многу добра знаците од исто поле си одговаараат, во случајот два овни се од елементот оган , комбинацијата би била совршена, но тоа е само во овај случај и во случајот кај два лавови
Мислам дека нивната самоувереност, енергичност, шарм ме привлекува. Исто така би рекла лојални, решителни, љубоморен, страствени, срцкасти. Тој е жарче кое, ако не знаеш како со него, можеш да се изгориш.
Јас сум овен и дечко ми е овен. Мноооогу сме тврдоглави и двајцата и мнооогу избувливи, особено јас, а што се однесува на тврдоглавоста најчесто попушта он. Имаме многу бурни кавги. Од глупост знаеме да направиме голема кавга. Позитивно е што многу бргу се смируваме, бргу ни поминува нервозата. Сепак мислам дека треба малку повеќе толерантност за да успее една ваква врска
А бившиот ми викаше „не сум типичен овен“. Ма кого лажеш бре? Со разликата што болдираните особини преовладуваа и ги гушеа и малите количнини на овие...како да ги кажам...не-болдирани. Па затоа нели стана и бивш. Во мојот ex-случај, би додала и крајно себични. И брат ми е овен...типичен во негативен поглед. A имам најдобра другарка овен со која 12 години не сме се налутиле ни еднаш за која све би направила. Е ај сеа де...
Како со овен? никако... бар ако збориме за комбинација шкорпија - овен Од искуство мое.. освен што ќе се караат и ќе се инатат и лутат за секоја ситница, а овнот знае да биде многу упорен дури и кога не е во право знае да оди до крај и да не попушта, што може да доведе до сериозни расправии. Разликата е што нив им мине брзо лутина и после се однесуваат како ништо да немало предтоа, али шкорпиите итекако држат лутина и не забораваат што се случило, што значи ваквото однесување на овнот може многу да ги нервира некои шкорпии (посебно оние лошките како мене) и како што знаеме.. чашата ќе прелие некој ден и ќе се распадне се... Ако има нешто во што се слагаат тоа е сексот... предиграта е кратка и обично сексот не е толку нежен.. затоа што и шкорпиите и овните се водени од марс и во кревет се агресивни и премногу страствени.. Лудо и незаборавно.. во кратки црти тоа би бил описот
Ама посебни се.. Барем мојот За караниците зависи до карактерот не е се до знакот јас сум шкорпија, тој е овен и супер ние. И не држи лутина како мене вистина дека брзо заборава и НЕСАКА ДА СЕ ПРИСЕТУВА (ако јас му плескам се в лице, по некое време ако згрешил ). А за сексот се немаме пробано
Изгледа кај мене грешката беше тоа што ќутев.. и што очекував тој самиот да стане свесен за грешките што ги прави и да се промени, али изгледа треба ова твоево да се проба ... А за последното.. нема да се покаеш, верувај ми
Овните се многу тврдоглави луѓе искрено Кога ќе намислат нешто мора така да биде. Јас сум во врска со риби и јас сум риби
од моето искуство со овен можам да кажам дека во кревет немам речиииии чиста 10 ка одлични лјубоџии се овенчињата, секогаш спремни за акција и општо имаш чуство дека мажиште имаш до тебе , романтиката не очекувајте од овен гестови и слични работи , инает ако го фане е тоа е веќе страшна работа , мојот ретко го фаќа ама коа го фане добро го држи и тоа најчесто е за банална работа ...
а дали знаете како во хороскоп со рак? мн.постар (години јас сум девица ...ај ве молам пишете. благодарам од напред.
Со маж овен, тешко!Многу тешко.Е да ми кажуваше некој дека се вакви немаше да поверувам...Посесивни,тврдоглави,лути,знаат да се лутат за секоја можна ситница,да бидат љубоморни... Со нив ќе ви требаат вишок нерви дефинитивно, затоа што воопшто не се едноставни. Ти ќе им кажеш нешто, тие не веруваат, ако не е по нивно се лутат ненормално до максимум,се си мислат дека ги вараш со овој-оној со кој ќе стигнеш...Абе забегани, ти тестираат нерви. Претеруваат !
Јас имам дечко две години што е овен, а јас сум риби во хороскоп. Ептен невообичаена комбинација, но сепак ние функционираме супер имаме свои моменти на испади и на инаети, но со разговор се се средува. Задоволна сум од него
А дали има значење подзнакот? На пример тој е риба во хороскоп со подзнак овен. Јас повеќе му наоѓам карактериситки на овен отколку на риба. Можно ли е подзнакот да му е доминантен? Голем дел од работите што се кажани овде за овен ептен се поклопуваат со негов карактер. Се чудам што е толку љубоморен, кога гледам сите иста карактеристика ја давате. Не реагира отворено кога е љубоморен или кога ќе го закачиш несакајки со нешто, туку враќа тенденциозно и со намера, со нешто што знае дека ти е слаба точка. Лесно навредливи и при првата можна прилика се осветува; ако не постои таква, во состојба е самиот да ја создаде. Не знаат да трпат. Како да постапам? Интелектуално и се друго многу се согласуваме, немаме кавги, ама недај боже на шала и ли несакајки да му закачиш Ахилова пета. Ме нервира. Многу ме нервира. Ми ја научи салбата точка и се за тоа ќе ме закачи. За среќа кратко трае, си го кажув уз муабет, му олеснува изгледа и после пак ме сака. Да го баталам ли? Не ми се допаѓа осветољубивост. Ич! Иначе јас сум вага со подзнак рак. Знам дека вага и овен си одговараат. Јас сум како магнет за овнови, сами ми се лепат. Абе ко ќе видам некој ко ќе ми се приелпи ко салотејп, органски знам дека е овен . Си имав порано еден овен, одлично одеше, по малку посесивен, ама по малкуцка,... Некоја идеја или совет, pls. многу ќе ми значи ваш коментар.
Вака и јас забележав на почетокот дечкото ми беше доста затворен не сакаше да зборува за минатото и слично, исто не покажуваше некоја посебна љубомора ама се гледаше дека нештото му смета или слично, за лутење да не правиме муабет хаха прв беше секогаш и за шалите, но не и сега со тек на време се смени колку толку не викам дека не се лути или слично само во умерени граници е. Нашите знаци наводно не се совпаѓаат воопшто, но ете скоро 2 годни сме заедно и не сме се разделиде ни на ден. Јас сум риби со подзнак близнаци мене цел живот ми викаат дека ми е утнат знакот затоа што ни сум некоја сентиментална, ни чувствителна, така да од мое лично искуство може да биде тоа дека подзнакот повеќе доминира во карактерот на одредена личност, не на сите нормално. Треба да седнете и да си направете искрен муабет (како ние што правевме) за тоа што сакате и како сакате, нормално да си кажеш што не ти се допаѓа и што треба да се подобри во врска со него и со вашата врска, критики ќе има и за тебе, и потенцирам според мене не е во ред да се удира само кај што си најслаба, не сте мали деца, се што сакаш да биде поинаку треба да го кажеш ако си ќутиш и ако си враќате секој пат нема ништо да биде. Се надевам дека ти помогнав со ова, ако не бидува животот е пред тебе
Прво те сфатив дека ти си овен, а тој риби и за тоа тргнав да одговорам, ама сум читала друго мислење Не се гледа толку по подзнакот туку поважните планети како склоп се набљудуваат. Вага и риби и не е некоја комбинација, ама ако дошло до привлечност другите планети ви се поклопиле на некој начин.