Добро бе луѓе 2021 година дојде вие уште верувате дека хороскопскиот знак има некаква врска како ебел некој ако бил шкорпија, лав, прч, како се понашал, какви карактеристики имал бла бла. Се тоа си зависи од самиот карактер на човекот. Јас познавам минимум 5 луѓе шкорпии и благе везе си немаат еден со друг иако се ист хороскопски знак. Дај опрајте се.
Јас сум вљубена во Астрологијата и Астрономијата , ако не веруваш ти тоа е твој проблем нема што да го наметнуваш на некого твоето мислење ! Јас не сум некој верник и не ги посетувам воопшто темите за религија ФМП
На никого јас не наметнувам мое мислење, јас само си го кажувам моето. А ако ти мислиш дека положбата на Јупитер или Венера има влијание на твојот љубовен живот или финансиска состојба, со среќа.
Јас сум стрелец, а маж ми скорпија - функционираме одлично. Сега ќе ти кажам кај лежи зајакот во нашиот случај : од негова страна он ич не ме гуши, ми дава слобода , ме поддржува посебно во делот кариера оти сум максимално амбициозна и одам во крајности, а он сето тоа го поддржува , значи не ме напнува. А јас од моја страна сум максимално искрена, нема глумење оти скорпијата е злопамтило и буквално памти секакви срања ако заебам нешто , па затоа играм со отворени карти за СЕ, а поголемиот дел се заебавам и нудам насмевка кај него. Убо ми е на душа ко ќе ми каже : абе цуци , знаеш да ме насмееш Срцуш мој е он, многу го сакам
Татко ми е Шкорпија и маж ми е Скорпија.. различни се како ден и ноќ.. само тврдоглавоста им е иста.. Татко ми е мек како памук а маж ми е со сите карактеристики на Скорпија.. Посесивен,злопамтило,љубоморен, сака се да му е под контрола, тој секогаш во право и никогаш ама никогаш не попушта.. подалеку од такви скорпии
Стварно? Мене не ми е маж, но се допишувавме со месеци и реков редно време е да се видиме. Живееле во различни градови. Можи ли ЛП за, муабет?
Шо се деси наеднаш излади? Последно го побарав да се видиме на камера. Не крена. Се праи дека нема ни видено. Ако не сум му на мјут јас. 10 дена абер нема. А до пред тоа... Буквално се ми раскажа за него.... Дури почна за сексот негов да ми опишува и ме прашуваше и за мојот сексуален живот... Мислам... Лол. Откако видов дека не ни ме ферма го откачив. Нит го барам, нит ништо. Само чудно многу....
И да и не по мене Да пошто вагите се помеки од шкорпиите, поемоционални и ќе има баланс. Не, од аспект што вагите се нерешителни, а шкорпиите се тешки луѓе. Треба да знаеш околу нив, сакаат самоуверени особи, индиферентни, одлучни, сакаат луѓе што знаат што сакаат, цврсти карактери. Да го нема она ,,паа ајде ако сакаш ќе се видиме” ,,ако сакаш ќе одиме на кино”, него решителност ,,ајде вечер да одиме на кино, најдов многу убав филм”, ,,денеска сум многу убава”