Јас имам маж овен, 7 години сме заедно. Единствено што не ми се допаѓа е љубомората која што понекогаш беше скроз непотребна,избувнуваа јаки кавги заради таа особина. Инаку знае длабоко и искрено да сака, ако го повредиш долго страда. Знае да биде романтичен, умее да изненади. Во кревет, се согласувам со сите што рекоа дека е прекрасен љубовник,важно му е и јас да сум задоволна , не само тој.Исто знае и да пламне и тоа да биде луд и незаборавен секс, со оглед на тоа дека јас сум шкорпија Некои ни велеа дека ќе се изедеме, премногу јаки знаци сме споиле, ама еве се покажа дека супер се пронајдовме
Мојата до сега најдолга врска беше со партнер Овен маани-љубоморен, импусивен, див секс, антироматичен, наметлив,решителен, експлозивен доблести-знаеше да сака вистински, и да прости, и кога е најтешко не кажува-го задржува за себе ( страда на свој начин) инаку Рак и Овен не си одговараат еднаш и веке НИКОГАШ со овен
Јас сум близнак и имам едно овенче. Не се лесни, ама не знам некако ваљда се дополнуваме. Добри страни: добри љубовници, романтични, голема самодоверба, лидери, шармантини, секогаш знаат добро што сакаат и одат храбро кон тоа, знаат во 2 минути да те качат на 7мо небо. Лоши: егоисти, арогантни, импулсивни, љубоморни, ако се осетат барем малце нападнати жестоко реагираат, тие секогаш се во право. Сепак ако цврсто стоиш зад својот став, и ако му возвратиш во иста мера со ароганција и жестокост во расправијата, наеднаш се менува сликата. Некако таа импулсивност му е некој обрамбен систем, напаѓаат за да не бидат нападнати. Кога ќе ги нападнеш со цврсти аргументи, почнуваат да попуштаат и да се повлекуваат. Ако покажеш страв и понизнос готов си, те јадоја. Изгледа во мојот случај се надополнуваме, јас сум близнак желна за дискусии, а овенот иако е импулсивен сепак е добар слушач. Одкако ќе те нападни со еден тон зборови, застанува и слуша што има спротивната страна да каже. Ако сфати дека си во право, знае да се извини. Огнен знак, брзо се пали, афективен знак. Доста емотивни, затоа и така реагираат. Во се реагираат жестоко, јаки љубовници, јаки кавгаџии. Пламнат оган во секоја ситуација. Близнакот е воздушен знак, па според астрологијата воздухот (ветерот) го распламнува оганот, па сме си одговарале.
Јас сум бик а сонцето мое-овен И покрај тоа што според хороскопот се смета дека ваков пар не би функционирал,затоа што се работи за два доста силни и борбени знаци,сепак ние функционираме веке долго време и тоа супер...е сега има конфликти-јаки,и само подалеку треба да се бега од нас кога ке се испокараме...она што го сакам кај моето овенче е тоа што знае да ја ислуша и другата страна што има да каже во одбрана(за разлика од бикот),па многу често и да си ја сфати сопствената грешка и да се извини...не е романтичен,ама ако реши да биде,ми приредува такво изненадување ке ме остави со отворена уста Страстен љубовник,знае да биде и нежен,но многу повеќе знае да биде агресивен,нападен,див во кревет...што мене лично ми се допаѓа Овните се амбициозни и доста интелегентни знаци,се во животот сфакаат ко борба,се борат до крај за се,живчани се,неможат да седат и деновите да и поминат во безделничење(абе не се нормални,имајки кревет,ТВ,ком,јас да си барам занимација(типичен бик ),несакаат флегматични и мрзливи луѓе(од искуство ви кажувам),они секогаш мора да бидат во право и непостои друго мислење освен нивното...во негативни карактеристики би ја ставила љубомората(додуша во мојата врска и не е нешто изразена), преголемата нивна гордост,и напнувањета(барем кај мене ги има многу)да наприаш нешто што он мисли дека треба и мисли дека ти ако мислиш дека не треба тоа го праиш за инат,затоа што не е нормално да немаш мислење ко неговото...
edinstvena soglasnost samo vo seksot........ne umeat da odgovorat na romanticnosta na vagata............premnogu nervozna kombinacija....
Мислам дека треба доста интересна да му бидеш, да покажеш силен карактер, да не дрндориш премногу и се и сешто, да бидеш активна спорт или хоби некое, да го придружуваш во неговите активности...
и мојот е овен јас сум бик со подзнак лав е сеа незнам колку си одговарат тие знаци баш, ама јас и он функционираме супер само малкју љубоморичка има кај него а уште кажува демек немал ама добро е во кревет одличен а и доста упорен во нешто што го има наумено
Иста комбинација И јас сум бик во подзнак лав, а тој овен Супер се согласуваме иако има кај него испади на љубомора, мисли дека е секогаш во право, во кревет веќе се знае
Дечко ми е овен и можам да кажам дека 98% од карактеристиките кои ги спомнавте се точни. Значи себични се, горди, имаат преголемо мислење за себе и тоа не го кријат. Сакаат во се да доминираат, за се нешто коментираат и секогаш се во право. Не издржуваат во досадна врска, постојано им се потребни нови предизвици и авантури. Што се однесува до добрите особини, доста се упорни, одлични љубовници, шармантни, знаат како да постапат со женско и да те излудат. Јас сум лав и според хороскоп одлично си одговараме, бидејќи и двајцата сме огнени знаци и секогаш сме за откривање на нешто ново, не сме многу романтични, повеќе би рекла страстни. Само малце ми е чудно тоа дека овновите биле љубоморни, досега барем немал некој љубоморен испад (незнам дали се водржал или не сум му дала повод за такво нешто).
љубоморни, агресивни ама што знаат да сакаат знаат. ако те засака ќе те сака до крај а и се на се супер се во кревет
Многу добра комбинација особено што и двајцата се авантуристи и сакаат да пробаат се. Ама за изневерување си се најдоа Сексот е идеален но и двајцата се љубоморни и кавгаџии
Xaxax Дали си одговараат Овен и Овен ..?!?! Овен сум во хороскоп .. а и гледам многи ги фалите мажите схо се овен ..!! ХдХд
И јас сум овен. И мислам дека Овен-Овен е многу тешка комбинација, бидејќи стварно како да се натпреваруваат еден со друг. Многу се инаетливи и своеглави така што според мене е многу тешко да се одржи таква врска. Ако си посмирен карактер, пробај, он ќе води во се, така што ќе ти биде супер.
Еве нешто околу љубовните комбинации... http://www.kafepauza.mk/astrologija/vod ... mbinacija/ http://www.kafepauza.mk/astrologija/ove ... mbinacija/ Инаку ни со дечко ми сме комбинација бик-овен и според тоа што го прочитав ние тешко би функционирале, но кај нас е сосема спротивно и после 2 год врска се докажа дека си одговараме.