Дечко ми е шкорпија, и искрно мене ми е супер и во однесување и во бакнување и во се останато ! Прочитав во некои постови дека се љубоморни, што не би се согласила со тоа, барем не според тоа како он се однесува со мене. Премногу е внимателен, романтичен, љубезен и секогаш мене ме става пред него. Јас овен како овен, сакам да е по мое, и на моменти сум тврдоглава, но знаете што, успеа да ме скроти за овие 6 месеци. Сега гледам за се компромис да направам. Ми се допаѓа што секогаш знае да ме изненади, како со подготвена романтична вечера лично од него, така и со најситен детал, обично чоколадо. така да покрај мојот знак овен можам да кажам шкорпија RULES Спојлер предходниот дечко ми беше стрелец и можам да кажам дека беше најљубоморното живо суштество на земјава, дури имав забрани да се дружам со одредени луѓе- тука ќе го ставам најти (среќа он беше коректен па разбра каква мака си имав тогаш, со каков терсене човек идам па не ми се налути) и покрај тоа што немаше никаква причина за истата
јас сум Рак во хороскоп,и во семејството а и надвор од него имам запознаено Скорпии баба ми што највеке ја сакав беше Скорпија(многу внимаваше на својот изглед, самоконтрола,и дипломатија) братучедите се скорпии(иако се близнаци се сосема различни) еден дечко што го познавам е Скорпија(имаше долга врска со една девојка, па сега пак е со една друга како му успева незнам ама изгледаат многу заљубени, ама забележав дека му се допагам, и многу е некако фин, љубезен, и секогаш насмеан, расположен и се обиде со љубезност ама јас не покажував знаци па џабе му е и опашка и боцкање и отров и еден колега е Скорпија(многу затворен во себе, нервозен, секогаш смешко, забавен, и многу скриени чуства во себе) инаку не сум била со Скорпија во врска, мувачи или тн
Со шкорпиите е тешко , и со маж и со жена... И јас самата сум шкорпија, и признавам, многу сме комплицирани. За мажите - одлични љубовници, екстремно привлечни, неверни и тешко се заљубуваат.Искрени, дури и сурово, а за пријателите се незаменливи. Ако имате шкорпија за пријател можете да бидете спокојни- тешко дека ќе ве изневери...
Ok, дали е карактеристично за шкорпииве (машки посебно) да незнаат шо сакаат... Или може пак многу време им треба да одлучат шо сакаат ??
Јас сум дупла шкорпија и типот со кој што се гледам е дупла шкорпија.. Се додека не го запознав не знаев дека навистина сме толку комплицирани.. но сепак Да љубоморна сум кога имам причина за тоа, се водиме на интуиција, кај нас нема просечност, или е се црно или бело, премногу простуваме, сакаме да ни се враќа во иста мера колку што даваме, а знаеме да дадеме премногу, сакаме да играме топло ладно, а не сакаме некој со нас, сакаме да доминираме, но кога сме заљубени дозволуваме да се доминира над нас, но тоа најчесто не завршува најдобро. Не не привлекуваат личности кои што премногу се залагаат со нас, сакаме ние некој да бркаме, да се измачуваме, едноставно се што ни е на тацна не е интересно.. Шкорпиите се премногу мазохистички настроени спрема себе, чудни сме.. Но за пријателство знаеме да бидеме најверни пријатели, исто така и во љубов.. Штознам тешки сме навистина, не велам не, но такви сме и тоа е посилно од нас.. Еве и јас сум шкорпија и не можам да го сфатам типот со кој што се гледам. Премногу сме слични можеби, па затоа не иде.. Тераме инат, горделиви сме, но едно знам, а тоа е ако шкорпија сака да има нешто ќе го има по секоја цена, едноставно знаат да се борат за тоа што го сакаат! Ви посакувам среќа со машките шкорпии, воедно си посакувам и на себе, затоа што со нас никогаш не се знае
До сега научив дека се многу посесивни, и не знам зашто ама моментално ми се допаѓа тоа. Опседнати со сексот, многу добри љубовници, перверзни, искрени пријатели, сакаат предизвици и кога ќе си зацртаат нешто се упорни до крај... Сакаат да се докажуваат. Мистериозни се ,и тешко се отвараат, што многу ме нервира, ама изгледа се штитат на тој начин. Инаку кога некој им значи се способни се да направат.. Многу емотивни. Но сепак се многу горделиви. Имаат јак карактер и не се сугестибилни, што многу ми се допаѓа. Но, затоа пак некогаш се тешки за искачање на крај, и сакаат да им се каже дека се они во право. Сепак се праведни, и имаат чиста душа, која можат да ја осетат само оние кои не им згрешиле. Како со нив? И најлесно и тешко Само научив дека се страшни инати , и со убаво и малце провокации и предизвикување мала доза на љубомора полесно е. Ама ако се згреши дозата .
Мажите родени во знакот на скорпија ја имаат моќта во врската. Тој може да ве погледне во очи, преку нив да навлезе длабоко во вашата душа и да дознае како може да ве натера да го посакувате и да сторите сè што ќе побара од вас, без да го помрдне ниту малиот прст. Неговата мистериозна, страсна и напната природа е инспирација за главниот лик во љубовните романи. Сè што поседува во себе, вриска од моќ: неговите длабоки емоции, дрско однесување и најважно од сè, неговиот неодолив сексапил. Мажите родени во хороскопскиот знак скорпија се како подвижни магнети и не можете да се борите против таквата привлечност. Впрочем зошто би се бореле против неговиот магнетизам? Само се залажувате себеси дека е тоа воопшто возможно. Вие сакате да дознаете што се крие зад неговиот интензивен мистериозен поглед. Сакате да дознаете што си мисли. Сакате да дознаете какво е чувството да водите љубов со него. Што е најтрагично, тој може сè уште да не ви кажал ниту еден збор, а вие да не можете да престанете да мислите на него. Дадете му знак дека сте заинтересирани, предадете му се и дозволете му да ве поведе на неговата прошетка. Но, пред да го направите првиот чекор, запрашајте се колку цврст карактер имате. Можете ли да чувствувате, размислувате и да се однесувате, користејќи ги сите ваши сетила истовремено? Ако можете, тогаш направете си услуга на себеси и почнете да ја освојувате вашата скорпија. Ако не сте доволно емоционално длабока личност, тогаш најверојатно ова момче не е за вас. Немојте да се плашите да му пристапите. Наместо да одите да му го побарате телефонскиот број, дајте му го вашиот. Кажете му дека е многу атрактивен и да ви се јави доколку сака да проведе време со вас. Тој многу лесно се возбудува кога девојка го прави првиот чекор. Тој сака самоуверени девојки со јако изразена сексуалност. Таквите особини му кажуваат дека без разлика што и да се случи помеѓу вас, вие ќе бидете подготвени за тоа. Кога ќе ви се јави, дозволете му го да испланира состанокот. Машките скорпии се фасцинантни суштества, така што со нив никогаш нема да ви биде здодевно. Местото каде што ќе решат да ве одведат за вашиот состанок, на некој начин ќе претставува рефлексија на неговата личност. Додека сте заедно, посветете му го целото ваше внимание. Скорпиите се ловци на детали и кога најмалку ќе бидете свесни, тој ќе ве посматра и ќе ги документира сите нијанси на вечерта помината со вас. Кога ќе се подготвувате пред излегување со скорпија, дотерајте се убаво. Имајте на ум дека излегувате со моќно сензуален маж. Акцентирајте ги најдобрите делови од вашето тело. Ако имате големи гради, облечете провокативна блуза, која нема да открива премногу, а ако имате добар задник, облечете ги најтесните пантолони кои ги имате. Доколку забележувате дека тој не може да го тргне погледот од вашите усни додека зборувате и во очите му „светка“ страст, тоа е знак дека сте ја постигнале вашата цел на првиот состанок. На емотивен план, никогаш не треба да се сомневате во тоа колку вашата скорпија ве посакува. Неговата љубов ќе ја почувствувате со секој дел од вашето тело. Кога вашата љубовна врска ќе созрее и кога тој ќе ве запознае добро, ќе знае и како да ви го даде токму она што ви е потребно од еден маж. Она што треба да го сфатите, е дека за да ви го пружи сето задоволство кое ви треба, мора тој да ја има контролата во вашата врска. Скорпиите имаат една необична особина, со која ги збунуваат другите луѓе, поради што некогаш се сметаат за најтешко сфатливиот знак во зодијакот. Немојте никогаш оваа нивна особина да си ја сфаќате лично, бидејќи тој само се обидува на милион начини да ви објасни како се чувствува и очекува од вас внимателно да го слушате додека го прави тоа. Скорпиите се слични како животното кое ги претставува – бистри, внимателни и непредвидливи. Тој постепено ќе ги планира неговите чекори, никогаш нема да си го троши времето, но никогаш нема ниту да избрзува со заклучоци. Сите негови љубовни врски најверојатно ќе ја следат ваквата шема. Тој е многу независен и повлечен. Понекогаш неговата таинственост и мистериозност е збунувачка за другите луѓе. Скорпијата нема да ве „боцне“ со нејзината опашка, ако не ја загрозите на некој начин. Во принцип, претставниците на овој знак се директни и страсни. Благодарение на нивната интуитивна природа, скорпиите ги разбираат потребите на нивниот партнер и ќе направат сè што е во нивна моќ за да му ги задоволат. Понекогаш можеби ќе ви биде тешко да се справите со него, но бидете сигурни дека тој ќе направи да се чувствувате како да сте центарот на универзумот… се разбира доколку сте лојални спрема него. Скорпиите се доживуваат себеси и нивните љубовни врски многу сериозно. За да го задржите покрај себе морате да ги делите истите ставови. Бидете нежни, верни, отворени и предани кон вашата скорпија. Овие карактеристики плус вашата емоционална длабочина, ќе допрат до неговото срце. Немојте да го заведувате ако не планирате да имате долга и значајна љубовна врска со него. Играњето „валкани игри“ со скорпија не е воопшто паметен потег. Ако сакате цврста интимна врска со него, немојте ни да помислувате да го правите љубоморен за да видите како ќе реагира. Немојте да играте никакви игри кои ќе ја вклучат неговата заштитна ограда. Ако му згрешите тој нема ниту да ви прости, ниту ќе заборави, туку ќе сака да ви се одмазди за болката што сте му ја нанеле. Скорпиите се екстремисти и имаат многу интензивна природа. Тие живеат според мотото „сè или ништо“. Тие се длабоки, страсни луѓе и во нив се крие многу повеќе, од она што однадвор е видливо. Она што лежи длабоко скриено во нив е една бескрајна моќ, страстен сексапил и силен карактер. Овие мажи се одлични заштитувачи и во нивни раце секогаш ќе се чувствувате безбедно и љубено. Со личноста во која ќе се вљуби ќе биде многу сочувствен, тотално лојален и дарежлив. Поточно кажано, љубовната врска која ќе ја имате со некоја скорпија, ќе биде исто толку цврста, како магнетизмот кој ве повлече кон него на почетокот
Значи еве и ја сум шкорпија . И можам да потврдам дека сме многу комплицирани .. и дека имаме тежок карактер значи се што намислиме се си остваруваме ...
Како да си ми дома, го опиша мм до детали Потврдувам за овие карактеристики од лично искуство. Спојлер
Јас па се со Шкорпии се фаќам. Шкорпиите знаат да бидат и добри и лоши. Но многу големи лажговци се, тоа од искуство ви го кажувам. Љубоморни се, но знаат да бидат и романтични и се да направат за девојката. А морам да признаат дека многу добро се бакнуваат и згодни се во поглед на изгледот.
Имам 38 години, во хороскоп сум СКОРПИЈА, го ОБОЖУВАМ сексот и секое експериментирање во него. Во мојот досегашен љубовен живот имав среќа да бидам и со 3-ца СКОРПИИ. Случајно или не, тие беа НАЈДОБРИТЕ љубовници, токму онакви какви што би посакала секоја СКОРПИЈА. Мистериозни, ненападни, иновативни во сексот, подготвени за истражувања и експериментирања, нежни, ама на моменти и груби, сакаат се, само монотонија во сексот НЕ. За да ги освоиш, а сметам дека ги имам освоено, треба да не ги гушиш и да не им дишеш во врат, да не им покажуваш дека ги сакаш, туку дека ги ПОСАКУВАШ, да им ја покажеш својата сигурност во себе и потребата за доминација, да побараш од нив се што ќе посакаш поврзано со експериментирања во сексот, да им воочиш дека тие не се единствените машки суштества без кои не се може, дека секогаш може да им се најде замена, дури и кога тоа не е така. Јас сум СКОРПИЈА и не сакам да сум ништо друго освен скорпија.
Од шкорпииве коса ми се крева.Ама па се на нив налетувамм Година дена затрескана сум во шкорпија и стварно незнам како да се однесувам со него.Толкуу е мистериозен,со него никогаш не знаеш на што си,игра топло-ладно,се лути за секоја ситница и тешко простува.Простува но не заборава Големо злопамтило.Ама па мнооооогу привлекуваат.Посебно со тој нивниот препознатлив продорен поглед Ама ајде помагајтее.Како да се заведе шкорпија?што ги привлекува најмногу?
Никако со маж во знак шкорпија, барем јас така мислам. не може да се излезе на крај со нив. Болно љубоморни суштества, злопамтила, се лутат за се и сешто, се треба човек да им докажува, никако не се убедуваат. Еднаш бев со таков будала и никогаш веќе.
Секаде сум читала дека водолија и шкорпија биле најлоша комбинација па врска нема Така да ова со хороскопов се чисти глупости
Поим за страст се шкорпиите. Имаат некоја привлечност на која ретко кој може да одолее.. ахх Јас сум рак па можам да се справам со нив, знам како функционираат, сепак водни знаци сме xD
Скорпиите се терор во движење. Ама се и проклето секси. На прв поглед повлечени, ама само на прв. Дрски, тврдоглави и чувај боже ако станат љубоморни. Ама прекрасни. И баш како да си го барам со боринка што секогаш завршувам со скорпија, ама посилно е од мене. Риби сум јас, ама не типична повлечена и романтична туку на дрскост враќам со дупло дрскост, мислам дека тука и најмногу шкорпиите паѓаат. А никој не знае да те изнервира како шкорпија. Само неговото е точно бре и толку, нема поинаку. Нема да ти прави сцени и да вика ама остри се на јазик и не попуштаат кога караницата е во тек. Љутковци ама брзо им поминува лутината, тука се погаѓаме. А за љубење, тука им нема рамен.