Чисто онака ме интересира, љубопитност де... Според тоа што наоѓате онлајн и на форумов, бирате како да се поставите кон момак/сопруг што е близнак во хороскоп? Ерм... пали ли барем?
Мене од кожа ме вади тоа што имаат многу променлив карактер и многу лесно и брзо ги менуваат чувствата-денес може да се однесува како да е најзаљубениот човек на светот, а утре (без причина) да се однесува одвратно кон девојката. Многу чудни луѓе, многу... Може па само мојов е таков, што знам?!?
Јас сум во хороскоп близнаци и можам да кажам дека машките и женските од овој знак имаат некои многу различни особини. Машките близнаци што ги знам некако самобендисани, своеволни, го сакаат сето внимание на светот, додека не добијат нешто не се откажуваат, одкога ќе го добијат сакаат да доминираат и така. Инаку интересни се и забавни ама за во врска тешки типови. Женските баш се спротивно од тоа.
ne e tocno od prva se otkazuvam i najcesto so mi se zalat zeni e zoso sum tolku mn ozbilen, deka ne se smeam koga zboram da da razbrav deka tuka ne sum dobil uste vnimanie pa otvoriv akaunt za i tuka da imam vnimanie mi kazale i porano deka se odnesuvam dominantno iako negledam deka taka se odnesuvam (mislam deka koga nekoj ke mi kaze deka sum mn dominanten se obiduva da me manipulira) iskacas so pogresen bliznak ...pisi mi brojce u LP <3 http://en.wikipedia.org/wiki/Passive-aggressive_behavior
Некаде иам читано дека баш за врски и компатибилност, знакот во месечина што е давал поверодостојни толкувања. Не мора да значи. Близнаците се вешти во комуникација. Нивна планета е Меркур, планета на комуникација и интелект. Затоа не ретко, за другари се совршени, или тоа им е тајното оружје.
близнак уффффф имам еден близнак дома до мене за убаво нема што убаво да кажам а за лошо хммм се дволичен , денс едно утре друго збори ,несисте на збор, нема грев никаков безчуствителен ,незаинтерсиран ама никаков знак се мислам најлош од сите
Чест на исклучоци али дефинитивно најлош знак е близнаци, толку се напорни со зборување што треба да платат за некој да може да ги истрпи, често менуваат мислења и не стојат на збор, неможам да ги поднесам!
Прочитав некои мислења и морам да си го кажам и моето. Јас сум рак и цел живот сум со близнаци. Најдобрата другарка ми е близнак, совршено суштество. Прв дечко близнак, те ме сака, те не ме сака, вараше, не знаеше кај тера, али ај мали бевме. Помина време, друг дечко пак близнак, крајно љубоморен, ниска самодоверба, лутење за се и сешто, префрлање кривица, расправање, абе pain in the ass. Поминува време и еве пак близнак, на ист ден роден со другарка ми. Срце ми е! Единствен проблем што го имаме е што само кажува што ќе прави, како ќе прави, а ништо не остварува. Тоа од кожа ме вади.
Имам предходно пишано во темава едно мислење во врска за близнаците. Морам да споменам дека се и многу дволични. Инаку,да...јас сум рак во хороскоп и само близнаци ме привлекуваат. И ај после не верувај во хороскоп,инаку не верувам. Ама ова чудно ми е.
Тие едно зборат а друго прават Многу сакаат внимание. Љубоморни и посесивни до бескрај, дури и повеке од шкорпијата, само што шкорпијата кова план за освета а близнаците одма искажуваат. Како дечковци се неверици Како сопруг му треба интелектуално јака жена, со слаби не се задоволуваат и изневеруваат. Ги влече интелектот Многу се домаќини. Често знаат да бидат скржави. Кај близнаците мажи изразена е пресметаноста во односите со луѓето.Тој џабе ништо не ти врши. Во кревет се добри, не бараат многу, ама знаат многу да дадат. Перверзни се.
Е сеа ми се погоди темава и ќе ви напишам рефератче едно Значи јас сум рак со поднзнак близнак(а близнакот ми имал големо влијание така барем ми пишуваше) и овој мојов е близнак.Забавни се,да, ама и тешко се излегува на крај со нив жими се.Нервите ми попуштија веќе.Озбилно,тешко ми е со него.Јас сакам повеќе романтики,галење,гушкање,да си гледаме филмчиња и да јадеме пуканки ама он не...не е романтичен тип ама ичч,и самиот ми кажа дека он не бил за такви работи.А и од другиве знам дека близнаците не се нешто по романтиките,така да ако сте тип како мене подобро да не си фаќате работа со близнациве.Нив све им е лабаво,се смеат цело време,крајно несериозни(со исклучоци),се си тераат на шала и како нив им одговара.Дволични се,да,еден ден зборат едно,друг ден друго,лесно менуваат расположение.Лесно знаат да се изнервираат и да избувнат ако нешто не им е по кејф ама брзо им поминува.Во врска со љубомората,па и не сум приметила некоја љубомора од негова страна шо знам.Не се приврзуваат нешто многу многу,повеќе се некако по лабавите врски,не сакаат да бидат контролирани и не сакаат да им се врши притисок а мразат и кога ќе приметат љубомора.Работава-остави ги да прават како им одговара или ништо од бизнисот.Имаат голема самодоверба,главни се во друштво,имаат добра смисла за хумор и тоа е тоа.Ако продолжам да пишувам нема да има крај ова. И да,ова не мора да важи за сите што се близнаци пошто нели во секое правило има исклучок,јас си кажав од моето досегашно искуство со лудичкиве
Јас имам една другарка во знак близнаци, таа е многу паметна, не често и се сччува наеднаш да ја смени одлуката близнаците се мислам најпаметен хоропски знак
оди збори со него ако бара девојче и не е срамежлив/невин или напнат/зафатен со др проблеми ке те викне да искочите или па ти прашај го дали сака да прошетате после часови непостои класификација на луге/карактери според хороскопски знак, тоа е купче магични мисли, пуста надеж и голема глупост
Хахах кажи му нешто што не сака да го слушне и те како ќе ти посвети внимание, обидувајќи се да те убеди во спротивното.
Ne sum znaela deka postoi i vakva tema haha btw mazena sum za bliznak pa da go prasam kako sum mu privlekla vnimanie 5god vrska i 3god vo brak i da ti kazam hah iako mislam deka e individualno ne sekogas horoskopskoot znak e presuden za karakter i vkus
Интересна тема пази близнаците се многу паметни, кој да знае што ги привлекува хахаха убава и паметна жена сигурно, како и секој маж, едно е сигурно никогаш не е досадно со близнак