И ова сосема добро ги опишува близнаците: Близнаците и покрај клишето се верни и никогаш не ве напуштаат, но сакаат да ве тестираат за да видат колку љубомора можат да предизвикаат. Всушност тие дури и ќе ја мачат личноста со која се во врска флертувајќи со што е повеќе можно луѓе. Само поради тоа остануваат сами и оставени кога се во прашање луѓе што не можат да го поднесат лутањето со поглед на машкиот Близнак, или заведувањето на женските припадници на знакот. Близнакот ќе го задржи интересот за вас само ако и вие го направите љубоморен. Така ќе останете во врска засекогаш.
Имам дечко кој е близнаци во хороскоп. Многу е тврдоглав,секогаш си тера по свое,инаетчија,секогаш сака да ме направи љубоморна.. И јас сум голема инаетчивка,во хороскоп сум Бик,и никогаш не му попуштам,секогаш тој е тој на крајот што попуша Но близнаците исто така се и многу нежни и чуствителни... Има моменти и кога се романтични Иако ретко му се случува
Значи крај, Теодора го опиша моето мото на некој начин, во мојата последна врска со близнак. Мислам уште сме во преговори за тоа дали да биде последна, дали да бидеме бивши, странци и да си кажеше збогум или да продолжи тоа дека не бива со него. Често знаевме да си кажеме и кај се најдовме, кај се запустивме. Фраерот беше чуствителен како мене, но многу посмирен. Тој никогаш не сакаше со ништо да ме повреди, но ме повредуваше ненамерно, за јас пак да му вратам, го повредувам намерно, веќе испланирано. Тој не правеше ништо посебно толку лошо, но ја имаше таа способност да ме изнервира гадно и да му изнакажам работи кои не ги мислам. И кога и да му кажам крај, тој ќе ме смири и повторно сме заедно. Романтичен беше чинот дека сме заедно, но освен тоа друга романтика во нашата врска - немаше. Можевме да седнеме со часови да филозофираме и да зборуваме за нас, јас да плакам и да правам планови, а тој да ме слуша. Ме нервираше неговата пасивност!
какви се близнаците после врска од една година како го поднесуваат тоа,дали можеби се вракаат некогаш на бившите ве молам за мислење !!!
Близнаците ти се уствари многу емотивни.Ако те сакал или ако си го изневерила,ќе ти се врати.Мојов близнак стално ја баеше бившата,некоја скопјанка која го изневерила ,знам дека се обидуваше да и се врати,и таа му се јавуваше,но не се смирија . Јас паметна водолија,го задржав,му направив филмови за мој бивши и да видиш топката се сврте . Инаку ако те сакал,ќе проба да те врати назад,значи и порака да пише,знај дека пробува нешто.Само имат една маана,многу лошо зборуваат за бившите,во стил да таа беше лоша,малер ми носеше,не ми беше доволно добра во кревет,или доволно убава . А јас пак многу мразам такви работи,имаше кавги и раскинувања секој божји ден.И често сакат врски за една вечер,големи ебачи се прават. Што викаше мојот бил талентиран за секс,сите така му викале
Колку и да ме изнервира,ќе најде начин да ме смири,често си велам ни со него,ни без него. Подобро-со него . Баш вака би го опишала!
Јас сум вага а тој е близнак ... и можам со сигурност да кажам дека се ееептен комплицирани тешко се отвараат,подлажнуваат по малце мнг се темпераментни денес едно утре друго, се прават дека не им е грижа за ништо, дека едноставно не се замараат премногу се горди тешко искажуваат емоции ретко сваќаат нешто озбилно повеќе им е онака на заебанција...лесно можеш да ги навредиш ама еептен брзо му поминува лутината инаку се ептеен љубоморни ако навистина им значиш нешто...навистина треба да имаш жифци од ортома за да се справиш со еден близнак ...
и да се надоврзам ептен се интересни некако лесно влегуваат под кожа никогаш не е досадно со нив муабедџии понекогаш знаат да го тупат да го тупат да му поставиш едно прашање и ке ти направат цел филм ке ет свртат и пак нема да го добиеш одговорот на прашањето мнг често знаат некако да те изиграат да те закопаат пикнат вмашина ...но некогаш ептен знаат да изненадат да напишат смс порака некоја секси слика да пратат креативни се и гоолеми ебачи барем така се претставуваат едноставно понекогаш сакаат само секс секс и само секс и за тоа да зборуваат цел ден
Прочитав некои мислења, и за некои работи се согласувам за некои не Секој е поинаку воспитан не е се до хороскопот, различен човек-различен карактер! Јас сум во врска со Близнак и тоа 10 години (јас сум Лав) Мојов е многу романтичен тип, и после 10 години врска се уште е романтичен и нежен песни ми пишува, најозбилно и тоа сам си ги измислува, ќе шетаме на лето и ако види некаде цвеќе, ќе ми речи -Чекај малку. И јас дури се свртам ете го од таму иди со цвеќе во рака Инаетџија е понекогаш (ама не поголем од мене Многу е комуникативен со сите, а пред мене е отворен се ми кажува. Љубоморен, да понекогаш, ама не му давам повод Многу сака да шета, само дома да не седи и така ова ми текнува моментално со еден збор Мојов е душиче многу си го сакам
Бев со близнак во врска 2 години.. си тера по свое, малку е неодговорен, сака да флертува насекаде, сака да биде во центарот на вниманието...
јас сум во врска со близнак и можам да кажам дека е прекрасен човек, немам ништо лошо што би можела да кажам за овој знак. едносожтавно е летечки знак и сака акција, авантура, несака монотони работи, сака да шетаме, да посетуваме различни места, цело време сме заедно и можам слободно да кажам дека овие 2 години од мојот живот се најубавите, најлудите и најисполнетите.
ЈАс имам брат,близнак во хороскоп и многу си го сакам,ама луѓе јас не знам како може жена да го трпи.Толку љубоморен,толку променлив на карактер,кога е со некого не го дели па дури му сметаат и родителите на таа личност и пријателите и се околу него,сака да е се само за него.А од друга страна пак е нежен и кога сака прави се за некого,ама не се верни.Ми раскажува брат ми и за жени и за се,и најлошо е што кога не е во право и ќе му кажам дека не е,не го прифаќа тоа,убеден е дека он е во право и се инати.
Близнаците се многу добри луѓе можам да кажам со сигурност. Но имаат и свои мании.Прво се многу големи инатеџи,и сакат секогаш да биде по нивно.Љубоморни се,што неможат ни да си е конторлираат својата љубомора.Променливи се на карактер,еднаш викаат вака после инаку. Знаат да сакаат,и тоа премногу.Само им треба време за да го искажат тоа.Роматични се многу. Понекогаш знаат и да полетат во облаци,од толку што се самосигурни во себе. Сакаат да флертуваат на секаде,место не ги држи. Комуникативни луѓе се,сакат да жират познатства,и имаат голем круг на пријатели,но ретко на кого му се доверуваат.Тоа што го чуствуваат сакат да си го чуваат за себе.Не се отвораат толку лесно за да кажат што ги мачи.Понекогаш знаат да бидат и срамежливи.Се плашат да искажат емоци,да му кажат на некој "те сакам" му треба доста време,се додека не стекне доверба во таа личност.Се плашат дека ќе бидат повредени. Гордоста им е многу важна,патат по љубовта но таа нивна гордост не им дозволува.( личен пример имам јас). Сакаат да глумат фраери,и да се прават важни.А кога се веќе скрешни и повредени,лесно кажуваат дека не им е ништо.А тоа го чуствуваат длабоко во срцето но го чуваат само за себе.Без разлика колку години да имаат нив умот секога им лета,мислат дека се што лета се јаде.Премногу се чуствителни,јас од мојот близнак дури видов и солза,што не ми се ни веруваше.Романтични се и нежни,убаво се бакнуваат Во принцип мили луѓе се,но ете имаат некои такви маани.За да сватиш и да се привикниш на нивниот карактер треба премногу време.
Дали е паметно ти прв да му ги покажеш емоциите на некој близнак, да ги отвориш картите и да му кажеш дека го сакаш? Или да почекаш, бидејќи со тоа само ќе си го дигне рејтингот? Ама чекам веќе цела година, па и поише и ништо... многу ме интересира што мисли, дали само се заебава или има нешто.. Што мислите вие, ве молам за некое советче?
Бреее колку типично за близнак.Ако сакаш да видиш дали му значиш сврти му го грбот малку и ќе видиш како ќе се понаша. Инаку се љубоморни и посебно негова реакција можеш да добиеш ако почувствува дека те губи. Тогаш нема потреба од зборови, сам ќе се изјасни преку постапките ако му значиш нешто. Но... никако немој да ги отвараш картите пред да го истестираш прво
Јас имам лошо искуство со машко близнак, душата ми ја извади! Особини:најзабавен знак-никогаш нема да ви биде досадно со него, големи интелектуалци се, обично се многу образовани,на високи функции и многу заработуваат (важно им е да имаат пари), динамични се, друштвени,сакаат да шетаат (дом да се немало!). Но, од друга страна,Близнаците се тврдоглави,суетни,недоверливи кон другите,склони кон промени на расположенија,не искажуваат емоции, прилично се љубоморни, а од друга страна-они флертуваат цело време и имаат еден куп девојки “на лагер“, поготово за секс-во секое време. Во љубовта-гордоста им е многу важна, одлични глумци се-се ќе направат за да ве освојат. Бидејќи се плашат дека ќе бидат повредени, први ја раскинуваат врската и одма наоѓаат нова “жртва“. После тоа искуство, јас реков-никогаш повеќе со близнак!
Близнаците не се воопшто љубоморни, во ова поле тие може да се каже дека се дволични затоа луѓето ги гледаат од друг агол, фактички тие повеќе ја глумат љубомората, реално се премногу рамнодушни,оставаат се на времето, ретко кој може да ги изнервира. Со секој човек различно се однесуваат и многу брзо менуваат расположение. Флертуваат секаде и на секој можен начин сакаат да привлечат внимание и да бидат во центарот на случувањата. Но, кога нешто ќе решат тоа и ќе го сторат па ако сака светот нека се преврти наопаку. Не се луѓе од доверба, можат да те зафркнат во последен момент. Опуштени, комуникативни, насмеани.. И пред се многу добри глумци. Јас лично не ги поднесувам и не ги сакам во мое присуство. Секоја чест на исклучоците, но во глобала по мој заклучок, бидејќи познавам голем круг на луѓе кои што се близнаци, повеќето се токму такви, какви што опишав.