Еве што јас имам научено за нив, барем за машкиот дел од знакот. Најдобриот другар ми е Шкорпија. Плашлив е општо за се. Се сили секогаш дека ќе се одмаздува на некои што му згрешиле, но откако ќе му покажат заби се повлекува, освен ако види дека противникот е поплашлив од него. Досаден е малку за комуникација. Си го сака многу знакот, но ги мрази сите други што се истиот знак. Многу е затворени малку чуден. А за грешење, многу пати сум му згрешил...па ништо не се случило. Некад намерно, некад ненамерно.
Примете ме во групата на мразачи на шкорпии!!!! Додека правевме планови за свадбата наша , тој си се смирил со бившата И денес дознав дека ми раскинува и дури и веридба ќе си праат или сум јас преглупа или шкорпиите се најголеми лажговци... Како и да е подалеку од шкорпии , уствари од машки род воопшто
Хмммм сигурно е шкорпија? Или парарелно се гледал и со бившата или не е шкорпија ...бидејки крај за шкорпијата е стварно крај
Јас сум пример како крајот не е секогаш крај за шкорпија, камо да беше, немаше трипати да поминам низ иста болка со шкорпија, читај од слепа љубов, лепевме нешто што се скршило веќе. Ова со љубовта, повеќе го кажувам за мене, а шкорпијата дали ме сакал? Не верувам, тој беше еден тежок себичњак и егоист, и ене го сам е, и нека цркне сам, нема да најде друга будала што ќе го трпи како мене
Кој да знаел Ракот е сентиментално заљубено будалче (јас) Шкорпијата себичен, егоист, ама убав до болка (тој)
^ Исто и мажи Скорпии, тотално. За дечковци се тешки, кој може да излезе на крај, супер. Окцето им шара наваму натаму, мора женското да е секогаш средено и дотерано. Кај нив многу пали мојата најомразена тактика, топло-ладно. Ама двајца најдобри другари на цел свет ми се Скорпии и рака ставам во оган за нив. Откако ги знам како на сестра ми се наоѓале. Едниот од нив еднаш и врска ми предложи, ама го знам со бивши каков бил и ноу. Реков да не го упропастуваме ова што го имаме. Ама како дечковци, тешко, многу.
Скоро сите дечковци кој ми се свиѓале и кој сум ги имала биле шкорпии, некаква магиска привлечност имаат на мене... Најверојатно дека и јас сум воден знак риби па викаат дека одговарале, мене супер ми било со нив. Маж ми е девица и со него се сложувам добро зошто и мајка ми е па знам што цепидлаки се се имам навикнато.