Никогаш не сум се замарала со знаци и карактеристики зошто мислам се индивидуална работа, ама за се има прв пат. Веќе година дена имам една скорпија во моја близина, професионално се поврзавме, и некако односот ни се зближи несвесно. Мноооогу чуден карактер, опипува што човек си- па после евентуално се здружува, мистериозен, донекаде недоверлив и срамежлив,слуша и купува, ама со мене веќе мн почна да се ослободува (ваљда дека сме со исти дешавки и размислувања), постепено се повеќе ми открива за себе и околината, иако некогаш го осеќам како да се крие под "лушпа од орев" и не се дава, знае да се извини, му значи моето мислење. Многу време поминавме заедно, и цело време си негирам, не е мој тип, ама.... Незнам како со него, мн пати имам нагласено дека убаво што сме пријатели, како да допрам( индиректно )до него? И да, од што ми е мистерија, неможам за прв пат да оценам дали од негова страна е чисто професионално или има нешто повеќе, некогаш до толку ќе ме загледа што ќе се занесе и се збунува, па ќе лупне некој коментар ради реда Го разбирам за мн работи, фин муабет имаме, секогаш ме бара за средба... Терсен човек тууууу!
Татко ми е шкорпија и мислам дека не е лесен човек да се живее со него хаха.Имав и бивши шкорпија кој беше многу грижлив и внимателен.Тоа што можам да се согласам е дека не се луѓе кои знаат да се отворат.Сепак мислам дека се е до карактерот на човекот,независно од хороскопскиот знак.
Имам бивши шкорпија, а и јас сум. Оваа шкорпија-маж што имав прилика да ја запознаам , и да поминам некое време со неа ми остави впечаток дека мажите шкор. се многу поразлични од жените. Тоа што за мене беше невозможно, необјасниво, ненормално .... за него си беше секојневие. За мене изневерувањето е глупост, а мислам дека и на повеќето од вас додека тој со мене ги изневеруваше сите девојки ( што ги имал во тие неколку години , за кои јас отпосле дознавав) а и мене мислам дека со истите или некои нови . Наклонет беше кон лаги , празни ветувања, сомничави постапки, бега од проблеми , не сака да разговара а некогаш и правеше да се чувствувам како да немам право на тоа. А од друга страна, романтичен ,страстен, амбициозен, интересен, џентламен али попусто ... Може не е до хороскопскиот знак ,али ете мое искуство.
Мое мислење за маж шкорпија е формирано според мојот дечко. Епа вака доста емотивен иако тоа тешко го покажува, љубоморен но си има граница, посветени во врската, романтичен скоро па никогаш за жал, опуштен, лесно се спријателува, лесно се справува во тешки ситуации, трпелив, секогаш ми попушта, ме слуша, често избрзува со бурни реакции... Не ми текнува друго .
Супер комбинација. Секогаш ќе имате за што да разговарате, а имате и многу заеднички карактеристики како амбициозноста, мотивираноста, решителноста. Јас сум Јарец во подзнак Шкорпија и до сега најдобро сум се согласувала и најдобро ми е со машко што е Шкорпија
jas imam eden skorpija na povidok, spontano se zapoznavme i eve sega ima nekoi iskricki, tainstven, zabaven, i najcudno e sto celo vreme saka da me dopira da mi se priblizuva i da iskazuva naklonetost prema mene, a i sto ne e tipicno za skorpiite. Mislam deka toa e bidejki saka da mi vleze pod koza . Dava komplimenti...bdw jas sum bliznak sto mislam deka bi bile dobra kombinacija, ama ako jas kako bliznak si gi zacuvam vrednostite, ni pod razno da im se popusta. Treba nekoj takov skorpija za bliznak da me stabilizira malce posto nie bliznacite znaeme da bideme mnogu rasfrlani, nepostojani, neuporni, neverni hihih. Sepak ke kazam neobvisno od horoskopski znak sekoj maz e skoro ist samo treba grnceto da si go najde kapaceto.
moite dma se devica i skorpija, postojano se raspravaat, ama se maz devica i zena skorpija. Mislam ako bi bile obratno bi bilo mn dobro.
Астролозиве викаат рак и скорпија си одговарале. Ма последен да е на светов не би била со него. Можеби немаат лош карактер ама ми се одбивни...
Многу чуден карактер, но вака многу работи ми стануваат јасни кога читам и ова ми доаѓа ко совети, и онака станав досадна во Рибите,сега ред на Шкорпија хх Ме интересира лесно простуваат? Како поблиску до нив? Бргу се лутат? Се враќаат на бивши? Лажат често? Нападни се?Упорни? Овој многу повлечен ми стои од страна набљудуван ко без желба за живот. П.С. Тој Шкорпија, Јас Терезија, како оди ова?
Со шкорпиите не се справува, тоа или си бидува само по себе или не. Нема терк, правило или рецепта. Рече една налудничава шкорпија, која патем има дечко со месечина во истата. А исто ќе му дојде и кај другите знаци.
Гледам дека ова го имам пишано пред 6 години и уште сме заедно Љубоморни се доста, но тоа го кријат. Сакаат ако си со нив да си само со нив, простување во смисла на изневерување, не простуваат. За лутење можам да кажам дека јас повеќе се лутам и повеќе сум избувлива, тој е посмирен и потешко се лути. На почеток јас повеќе попуштав во кавги, сега е обратно, тој повеќе ми попушта.
Јас не знам дали хороскопскиот знак влијае многу врз личноста, али какви проблеми сум имала со машко во знак шкорпија тоа е страшно. Значи јавување на секои пола саат. Манијачење по фб зошто сум укл, зошто искл. Кога ќе ме виде во чаршија очите отворени широко за да види, со кој сум и што правам и како правам. Значи да се поздравам со машко онака другарски да се гушнеме нема шанси. Мора секој ден заедно да испаднеме. Со еден збор како психопат ми беше, а добро е што на време го откачив. Една вечер бев испадната со другарките и за дома си викам такси оти 1 саат ноќеска, а на него не се јавив бидејќи гужва и чекав првин дома да отидам. Кога се возам јас со таксито и на мојата улица тој стои и чека, абе каков стра сам изела таа ноќ само Господ знае, и после тоа кога јас влегов дом тој се качил во таксито и прашал од каде ме земал. Многу пати ми викал ќе се самоубијам ако ме оставиш, ова ќе направам, она ќе направам итн. Сега гледам си има вереницА и ја жалам жената искрено.
Никако. Богами ни со жена ни со маж, јас иако сум воден знак се' што сум имала со шкорпија на лошо испаднало, особено со другарки. Сите испаднале крајно дволични, лицемерни и користољубиви. Правење се на нив како што им одговара, воопшто немаат обзир за туѓите потреби, премногу љубоморни и посесивни а во суштина и не знаат да сакаат вистински, туку ко да се со некој само да им го пополнува егото и да им го исполнува времето. Дури и во случај стварно да те засакаат како партнер, не дај боже да направиш најмала грешка, во нивните очи изгледа ко да си ги предал за цел живот, и ќе ти смислуваат одмазда после тоа секако. Или добри, добри и наеднаш ќе шизнат од нигде никаде и ќе те остават буквално без никакво објаснување или ќе ти кажат дека не можат они со тебе да се замараат. Ај, си викав да не верувам во хороскоп, глупости се, ама неколку вакви шкорпии ми се имаат погодено до сега, до знакот ќе да е нешто.
И јaс имaв шкoрпијa мaлку, сегa ме интересирa дaли се врaќaaт нa стaрoтo? Рaскинaвме, си фaтив нoв пo пoлa гoдинa, и сегa скoрo пишaл нa брaт ми декa сaкaл дa сме пaк зaеднo aмa штoм пoсле негo сум имaлa друг тешкo ќе биднaлo, кoлку си стoјaт нa збoрoт нз.
Можам јас се да ви објаснам и од моја гледна точка а имам и во друштво шкорпии. Не се сите исти шкорпии. Многу сум опсесивна личност, дали нешто ќе ми се засвиѓа без разлика дали се работи за дечко или парче облека...си ставам мисли во глава дека морам да го имам и мора да е по мое, ако не е така жива се јадам.Истото се случува и со машко шкорпија.Шкоорпиите многу често паѓаат и се заљубуваат на игри топло-ладно. Ако знаете да ги играте тогаш тие се ваши.Многу сакаат верност( иако тие и знаат да не бидат верни еве и по мене а верувам и други мислат истото,) но кога некој ќе почне да ви значи ако дознаат дека ве излажал или ве варал јас на пример не чекам објаснување веднаш му прекинувам.Мене најубаво на пример ми иде со јарец машко.Двајцата сме акробати иако по правило не би требало да се слагаме ама цел живот сум со некој што е во хороскоп јарец.Така да девојките што се јарец и машко шкорпија исто би требало убаво да иде.Воопшто не се согласувам со овен и лав.Бидејќи и двајцата сакаме први да сме и за коси би се фатиле.Некои шкорпии се премногу љубоморни имам другарка абе дома би и отишла на некоја да ја истепа, додека јас не се замарам ако сака да биде со мене ќе биде и покрај се.Еве незнам што друго да ви кажам ако ве интересира нешто..
Не знам како со маж шкопрпија, но одсекогаш ме привлекувале. Секогаш кога ке наидам на шкорпија ја познавам по длабочината на муабетите. Сум имала и имам другарки шкорпии, знаат да бидат гадни, опсесивни, љубоморни, но и лојални.
Не се некој неверен знак како што се збори. Можат само да бидат промискуитетни кога се необврзани. Кај нив друго е работата, се опседнуваат со одмазди и чуда. Доволно е некој да ги погледне накриво, па да сакаат да направат да страда
Не многу читам за хороскоп, но од она што досега сум го случајно читнала, дефинитивно и јас и он сме типични дупли скорпии Што мислите за оваа компанија?