јас сум во врска со близнак веќе 3 год ,немам коментар не го интересира ништо буквално,само вели многу се ти замараш каков човек е неможам уште да сватам си тера по негово и не се замара ,само ке рече- за тоа нема потреба да се прави муабет и толку,мразе да се кара не го интересираат кавги за љубоморен не е љубоморен а што е инат инат е нема тука што
Ова зборам од искуството со овој знак. Да не мисли некој дека генерализирам. Kaко средношколка, на факс на почеток негде и сл. најмногу ме привлекувале токму близнаците (без да сум свесна кој хороскопски знак се). Дури најголемата и тешко преболената љубов пред мм беше близнаци. Толку ги сакав а пусто толку не ми одговара неизвесноста покрај нив. За другари, за муабет, супер, али вака ... тешко... Знаат да се приврзат, тоа е точно, да станат условно речено зависни од твоето присуство, особено ако си внимателен со нив и емотивно ги тинтариш (како што како по навика си правам јас) но толку се несигурни во себе и се плашат од сопствените чувства, тоа е страшно нешто. Дури ќе ризикуваат да те изгубат поради тоа. На моменти ги осеќаш дека премногу лично си ги сфаќаат работите. Знаат да бидат лутковци големи. Затоа не ретко даваат впечаток дека се дволични, но длабоко во себе не сум сакала да верувам дека се такви. Едноставно имам (особено кај некои) видено дека имаат толку душа во нив и дека истата копнее за внимание и посветеност што едноставно не ми дозволува да верувам дека сето тоа е глума. Инаку нешто многу што пали (барем кај моиве примероци) е да ги натераш да веруваат дека мислиш дека се во право. Аууу мислиш ќе Спојлер сврши од среќа.
И јас сум во врска со близнак и можам да кажам дека се личности што не се заинтересирани за ништо. Како да живеат од денес за денес. Се нервирам од дечко ми што ама не прави никакви планови, не мора да бидат планови на долг рок, ама барем за утре, наредната недела... не, тој само знае да каже ти премногу се замараш, премногу планираш. А јас и стварно сум таква се сакам да ми е испланирано и се нервирам од него. Погоре прочитав дека близнаците не биле љубоморни, дека ја глумеле љубомората. Од искуство можам да кажам дека се љубоморни, само добро знаат да ја сокријат љубомората. А најмногу го мразам неговиот инает. Ако се заинати за нешто, убиј го ама не попушта и готово. И каков голем лутко е аууу... Но знаат да сакаат и да бидат верни. Знаат да бидат и добри пријатели.
*како пријатели се прекрасни *чуствата ги покажуваат не ги искажуваат,не треба да се очекува од близнак да ти каже те сакам туку треба да согледаш дека те сака *многу се комуникативни иако кога се заљубени сакаат понекогаш додека се со партнерот да надвладее тишината бидејќи 12часа предходно зборувале без престан *мразат кавги,и ги избегнуваат *никогаш не планираат но секогаш имаат план(несватливо е нели мене ми требаше долго време да го сватам но укапирав ) *сакаат слобода ако се во врска сакаат да имаат време и за пријателите(а ги имаат многу) *мразат некој да им шефува,ќе направат нешто кога тие ќе посакаат а не кога ќе им се каже *не ја поднесуваат осаменоста,мразат да не прават ништо и само да седат дома *мора да пробаат се што е ново егзотично и интересно(и нивната парнерка мора да е таква-интересна и егзотична на некој начин) *не веруваат никому ни на сопствениот брат и поради тоа многу често проверуваат дали ја зборувате вистината поставуваат прашања се со цел да се фанете самите на лагата(затоа ако лажете бар паметете си ја лагата ) *рамнодушни се на све и свашта *не искажуваат чувства но сите близнаци ги покажуваат своите чуства преки фасцијални експресии,гледајте ги во лицето *обожаваат кога се во право *имаат свои погледи на животот и би биле доста среќни доколку ги поделат со вас *перверзни се иако не би го рпизнале тоа *љубоморни се како и сите останати но не го искажуваат тоа,но повторно би можеле да ги приметите преку нивните дела итн. итн....
Леле драги феминки, па како не го прочитав ова пред една година...Јас сум водолија а дечкоми близнак, па дали знаете дека немам видено по љубоморен знак. Посесивен, ниско ниво на самодоверба, буквалист, своеглав и незнам што друго да кажам. Упсссс забораив на почеток добар глумец вака така додека да те среди а после тоа ајде во апсана. Има ли лек за овие лудаци? А незнам зашо имам некое чуство дека ми е верен али сепак со резерва не летам многу. Ви посакувам среќа со близнациве драги феминки... Поздрав
јас сум овен он е близнак досега врската не е супер но што мислите вие колку би можела да успее со оглед на тоа што јас сум огнен знак а он воздушен
Не сум имала таква врска со близнаци, но имам неколку пријатели близнаци и мене ми се многу интересни, како деца се, забавни, едноставно не може да ти биде досадно
^^ Снејк, не знам колку време сте во врска, ама еве да ти го кажам моето искуство, со оглед на тоа што и јас сум овен. Не велам дека не ми беше забавно, зашто ми беше. Близнаците се ептен забавни луѓе и цело време сакаат да прават нешто. Не се некои мрзливи па да не можеш од дома да ги извадиш. Арно ама, според мене се себични и сакаат по свое да си истераат. Тука мојот овнечки инает не му одеше во прилог, ама врти сучи од оваа од онаа страна, на крај пак по негово ќе си истераше. Додуша ова го сфатив откако престанавме да се гледаме т.е. сфатив дека сум му попуштала несвесно цело време. Исто така сака да се докажува како тој цело време е подобар и поинформиран, како на интелектуално ниво, така ми се чини и во сите други сфери од животот. Дечково беше постар од мене 5 години, а ме третираше како да сум дете кое тој е должен да го учи на животни и какви-било-други лекции. За себичноста исто, си ги подредува работите како нему му одговара во случајов на мојов му беше поважно образованието и никаков компромис да ги тера двете работи одеднаш не доаѓаше во предвид ( а у џанам посветен дечково) што и беше главна причина да не се гледаме повеќе. Што е најтрагично, немаше храброст да ми каже за што ТОЧНО се работи (ова на фејсбук зборувам, в лице не ни доаѓаше предвид; си знаеше каков бурен карактер сум, дека ќе го направам лом, па побезбедно му беше така), па морав јас да читам меѓу редови во неговите метафори. Ако се случуваат кај вас вакви работи, не му дозволувај да те мети настрана кога има работи кои тој ги смета за поважни. Ако сте во врска, тогаш имаш право да добиваш дел од неговото внимание, а не да те чува за кога ќе нема попаметна работа, као ти на закачалка да си.
На скала од 1 до 5, мн. добар 4. Ама не се гледа само знакот. Има месечини, венери и тн., и тука треба да се спореди.
HELP - Маж „Близнак“ Ох девојки ајде нешто повеќе за искуствата со овие типови, имам некои недоразбирања ... имам некои двоумења па некоја карактеристика за нив, некој совет нешто што и да е во врска со овај знак што го знаете или искуство каков е како пријател, дечко и слично ..
HELP - Маж „Близнак“ Добичете неке документе од странство, видим да и далеки пут ви претстои...можда те вара али нисам сигурна провери си, можда са неком црном женом...
HELP - Маж „Близнак“ Тешки се близнаците многу. И знаат да бидат многу чудни. Ова од искуство, си зависи од подзнак, па и од самиот човек.
Ама зависи и од тоа кој знак е таа и како таа се согласува со Близнаци. Близнаците најдобро се согласуваат со Вага и со Водолија Потоа со Овен и Лав Стрелецот е под знак прашалник. Спротивни знаци, спротиставена природа, можни се конфликти. Воопшто не се согласуваат со Девица, Скорпија, Јарец, Риби. И со Бик и Рак не е добра работата, но за разлика од претходните четири знаци тука се можни компромиси.
Како што напишав, стрелец и близнаци ups and downs. Затоа имаш недоразбирања. Неговиот подзнак девица исто не оди со стрелец, ама не знаеме за твојот подзнак, може и месечини да се разгледуваат за компатибилност.
Дечко ми е близнак,подзнак незнам... и јас сум близнаци-јарец подзнак иии да ви кажам тешко е,за многу работи не се разбираме,добра ни е врската,еве 4 год. скоро сме заедно,ама кога ќе почнеме за нешто...оофффф мори мајко,додека се разбереме,абе да си пукнеш.
Аууу се се,само со близнак повеќе не !!! Ако сакаш да се мрдниш психички,и 24 часа да толковаш што сакал да ти каже,пробај. Ама срцки се бе,толку детинести и темпераментни,просто не можиш,а да не ги засакаш. А потем не можеш да не плачеш по нив </3