Леле темава, па и советите... Толку ли зло сме ви нанеле што советувате да не заобиколуваат??? Не сме лоши, до толку. Шала на страна, јас не се разбирам премногу во хороскоп, но ме фасцинирале хороскопските карактеристики кои навистина може до некаде да ја опишат личноста со тој хороскопски знак. Знам дека се само нафрлани епитети во кои секој може да пронајде по нешто, но.... Постојат ли некои генерални карактеристики кои нас шкорпиите секогаш не ставате на спротивни страни на спектарот, или како фатално добри личности или како најголемо зло? Што би требало да задржиме, а што да промениме според вас за да станеме подобри личности?
Што си во хороскоп ако смеам да знам? @Billy Idol еве Фемина што кажува : Добри карактеристики: Магнетни, таинствени, страсни, лојални, заштитници, смели, добри советници, категорични, интуитивни, со интензивни чувства и емоции, љубопитни, самокритични, енергични, не примаат средна позиција, поседуваат способност за аналитично мислење. Лоши карактеристики: Опсесивни, посесивни, љубоморни, манипулатори, сакаат да се одмаздуваат, секогаш незадоволни, деструктивно критични, тирани, брутални, жестоки, завидливи, нетолерантни. @Justicija сигурно може многу подетално да каже дали добрите карактеристики навистина шкорпиите ги поседуваат.
Нема личност на овој свет кој поседува само негативни карактеристики. И еден Хитлер имал нешто добро во себе, сакал животни. Изгледа ти кај шкорпиите си ја пробудила само лошата страна, па само таа и ја знаеш. @IM.TMKQ , како и што очекував.... Рандом нафрлани добри и лоши особини во кои секоја личност ќе може да пронајде бар една во себе, не мора да е шкорпија. Океј, ја пронајдов повеќе. Од двете категории.
Јас сум скорпија и се е точно за добри карактеристики,а лошиве карактеристики секој знак ги има така да..
Точно, но за секој посебен знак, сепак има некоја разлика во однос на тоа какви епитети се зададени. Ваљда постои некоја логика. Кога зборуваме за хороскоп, подзнакот, месечината и останати фактори исто имаат влијание, но не сум толку упатена, не можам повеќе да кажам околу тоа.
Шкорпија бега од проблеми, изчезнува како кукавица ,љубоморни,опсесивни,внатрешно злобни , они ќутат те гледаат во очи и садистички работи му се мотаат во глава ,не знаат да простат , се одмаздуваат и за најбанална работа Ги мразам тие суштества! Добри карактеристики се сексот е врв , привлечни се и тоа . Инаку јас сум Вага подзнак Риба
И едното и другото , кон пријателите се завидливи и сето тоа со ќутенката , не се искажуваат но еден ден све излегува на виделина
Мажите шкорпии се многу поразлични и потешки личности од нас жените шкорпии Јас со друга жена шкорпија одлично се согласувам, ама со маж шкорпија е не ги можам стварно
И јас имав другарка скорпија,одлично се сложувавме. Она ме разбираше и јас неа затоа што нели двете сме исти.
Многу се доминантни општо сите припадници... гласни, се лутат ако не и погодуваш, сакаат само нив да ги гледате и имате и никој друг сакаат да и се потчинуваат и некој да зависе од нив типичен садистички знак.. Познавам 4 5 и никогаш не сум видела да плачат
Веруј скорпија никад прва не се закача и не повредува никој се додека не биде испровоцирана и повредена. Тогаш станува непријател,зар очекуваш да те гали? Еве по мене знам каква другарка сум,душа давам за моиве и верна до гроб.
Јас зборам за тие што ги познавам лично ,тебе не те знам и не можам да кажам ништо за тебе, но овие што ги познавам се демначи , демнаат со ќутенката , го демнат секој чекор , бегаат од проблеми,прави кукавици , садисти , матријалисти,опсесивни,болно љубоморни еден убав збор немам за шкорпии ! Тие што си имаат работа со шкорпии господ нека им е на помош (секако доколку постои)
До пред некое време сакав интересен симбол што потсеќа на скорпија да тетовирам,ама арно не сум, ќе ги одбивав сите луѓе уште пред да ме запознаат Иначе тука сигурно делува и подзнак и месечина,у последново сум риба па можда затоа сум фина. И ја обожавам компир манџа да јадам