1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како со маж Бик?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Ishana, 18 мај 2010.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.503
    Не реков за партнерката,туку за другарите на партнерката.
    Моето искуство е такво,ако не се согласуваат,слушаат,но не ја признаваат твојата вистина,што е еднакво како да не те ислушале и не прават компромиси или нивното или ниедно.
    Во мометов имам еден упорен бик и тешко ми оди комуникацијата,а беше многу лесна порано,кога сакаше да биде само другар.Сега се натега,се пазари,ај да се ценка,ама продава нешто упорно по цена по која не сакам да го купам,ма ни воопшто не сакам да го купам.Комплицирано.Јас зборувам од свое искуство,не мора да се согласуваш,впрочем и да сакаме да се согласиме не можеме,ти имаш свои впечатоци,јас мои. :)
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    барем за ова е лесно
    ако не слуша фати го за рокчињата или пак стави му црвено пред очи(биковите ептен сакаат црвено)
    да видиш после дали нема да слуша хехехех :$ :D :rofl:
     
  3. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Сори лилит али и јас не се согласувам со ова :$ ..... Напротив мислам, не мислам туку всушност знам, дека биковите се добри слушатели, ќе го ценат твоето мислење и ако не се согласуваат ќе ти дадат објаснување со факти зошто не се согласуваат. Доста добро знаат да дадат совет од кога ќе те ислушаат, зашто знаат реално и рационално да ја изгледаат ситуацијата....И да тврдоглави се, но прават компромиси и многу често попуштаат.....Имаат висока граница на толеранција, кога пишувам висока, мислам превисока, али кога ќе ја помине некој таа граница, таа личност веќе не добива почит од бикот....Без разлика што и да прави другава личност, да се извинува и што ти знам, џабе е.....До тој степен многу ретко се доаѓа, али сепак се случува бикот да избрише личност од неговиот живот....Од друга страна ако нешто е вистина ќе признаат...Сакаат хумор и таа нивна тврдоглавост што многу често ја покажуваат, е на еден начин нивната смисла за хумор, зашто они не се и баш замараат за тоа, не дека им е толку важно, туку со таа тврдоглавост на еден начин покажуваат еден интересен да не речам playfull начин или флертување, што многу често од околината е видено како преголема ароганција од страната на бикот, додека во неговите очи е само забавно....Ако бикот те цени како личност, знај дека многу нешто ќе треба да згрешиш за он да го смени тоа мислење за тебе, зашто не потпаѓа под туѓи влијанија, кај него сеуште владее она "додека не видам-не верувам"....Си стои на неговото јас, ако има оформено мислење за тебе како личност, многу тешко да се разниша тоа мислење .....

    али сепак секој со својте искуства ;) но не сме толку лоши како што не опиша ти :rock: :rock: :)
     
    На buba4e89, BoaVista и julie77 им се допаѓа ова.
  4. cupidsarow

    cupidsarow Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    13
    и јас сум вага а дечко ми бик супер се согласуваме ии да кажам дека точно е тоа што многу се реални упорни и ништо не можеш да им извадиш од глава да не го прават тоа ..собираат во себе точно и тоа до екстремности трпат(еве мене ме трпеше разни глупости правев...ама толку е романтичен толку реален што се е прекрасно..:D
     
  5. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    Не ми оди конверзација со бик, или врти накај инаетење или накај затапување.
    Си ги препознавам сопствените слабости во нив. Оти сум и јас Бик, веројатно.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    татко ми и најдобрата другарка се Бикови :$
    се сложуваме-оти сум Рак така да е ок. :$
     
    На Korija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kiki4kablondy

    kiki4kablondy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Женски
    Дечко ми е Бик јас сум Лав,толку се инати и неможеш да се докажеш со нив,ние сме многу различни и многу се караме мегутоа заедно сме 4 ипол години :) јас мислам дека си зависи се од човекот каков е,некогаш и подзнакот има големо влијание
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  8. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Цел живот сум опкружена со Бикови, слабост ми се немам поима зошто ама стварно ги сакам, барем тие што се околу мене.Е моето мислење за нив е малку контрадикторно во однос на првава реченица ама тоа е!!Значи: јас ги гледам како исклучително себични луѓе на кои задоволувањето на својата газица им е на прво место и ништо друго!!Значи си прават само по нивен ќејф да си наштимаат сатуација, а за другите ако се вклопат добро ако не нивен проблем.Многу се инает-тоа веќе сите го заклучивме!!Но секако имаат и безброј позитивни страни за кои токму и јас се лепам на нив.Смисла за хумор, верни се како луѓе пред се, толерираат туѓи испади и ред друго.Ах тие Бикови ах!!!!!!!
     
  9. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    Како со маж бик?

    Плис Пишете ваши искуства, а исто ме интересира дали сакаат директен пристап, или потаинствено, онака, тој да биде иницијатор?
     
  10. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.504
    Допаѓања:
    144.206
    Како со маж бик?

    МАЖ БИК
    Мажите родени во овој знак се динамични и енергични. Полни се со енергија која неконтролирано ја расфрлаат. Ја сака онаа работа која овозможува натпреварување, затоа што сака да победува, но до тие победи да не се доаѓа на тежок начин. Голем е практичар, снаодлив во решавање на проблемите. Неговата девиза е »целта ги оправдува средствата«. Не греши, но кога греши, тоа е планирано. Не постои замисла која не би можеле да ја остварат и во тоа не им е потребна туѓа помош, но не се впушта во работи за кои не е сигурен дека се возможни. Во работата е тврдоглав и не прифаќа туѓи уверувања. Повеќе ги води нивниот инстинкт, кој како некоја необјаснива врска со природата ги упатува на најдобрите решенија, така да некогаш незнаат ни самите да го објаснат достигот на својот успех. Во животот постигнуваат успех, но пријателите со кои е секогаш опкружен, кога ќе ја постигнат својата цел, им ја однесуваат главната материјална корист. Иако тоа го согледува, тешко го раскинува пријателството и секогаш ги оправдува постапките на пријателите. Несреќен е кога не го сакаат. На увредите е многу осетлив и поради својата гордост често се препира со другите. Луѓето ги отценува према успехот што го постигнале во друштвото. Го сака друштвото на интелектуалци и ужива во разговори за науката и уметноста. Сексот ги привлекува од радозналост и во љубовта се променливи. Бракот го издвојува од авантурата, кои се секогаш краткотрајни. Фамилијата и домот е негова држава, во која сака да владее, каде што угодно се осеќа , но не е владар. Во бракот гледа среќа и бара вечна љубов. Осетлив е и нежен, полн со чувствителност и почитување на спротивниот пол, но ако постои и најмало оправдување, постанува љубоморен тиранин. Љубовта му е страсна , но љубомората по својата големина и жар надвладува. Прилагодлив е кон брачниот партнер, па како животен пратеник му одговараат личностите родени во знакот на јарец, риби, рак, девица или шкорпија. Животот му е долг, и дури на старост се обогатува, иако тоа богатство не му причинува среќа.

    Се надевам ќе ти помогне. :D :rofl:
     
  11. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Многу работи изнакажавте за биковите и ја сум бик па можам да кажам дека горе доле се точни! Ама дефинитивно најточно е тоа дека вратот им е слаба точка! Тоа е кај сите бикови што ги знам,а ги има многу! Исто така сакам да додадам дека бикот е чуввствителен,сака дејности на отворено и е обратен знак на шкорпијата(што е за мене многу точно)!!! И незнам колку е ова точно,искрено јас не верувам ама имам слушнато дека мажите бикови сакаат да излегуваат со повеќе девојки истовремено
     
    На mirna0911 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    значи како можеше ова за вратов...стварно точно
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  13. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185



    значи се сложувам со блондираното ! инаку сопругот ми е бик јас знам како треба со него не треба да се предизвикуват на двобој бикот е силен и на вилици и општо :!: не попуштат никогаш и секогаш мислит дека е во право и плус ако случајно само случајно успееш да му докажиш дека не е во право не се извинуват ! за бикот важит паролата ,,НАПАД Е НАЈДОБРА ОДБРАНА,, во ова лично се имам уверено и немам живци да слушам перипетии демек ова она да ме напагат за да се извлечит и ич не го ни чепкам ниту пак му префрлам нека правит што сакат ама во главно не правит ништо што би ме извадило од контакт колку за толку можам да го толерирам ! :tmi:
     
  14. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    за бикот важит паролата ,,НАПАД Е НАЈДОБРА ОДБРАНА,, во ова лично се имам уверено и немам живци да слушам перипетии демек ова она да ме напагат за да се извлечит и ич не го ни чепкам ниту пак му префрлам нека правит што сакат ама во главно не правит ништо што би ме извадило од контакт колку за толку можам да го толерирам ! :tmi:[/quote]

    се сложувам со ова Нападот е најдобра одбрана...секогаш мене ме обвинува кога грешии ц ц ц ц
     
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    татко ми
    тетка ми
    другарка ми се бикови :lol:
    кога се нервозни,еден црвен превез пред очи и се ке биде ок :)
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Епа добродошли ошли ошли, драги феминки, ајде и јас ќе ви ја раскажам мојата приказна со едно роглесто бикче. :)
    Мојот многусакан бивш дечко беше бикче.
    На прв поглед - комбинација комбинације - савршенство без мане, демек рак и бик совршена комбинација.
    Ма иди бегај. :fubar:
    Шала на страна, имавме убав однос, а и самата имам мноогу бикови околу мене, почнувајќи од татко ми и сестра ми, па се до најдобрите другар и другарка.
    Биковите се така да кажам емоционално постабилни и не се толку (пре)осетливи.
    Ама некако многу ми беше неодлучен - дали ова само јас сум го приметила, или пак е својствено за нив - не знам, јас зборувам за мојот случај, искуство.
    Еднаш ќе каже за нешто вака и вака, по извесно време гледаш, го сменил мислењето, причина - непозната. Дали пребрзо се заситуваат? Немам поим.
    Не поднесуваат многу многу испади - хистерија, емоции, не дај боже солзи.
    Чувствителни се, ама прегорди за да пуштат некоја понежна варијанта на емоциите.
    Емоциите за овој мојов беа unknown theory, стиснат во искажување и покажување на чувства и нежности, ама му одеа страстите - све у свему беше еден пакет на сексоповикание, енергетска бомба! :D
    Љубоморни се, да, ама тоа е својствено (скоро) за сите, среќа мојов си ги знаеше границите и во оваа област немам замерки.
    Единствено ме нервираше неговото студенило, ама тука може и поднзакот има замешано прсти, бог знае.
    Сума сумарум, доколку ви се падне бикче на лото или во киндер јајце (шала) - добивате една многу комуникативна, ведра, личност која ќе биде тука да ве поддржи (се' до тогаш, до кога бикот смета тека е потребна неговата поддршка), од друга страна, тука е еден типичен фраер, горделив мажега, н а кој баш и не му е битно дали си во ПМС или не и дали ти се плаче ил ти се смее.
    Мое искуство, не мора да значи дека сите се такви. :)
     
    На Amelia, Korija и didi1982 им се допаѓа ова.
  17. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.598
    Допаѓања:
    23.105
    Пол:
    Женски
    Моево искуство:

    Толку се способни да сакаат, што не можам да опишам, спремни се на се за личноста која им значи.
    Ептен се емотивни и попустливи, дури и кога не им е нешто по кејф и им смета, во моментот прават проблем, ама после им поминува и ко ништо да не било. Мирни, ко мачиња. Стварно се со добра душа, а за возврат не очекуваат којзнае што, само сакаат доста внимание. И нежности и љубов. Ама, може да бидат и себични на момент, па да сакаат целосно да се посветите само на нив и на ништо друго. Знаат да се посесивни, значи.
    Е сеа. Мирни, мирни, ААААМАААААА!!!!!!! Огромно ама! Знаат да направат проблем и кај што го нема. Едноставно, станати се на лева нога и ајдеее сега, да се налутам за глупост, колку да не ми биде само мене денов крш. Некогаш таков впечаток добивам. И така за глупоста за која се налутиле мрчат едно одредено време, ако им допуштите, ама ако пресечете , ако им дадете до знаење дека АЛО ЧОВЕЧЕ ТОА Е ГЛУПОСТ, тогаш се свеснуваат, прифаќаат мислењето и пак одеднаш се - мачиња.
    На кратко, добар партер е Бик, ама со ептен променлив карактер. Од ден за ден ко да им се менуваат карактеристикиве, али у главном - пишав погоре.
    Фини се бе, фини.

    И да, заборавив. Ептен се емотивни и лесно можат да се навредат. И поради тоа треба да бирате зборови некогаш кога разговарате за некоја работа, затоа што може нешто у муабетот, кое нема врска со нив, да ги навреди. И така.
     
    На Korija, teddybear и Adi888 им се допаѓа ова.
  18. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Теди Браво за целиот пост, и мојот е бикчее....башш истото шо го имаш кажано, мислев да го пишам, да не се копираме по 100 пати,,се е преточноо!
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  19. TamarAa

    TamarAa Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    па ја не ги свакам тие бикови!!
    на почетокот се беше сјајно, а сега само ја ѕвонам, само ја зборам, само ја кажувам како ми поминал денот.... го прашав 100 пати дали има некаков проблем, вика нема.
    и еве веке 3 недели се слушаме т.е. ја ѕвонам и ја правам муабет и на дечкото не му текнува да ми рече да се видеме.
    еднаш не му ѕвонев 5 дена и после он е јако навреден зашо не сум му ѕвонила.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Diamondkiss

    Diamondkiss Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    38
    Леле да ти кажам ме израдува сега. Мојот да кажам иден мувач е бик а јас сум вага :inlove: и насекаде сум читала дека отпочеток можеби оваа комбинација нема да да ги најде заедничките работи но подоцна не е така,всушност имале се заедничко. Па еве вака ти се појави со оваа комбинација и морам да те прашам како ти беше во првите денови да речам додека се заведувавте? Кажи се што ти беше најубаво во таа врска, се надевам дека и сеуште трае. Поздрав :* :*