Многу нерви ќе си заштедев да ги знаев порано нивните превртливи карактеристики исто и игнорирањето им е јака страна. Ама според мене многу се и несигурни.
Ај и јас да си се пожалам на темава а воедно да побарам и совет зашо верувајте ЕПТЕН ми треба Лани летото, мноогу многу засвиѓав еден близнак и тоа на прв поглед (typical for me) и океј почнавме да се допишуваме, почнавме да излагаме заедно со друштво затоа шо ни се склопија пријателските кругови, даа идеме секаде итн. Значи пишувавме постојано,24/7. Јас многу му давав до знаење дека го свиѓам, значи и у пишување, и кога ќе излезевме, ама многу. Сите околу нас сфатија, освен тој. А он, почуден човек навистина не сум видела. Постојано ми даваше mixed signals. Значи ќе ми пишува по цели денови, ќе се слушаме, ќе ми дава знаци, а потоа ќе излезиме со друштво и ништо, ладен. Или па ќе пишуваме 1 недела, па 1 недела ќе го нема. Буквално не знаев на што сум. И сите околу него што ми “помагаа” нештото да бидне, не знаеа на што сме со него и како да ми помогнат. Јас знаев дека он ме свиѓа, значи се гледаше по многу работи, но никако да го направи ТОЈ чекор. Иначе момчето, ангел. Најблизу до совршеност (за мене) што имам сретнато. Не зборам на изглед, не ни гледам тоа ептен, али мноогу мил, превоспитан, културен, многу учи, паметен, интелигентен, секогаш насмеан, дружељубив, спремен да помогне на сите итн. Многу ми беше на срце од првиот пат Значи нема лоша душа, за инат да повреди или зафркни некого. Многу срамежливо, повлечено и мирно машко, далекуу далеку од женкар, со две дали има испаднато од коои едната долга врска.Али е човек шо никогаш не исполнува нешто што ќе вети, ич не е човек од збор. И така лани цела есен, пишувавме излегувавме, 300 пати се договаравме да идеме на кафе, ништо не испадна. Буквално не знаев што сака од мене и со мене. Премногу превртлив. И давав знаци што давав, до зимата ми скурчи. Реков овој не сака ништо со мене, толку. Кога се оттргнав почна да ми пишува повеќе, но ништо. Мене и некои други срања ми се случија у живот и сосема се оттргнав од него. Помина време, пролетта повторно почнавме да пишуваме. Но од различни градови сме, и се немавме видено ради ситуацијава со вирусот. Значи три месеци пишувавме. Но пак, една недела симнува ѕвезди, една недела за жив го нема. А јас скоро цела година потрошив на него, бидејќи сум таква, кога сакам нешто се посветувам само на тоа и не гледам ништо друго.. Јуни двајцата дојдовме за Скопје, и решив дека морам да најдам начин да разговарам со него и да знам на што сум а не да губам уште време.. и уз пишување се договоривме и излеговме 3 пати.. и на кафе и на шетање( али не се смувавме).. и реално, никогаш поубаво не сум си поминала со некого многу внимателен, памти работи за тебе, знае да направи да си поминете преубаво, многу нежен, душа ии.. пред 2 недели, завршивме со полагања и требаше да си идеме секој во својот град, па се договоривме вечерта пред да си идеме да се видиме таа вечер се смувавме, бевме заедно од 10 вечер до 8 сабаље, буквално прекрасна вечер.. романтичар И зборевме, му кажав дека го свиѓав целооо време, а и тој ми кажа дека ме свиѓал од прв пат кога ме видел но го чекал правиот момент да направи нешто ( )другиот ден двајцата си појдовме по дома.. првите 4-5 дена бевме во контакт постојано, ми пишуваше, ми ѕвонеше.. и потоа, од нигде никаде го снема. Еве веќе една недела ништо, ни трага ни глас. На одмор е со другари, но секако тоа не е изговор. И јас повторно не знам што да мислам. Од минатите искуства со него, this is soo typical of him. Но сепак сега е друга ситуација. Сме излегле, сме се смувале. За еден месец пак ќе идеме во Скопје, а јас не знам на што сум, не знам што да правам и што да мислам. Да го напнувам фала богу не сакам, не сме ни блиску до нешто официјално. Но многу ми е страв дане биде дека ме искористил за 1 вечер, иако мислам дека нема таква душа, а и сепак се знаеме година и ме знае каква сум и дека не сакам така..или пак летово сака да ужива, па после шо ќе биде тоа.. иако тоа не е изговор бар 1 ден да пише да праша како сум или бар слика да прати.. И навистина, pls help. Не знам ни што да мислам, ни што да правам. Почуден и попревртлив човек немам видено. Читав и уназад во темава, го пронајдов во скоро се што сте пишувале за близнак. Извинете што е долг постов, можеби спаѓа и во темата за љубовни проблеми, но сакав да слушнам и ваше мислење како да постапам во ситуацијава и што да направам за најдобро да се справам со овој близнак, од тие што имате искуство со ваквите. п.с јас сум рак, и се изненадив колку не има во темава што сме биле со близнак. Сосема спротивно од нас. Но бар за мене не ме чуди, од кога знам за себе ме привлекувале тие знаци со кои најмалку си одговарам и целл живот се нервирам
^Мислењево ти е за во љубовни проблеми, ѕвездите не се криви што некој се понаша како да не му е гајле и скроз несериозно.
Пишав и таму, сакав да слушнам мислење и тука, доколку некој бил во таква ситуација. А ако гледаш така, ѕвездите може не се криви за ништо, но сепак постојат и ќе постојат вакви теми, каде поставуваме прашања и бараме совети својствено на ова ни прв ни последен пат
Искрено да ти кажам, со овој само ќе се измачуваш, подобро директно прашај го и правете муабет отколку постојано вака да те врти во кругови и постојано да погодуваш дали тој ден ќе му текне да зборува или не и да те чува во неизвесност.
Близнаците ти се трчај лажи Никогаш нема да дознаеш што му се мота во главата , , едно зборат друго мислат , како и да е ако си го сакаш обидувај се
Го имам дома. Некогаш е ептен најдобар на светот, најгрижлив, емотивен и сето тоа ама некогаш е ептен како со дете да се расправаш. Дури и кога ќе се налути е како дете. Ама ете 5 години сме заедно изгледа добро се балансираме
они се упорни,полни со предрасуди,нискоинтелигентни дури,лекомислени ,инателиви ,брзоплети ,зборливи и дволични
Дали е паметно женската прва да му ги покаже емоциите на некој близнак, да му признае дека има чуства за него? Ве молам за совети
Без гајле близнакот е отворен знак ,само пази оти се површни и тешко се раскинува со нив .Они се повеќе авантуристи не за чувства пробај види
Колку повеќе го игнорираш близнакот толку повеќе ќе трча по тебе, колку повеќе се цениш себе си, толку повеќе и тој ќе те цени. Близнаците не сакаат да трчаш по нив туку тие по тебе, а ти целата своја, успешна, самостојна, независна, ќе се правиш важна пред него, не попуштај
Мм е близнаци ,од почетокот само отворен разговор сме имале за се . Никој не може да сонува што чувствуваме па ни тие. Мислам да си поразговараш па ќе видиш ,понашанјето понатаму ќе ти покаже што како.
Јас би разговарала со него, но страв ми е после тоа да не се отргне од мене да не му станам одбивна и слично