленкасто меко ...

    Доколку не си човек од збор и доколку не готвиш убаво кај бикчето немаш шанса :D Мрази лажење, претерано мрази некој да го лаже, но сепак знае да прости зашто неговото срце е големо ...

    Бикот е мрзлив е дури и премногу понекогаш но кога е во тие немрзеливите оооо може планина да помести :D Добро не до толку ама ке ја светне куќата ќе научи се и слично ...

    Со погоре кажаното од Мистери не се согласувам за математиката |( Јао. Нека ми дадат 60000 страни ќе ги научам порадо отколкју глупава математика ( и дечко ми би се сложил веднаш ) ... Ама добро сега тоа зависи кај секој различно но факт е дека кликерот им фаќа брзо :D

    Дружељубив е и добар ... свесен дека често го користат а пак помага и не одбива, лојален, верен пријател, секогаш тука кога ти треба ...

    Доколку засака, сака со целото свое срце, дава се... се што може да се даде и цени се што партнерто прави за него ... иако понекогаш е премногу тешко да се отвори и да зборува за чувства (не понекогаш туку ептен ретко се дешава тоа) сепак се предобри во љубовта и несебични и верни. Но напоменувам само кога вистински сакаат. безрезервно веруваат на партнерот но доколку еднаш паднеш во нивните очи е тогаш поправање на таа слика малку потешко ...нема да ти врати со лошо но ќе памти дека си цапнал преку црвената линија и неретко ке ти пререче одоколу. И доколку има партнерка бикот не заборава дека има свој живот... не ги заборава пријателите...

    Претежно не сака да излегува кај што е многу гужва кај што не се знае кој пее кој прди, но во чест на љубов или другарство може и такво нешто да се случи. Иако би уживал во тивка романтична убава вечера на кровот од некоја зграда па после во мека постела со личноста што ја сака. е да де филмски ама вистина е. Колку што знам јас ни по кафани така премногу не сакаат да одат. Барем мојот бик. Освен понекогаш ете колку да се пројде на ред :D

    Материјалисти се ... без разлика на која возраст се не можат да поднесат празен новчаник ... Не доаѓа во предвид ...

    Сакаат да ги мазиш и галиш и пазиш да ги чуваш додека спијат ...

    сакаат животни ...

    Хумани се ...

    И иако тврдат дека не сакаат изненадувања моето искуство го покажува спротивното ...

    ______________________________________________________________________________________

    Кога се работи за кавги биковите воопшто не сакаат љубоморни испади и караници за секакви безвезни работи ... сакаат да остават работата малку да слегне па мирно и смирено да се реши се ... Но доколку дојде до поголема кавга а често доаѓа би ти препорачала да се повлечеш. не сакаш да слушнеш таква караница меѓу нас ... тоа е страшно ... Кошмари ке има човек после тоа. За среќа до сега само три пати сме имале такви испади ...

    Друго не знам што би ти кажала ...

    не му го чепкај мобилниот ... мрази секаков знак дека не му веруваш ...

    зготви нешто убаво обавезно со винце и благо ...

    Имај контакт со очите ... тоа е убаво некако не знам да опишам ама секое машко го сака тоа ...

    интересирај се за секаква храна,филмови и музика ... музика која тој ја сака ... и веќе половина е твој :D

    И секогаш убаво мирисај ... Нема да згрешиш верувај ми .

    И да дефинитивно потврдувам вратот е најслаба точка кај секој бик. доволно е само еднаш да го бациш и ќе го полудиш начисто ... :D
     
    На Goody, princess5, m.m.5 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    1.585
    Точно :!:

    Ваааа :devil: :devil: Колку е само факинг точно , е мака ми е што заборавив да го пишам :rofl:
    Не да полудува, вришти :devil:
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.619

    Бик сум ;) ...

    и да се надоврзам на тедибеар, за тоа дека дозволува да го искористуваат, дозволува точно, но кога ќе му скисне, е бегај настрана зашто не сакаш да му стоиш на патот !!!! а за излегувањето, зависи од расположението дали е за у кафана или не, и најмногу од друштвото....со друштво би идел у кафана секој ден, не ми смета :rofl:

    друго незнам, пишав се горе што имав за пишување за бикот !!!!!
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.735
    Допаѓања:
    75.569
    Не признаваат не за одговор и упорни се.Не се добри слушатели и секогаш сакаат нивната верзија на правдата да биде слушната.Во однос на останатите мажи во животот на жената која ја одбрале се однесуваат премногу другарски,но од друга страна сакаат да ги потиснат и омаловажат,постојано се натпреваруваат,па дури и се непријатни.Имаат смисла за хумор,а некогаш ако потфрлат,е јбг пак мораш да им се насмееш зошто инаку се увредени.
     
    На anneyy и JuLleE им се допаѓа ова.
  13. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.619
    лелееее лилит сите негативности ни ги искажа :| :tmi:
     
  14. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.350
    Лилит јас не се согласувам дека бикот не е добар слушател ... И не се согласувам дека сакаат парнерот да го омаловажат и дека се натпреваруваат постојано дури и се непријатни ...

    А тоа дека сака правдата од негова страна да биде кажана да ... но тоа не значи дека ако се во криво не знаат да кажат извини :)
     
  15. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    1.585
    Знам дека си Бик, ја прашувам Ishana што е во хороскоп :? :)
     
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.937
    Тотална утка
     
  17. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    189
    Не се добри слушатели затоа што секогаш е јас вака, јас онака, за секоја ситуација мора да го вметнеме нашето јас :$
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.937
    Нема врска не се слагам.Можат да бидат и се многу добри слушатели но и советници.Знаат да се прилагодуваат и воопшто не се себични...има многу по себични од знаците во хороскопот.На крај краева сите се различни...влијаат многу фактори.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  19. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    189
    Не се себични воопшто, ама не се добри слушатели зошто кога некој ќе почне да раскажува за некоја случка, бикот одма има некоја слична ситуација што мора да ја раскаже. Барем за мене и биковите околу мене. :lol:
    Друга негативна особина што можам да ја кажам дека се мнооогу импусивни во моментот кога ќе ги изнервираш недај боже да си пред нив. Ама па им поминува лутина за 5 минути и не се инаетат долго време. :?:
    Даваат добри совети зошто секогаш ја согледуваат ситуацијата од повеќе аспекти и секогаш судат врз основа на факти. :geek:
     
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.734
    Ги обожавам како другари а како партнери се потешки.

    Биковите ми го исполнија животов, врти сучи - се на бикови наидувам. За мажите можам да кажам дека се крајно одговорни, никогаш нема да ве напуштат и токму тој инает кој го гледате како негативност во овој случај е позитивен - ако треба, за инает ќе останат покрај вас и секој проблем ќе се потрудат да го решат (зборувам за бракови, за семејства). Нема препреки за нив, на крај на светот ќе отидат за да ви помогнат, но за жал само како пријатели, како партнери понекогаш малку знаат да ве запостават во име на своите пријатели.
    Одличен смисол за хумор. Неверојатно пријателски и знаат да ви дадат одличен совет во секое време.
    Анализираат премногу и внимателно ве слушаат се што им кажувате. Вечни филозофи и хедонисти.
    Гурмани.
    Ако ги разочарате или им го повредите егото - ќе се повлечат и нема веќе ни во фаца да ве плукнат. Игнор засекогаш и крај! Нема враќање, нема попуштање.

    Со жени имам малку поинакво искуство иако и со нив во глобала имам одлични пријателски односи, ама за мажите потпишувам, дека доколку го имате за пријател сте добиле 7мица на лото. Ако го имате како партнер - не е лошо се додека не почне да ви пречи неговата посесивност и тврдоглавост, инаку се во ред :)

    Не се сите исти, нормално дека не можат сите бикови на светот да бидат како под калап правени. Јас извлеков заклучок врз основа на тие бикови кои премногу добро ги познавам.