1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како со маж во знак близнаци?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од erka, 10 февруари 2010.

  1. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    1.988
    Јас сум близнак, досега сум немала искуство со маж близнак ама имам другари што се близнаци и можам да кажам дека исти се и мажите и жените.

    За близнаците ќе кажам само дека се навистина верни кога се заљубени, јес да шараат со очињата малце но никогаш не би го изневериле оној во кој се длабоко заљубени.
    Многу се несигурни и се сомневаат во се, така да нив треба љубовта да им ја докажувате нон стоп затоа што се многу лесно ранливи.. еден збор може да им ја срони душата и да се посомневаат во се што сте им кажале. Близнаците тешко искажуваат љубов, нема да ви речат во очи те сакам, туку ја искажуваат љубовта со постапките, не се вешти во искажување на емоции.. многу кријат во себе, и болка и тага и радост и среќа едноставно не умеат да споделуваат со другите. Љубоморни се до одреден степен ама никогаш не ја покажуваат љубомората, тактични се и однапред го предвидуваат секој чекор на партнерот.. Близнаците имаат вродено 6-то сетило така да ништо не им бега.
    Кога се однесува до изборот на партнер, имаат специфичен вкус.. Тргнувајќи од фактот дека се најголеми авантурист и зависници од адреналин во хороскопот, сакаат и таков парнер.. Нив вниманието може да им го задржи само некој со кој ќе им биде лудо и забавно. Некој со кој нон стоп ќе пробуваат нови нешта. Сакаат отворени и комуникативни личности какви што се и самите тие.
    На љубовно поле дефинитивно не си одговараат со Водолијата, водолиите се многу повлечени и сталожени.. тоа е сосема спротивно на бесниот дух на близнаците.
    Вниманието на близнаците можете да го привлечите единствено ако сте самоуверени, и тоа на највисок можен степен но не крајно претерано.
    Тоа е тоа што го знам за мојот знак, не дека лично јас сум близнаци ама дефинитивно се едни од нај позитивните знаци со кои животот би бил по забавен и поубав, вредат да се имат покрај себе и како пријатели и како партнери бидејки имаат отворено срце и многу љубов која не знаат да ја штедат. ;)
     
    На givemelove, joy1, justin4ever и 8 други им се допаѓа ова.
  2. top-of-the-world

    top-of-the-world Активен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    9
    Напротив, Близнаците најмногу одговараат со ВАГА и ВОДОЛИЈА затоа што трите знаци се воздушни, знаците од ист елемент идеално се согласуваат едни со други. Тебе не ти оди најверојатно поради некомпатибилност на другите планети во твојата натална карта со планетите во наталната карта (наталните карти) на водолијата (водолиите) што ги познаваш. Или ти не си типичен близнак, или тие не се типични водолии.

    Исто Близнаци одговара со Лав и Овен, воздух и оган е добро. Тоа од аспект само на сончевиот знак, без да се земаат во предвид другите елементи во наталната карта. Кога ќе се земат е индивидуално кај секој поединец.
     
    На Angie24 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    1.988
    Јас сум скроз типичен близнак, подзнак сум близнаци исто :D
    Инаку можеби нема врска, затоа што еве пример најдобрата другарка со која сум целиот живот заедно е водолија е совршено се разбираме.. и имаме многу сличности што ми е малце чудно за толку сталожен знак како што е водолијата толку да успева да му парира на темпераментот на еден близнак.
    Инаку посочив пример затоа што имав искуство со водолија, и беше баш како вода на огнот. Смирен ќутлив приземјен.. многу спротивно од мојот брз дух.
    Затоа зависи од водолија до водолија.. не се сите исти.. али лично мене маж водолија никако. :!:
     
  4. top-of-the-world

    top-of-the-world Активен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    9
    Ете пак си била со дечко водолија :D .
    Тоа што не се согласуваш со водолии долгорочно е индивидуално. Водолиите по правило ако се гледаат астролошките карактеристики не се некој сталожен знак и се потемпераментни од близнаците. Ама, за поединецот се гледаат месечина, Марс, не е само знак - подзнак.
    Поентата е дека знаците од ист елемент генерално гледано се добар спој.
     
  5. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    1.988
    Тоа што успеваат да се согласат е точно, но се сосема различни во посакувањата и замислите.
    Водолиите не целат кон авантури и забава.. тие се повеќе приземјени и сакаат по смирен живот. Не се склони кон предизвици како што се близнаците. Но тоа што и двата се воздушни знаци тоа влијае што успеваат да направат компромис помеѓу нивните различни карактери.
    До сега не сум сретнала темпераментна водолија, сите што ги познавам се такви.. едноставно ми делуваат како да стојат во место, како за нив времето да не се движи.. многу се смирени и тивки.
    Според мене мислам дека Близнаците добро би си одговарале со Рак, Скорпија.. можеби сум грешка ама мене овие знаци стално ми паѓаат во очи. :D
     
  6. top-of-the-world

    top-of-the-world Активен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    9
    Дефинитивно си грешка, затоа мислам дека не си типичен близнак. Вода (рак, риби, скорпија) и воздух се лош спој. А Близнаците во однос на водолиите се посмирени и поне доаѓаат до израз, водолијата е фиксен знак, близнакот е променлив. Мора да имаш некои други елементи кои те прават нетипична. И авантуризам и темперамент на кои се повикуваш не се нешто многу својствени за воздушните знаци.
    Јас кажувам кои се астролошки дефинираните карактеристики, не можеш да носиш дефиниции за знаците од твоја лична перспектива.
     
  7. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    1.988
    Не се од моја лична перспектива, имам постојан контакт со други припадници на знакот и знам што е својствено за мојот знак а што не. Сите што ги знам а се близнаци баш имаат таков карактер.Сето тоа зависи каде ги читаш, на интернет можеш да најдеш секакви толкувања на знаците.. и не се сите точни.

    Еве што најдов најкарактеристично за нив и види дека е точно тоа што го кажувам за близнаците дека се најтемпераментни знаци.

    Пак ќе кажам, за мене знам и од други што ми кажале дека сум најтпичен близнак, и во подзнак сум исто. Си го познавам знакот многу добро.. а тоа за одговарањето на љубовен план со другите знаци тоа беше од моја лична перспектива.. јас лично сметам дека си одговарам со рак и скорпија.. што астролошки ете не одговара.. сепак ќе речам тоа немаше врска со астрологијата, се работи до личноста.. ете можеби би си одговарала и на љубовен план со водолија ама сето тоа зависи каква е личноста, како што реков има разлика од еден до друг припадник на истиот знак.
     
  8. top-of-the-world

    top-of-the-world Активен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    9
    Ама да беше типичен близнак во сите сегменти немаше да ти одговараат водени знаци како рак и шкорпија :)
    Пак дезинформација за темпераментот, најтемпераментни не се Близнаците туку Овните, после овните неколку места празни, па после можеме да спомнуваме други знаци. Авантуризмот исто е одлика на Стрелецот, не на Близнаците што не значи дека немаат таква жичка, туку не се препознатливи по тоа. Јас никаде не реков дека близнаците се мирни и нетемпераментни, само реков дека водолијата не е помирна и посталожена од нив. Дека се вечни деца тоа е вистина. И не си единствената што имала контакт со близнаци, а информации не се собираат од секаде по интернет, астрологијата е наука :) . Друго, не знам колку ме сфати, за да се прави анализа на поединецот карактерно се земаат побитните планети и месечината, не само сонцето.

    Доволно беа офтопици, изреагирав само дека даде дезинформации за компатибилност и за карактерот на водолиите, можеш да напишеш лично искуство но не и да генерализираш.
     
  9. love-cat19

    love-cat19 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    31
    Браво ,точно така.Јас сум близнаци и одма можам да кажам дека ова е скрос точно!! Можеби се променливи во расположение,ама затоа имаме срце полно со љубов за цел свет,се лутиме брзо,но таа лутина одма си заминува во рок од 10 минути :) Вечни луталици,деца во душата,авантуристи,забавни, ма најдобри!!!
     
    На justin4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    8.277
    Пол:
    Женски
    Cкроз точно,потврдувам.Mојот бивш беше близнак и навистина немаше длабоки чувства можеби,но добар по душа и плачеше пред мене кога му беше тешко ,и претерано е друштвена особа :)
    Cамо да искоментирам за водолија -близнаци љубовна врска,бидејќи јас сум водолија точно е дека ние сме помирни но сепак сме темпераментни .Kај близнаците повеке доминира површноста,желбата за забава а водолијата тешко да го прати во чекор и сака да го промени тоа кај партнерот,бар мене лично ми сметаше толку темпераментност :lol: .Cега,плусот на водолиите е што сме многу толерантни ,ова од мое искуство,некому може да му одговара комбинација близнак-водолија ,некому не :)
     
    На buba4e89, MayDiamonds и love-cat19 им се допаѓа ова.
  11. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Немојте да го лажете, немојте, никогаш нема да ви се врати кога ќе дознае дека бил излажан, сака искреност и посветеност, несака лигавења, се со дела покажува, ако го заинтересирате навистина ќе се потруди за вас, ќе се однесува онака како и вие со него, не веруваат никому и многу тешко стекнува доверба, ама прават се за личностите што знаат да ги ценат, немојте да глумите недостижни и да водите инает, ако сакате да привлечете внимание, со тоа само повеќе ќе го оттргнете од себе. Флерташи невидени се, во центар на вниманието, сакаат секогаш да се во право, ако сакаш да го освоиш поддржувај го во се. :angel: Не орлови, ма и челични канџи треба да имаш за да истраеш со близнаците, да ги сфатиш, да ги дефинираш, да им ја научиш тактиката. Трпението се исплати, секогаш бидете подготвени дека ќе бидете ставени на тест од нива страна. :!:
     
    На givemelove и buba4e89 им се допаѓа ова.
  12. fashionslave

    fashionslave Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Јас со близнак успеав многу лесно,не знам зошто ви се причинуваат тешки :lol:
    Буквално ја виде мојата најлоша страна,ниту беше почитуван ниту сакан и на крај по негова иницијатива пак ми се врати.Мислам дека близнаците се многу практичен и ирационален знак,без никаква емотивност во нив и само ако им покажете дека Сонцето ќе изгрее утре и без нив,тие тотално ќе бидат Ваши инаку ако глумите предобри веднаш ќе ја покажат нивната дволичност и флертувачка природа.
    Само оставете му простор,не го гушете и тој ќе биде Ваш!
     
    На soffce, Angie24 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  13. Rak-26

    Rak-26 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    Ако си рак, тогаш со близнаци НИКАКО. Не ни почнувајте ништо, затоа што овие два знака гледаат на светот од две различни гледишта.

    Ракот (или било кој друг воден знак) ужива во вечерни прошетки, изјавуање љубов, чувството дека му е потребен на партнерот. Сакаат мали подароци кои немаат голема материјална, но имаат духовна вредност. Сакаат да се сами со партнерот, да споделуваат соништа, да бројат ѕвезди....

    А близнакот нема време за ова. Нема време да биде со партнерот затоа што го чека друштвото каде центар на внимание е, нели, ТОЈ. :D Ужива во големи друштва, не сака да биде потребен на некој, не сака да го гушат, постојано флертува, па дури и со другарки, не знам дали воопшто искажува чувства :D

    Можат да бидат заедно, ама нема да бидат исполнети ни едниот ни другиот. Така да, девојки кои сте воден или земјен знак, ќе треба малку да се смените, ако имате големи чувства кон близнакот. :)
     
    На justin4ever и tessie им се допаѓа ова.
  14. Ruzica00

    Ruzica00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    172
    Што знам, мене лесно ми е :D Напротив, овој мојот г-дин Близнак, сака да се чувствува потребно, а всушност целиот е збркан. Сака да се консултира по три пати за донесените одлуки, ги менува мислењата од денес за утре, што всушност е доказ за неговата несигурност, а не дволичност. Ама пак од друга страна, ако ти му делуваш малку посигурно од него (а од него секој може да делува посигурно :) ) тогаш те слуѓа, те консултира...така да, во суштина нема некаков проблем. И не, овој мојот не флертува, ама може тоа више до годините си е.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. be.positive

    be.positive Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Девојки, што мислите за жена лав и маж близнаци?
     
  16. stoilovat

    stoilovat Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    9
    Јас и дечко ми сме близнаци во хороскоп.
    Неможам и јас сама да си ја објаснам таа комбинација, има работи во кои сме слични но и во кои сме сосема различни, несватливи сме со тоа што сакаме да го правиме. Во глобала тоа за мене е нешто несватливо:worried:(facepalm):tmi:
     
  17. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    jas sum bliznak
    edinstvenata zena u koja se imam zaljubeno do sea bese lav

    mislam deka horoskop e golema glupost ama sledniov tekst zvuci tocno

     
  18. be.positive

    be.positive Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Fala vi! I jas ne veruvum mnogu vo horosko, no se sto imam procitano do sega za bliznaci iskreno se e tocno. Jas sum lav i zaljubeni sme, no iskreno mnooogu tesko funkcionirame zaedno. Zatoa me interesira sto so niv :D
     
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Јас сум лав, а мајками е близнаци и секој втор ден мора да се скараме за нешто. Колку е тврдоглава, наметлива и опасна.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. be.positive

    be.positive Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    hahah bash taka, kombinacija ludilo...ne moze bez kavga okolu nebitni stvari :D i kako izleguvate na kraj? :D