Јас си имам една овцичка и многу си го сакам. Има голема страст во него и во кревет не е за фрллање. Ептен зрачи со харизма и сексуална енергија.
И јас си имам една, а сум една исто така... Не посветувам мн. внимание хороспот и слично, али ова ми е втора врска со знак овен..па на почетокот бев малку скептична овој пат, посебно кога претходната беше цело време натпреварување кој е подобар, љубоморен, инает и итн итн.. Во оваа врска, дечко ми како нема ниту една главните карактеристики шо ги обележуваат овните . Без разлика на тоа, во таа врска бев и дете за разлика од сега каде долго време сме заедно и мило ми е што немаме препреки како оние што ги имав другата врска.
Па според астрологијата,ова е една од најдобрите комбинации. И јас сум вага и од искуство можам да ти кажам . Спротивно знаци сме со овниве и се што поседуваме ние, ним им недостига,така да се надополнуваме.
овен мој аа на почетокот беше тешко не велам не ! инат!!! ама со тек на време си го засакав и тој овен во него,па понекогаш ми фали тој инат
Само да ви кажам овен и вага беше неуспешен план,аааааауф толкава агресивност немав сретнато,што му падне на ум веднаш кажува,потоа се кае и се извинува али иди бегај.Подобро удри ми шлаканица,отколку лош збор!
Јас сум овен и имав една незнам дали да ја наречам врска ама ајде,со ОВЕН.Сексот нема да го заборавам додека сум зива значи комбинацијава гори од страсти,но во се друго зборам за секојдневие разговор или не дај бозе некоја дискутабилна тема уфф мислам дека сфатив колку тезок карактер мозам да бидам некогас,се гледав себеси во неговиот карактер,исти потполно тоа сто јас сакам да го имам пр внимание го сака и тој и во исчекување и двајцата и ред други работи ептен исти а сличностите се одбиваат и мислам дека ако продолзевме до сега некој ке бесе во нервно.НO!немора секогас да значи,големо влијание има подзнакот и месечината е во насиот случај се бесе исто да го барав немасе да го најдам,сигурно кармата ми го пратила да ме казни.karma,you are a bit*h !
Абе тие можат да се прават јаки фраери, ама малку и направиш филм има да ги вртиш на малиот прст Тие сакаат љубов, ама нем одма да и ја шлапнете во фаца. Полека... корак по корак
Бев во ваква врска. И сеуште се чудам колку спротивни карактеристики од овен имаше дечково. Мирен, тивок, на се потврден одговор да се давало. Каква агресивност, каков инат, какви фраери.. ништо од тоа.
Баш и не се согласувам.. Овенот најмногу си одоговара со Лав и Близнаци, а долго пријателства може да има со Водолија!!
Стојам позади ова апсолутно!!! И јас сум овен, одев со овен 6 месеци и тоа беше мојата најстрасна врска ever!!! Секој што има „пробано“ овен, знае за што зборувам
Можам да кажам од мое субјективно мислење само дека ако на Овен му свртиш грб тој ќе трча по тебе. Тие се енергични, самобендисани и испод цена им е ако им речеш не. Биди недостапна и тој ќе се обиде со својата енергичност да те освои.
Сакаат да ловат, особено жените овен се ловци. Ќе ве освојат максимално. Ама не сакаат предолго да чекаат. Ќе се оладат. Кога е моментот, опуштете се они ќе знаат што да направат. Не сакаат игри, ама ич. Сакаат возбудливо, умствено и физичко освојување. А за во иднина, од партнерот сакаат внимание, поткрепа, возбуда, енергичност, добар изглед...
Со овните имам лошо искуство, не само кога станува збор за љубовни врски, туку онака општо. Ретко кога сум се согласувала со овен. Кога и да дојдам во контакт со некој од овој знак, имаме конфликти и несогласувања. Енергични се и сакаат се да биде по нивно. Ретко кога прифаќаат критика или туѓо мислење, а јас сум се погодила таква, да си кажувам се што мислам. Во љубовта се страсни, но многу непостојани. Како да неможат да се посветат доволно долго на една иста работа, големи авантуристи се.
jas sum oven и то4но е дека кога сакам да освоjам некоj тоа го правам само со поглед. инаку сум во врска со машко овен 3 години и сташно е лjубоморен некогаш е инает голем ама убо ни е сега за сега
Мајка ми е Девица а татко ми е Овен.Сосема спротивни карактери.Ама ете функционираат заедно.Не е се до хороскопот,тука се вмешани и други фактори.
Исто и јас имам искуство со двајца овни, али веке дечко овен не... јас сум риба во хороскоп и дефинитивно не си одговарам со овен