Доминантни, инаетливи, не трпат нешто што не им е по ќејф, малку себични, тврдоглави. Немам лично некое искуство со овен, но тоа сум во подзнак, па сакам да ги анализирам општо какви луѓе се. Со твојот знак според хороскоп мислам дека баш и не одат нешто многу ама ај да не ти расипувам ќејф, сепак само хороскоп е тоа.
Уф ам… не можеш да ги погодиш како точно размислуваат и што ќе кажат во одредена ситуација, но спрема тоа многу се паметни и имаат добро срце. Се вреднуваат и ценат себе и не се злопамтила. Мразат кога некој им повишува тон и не ги почитува. Со овнот не можеш топло-ладно да играш, или си или не си. Ако е заинтересиран за тебе ќе ти преде ко маче,ако не ништо. Едноставни се и мислам дека ова е најубавиот знак во цел хороскоп.
Затоа што се луди. Јас сум женско Овен,имам искусено партнер исто така Овен.. шта речи... Едит: што подалеку.
Прадедо ми бил овен и прабаба ми дека бик, којзнае колку не се поднесувале .Инат,се лутат овните ама брзо им минува , тврдоглави и во се сакаат да се први
Татко ми и син ми се овни. (и многу жени околу мене се овни, скоро сите мои најдобри пријателки ама жените се друга тема) Мажите овни се родени лидери и водачи. (Каков тип на лидери ќе бидат, веројатно зависи од тоа каде им се и другите аспекти во наталанта карта.) Амбициозни, вредни, педантни, учат и работат, преземаат иницијативи и смели се. Интелегентни и логичари, ама со сенс за естетика и убаво. Кога ќе се налутат реагираат жустро, како да ги преплавуваат емоциите и тешко да им се смируваат. Како баш да немаат баш добра контрола врз тоа како се осеќаат. Предизвик им е како да преживеат некој неуспех. Ако не постигнале резултат како што сакале ќе се изедат, ќе го мозгаат, зошто како се случило да утнат и ќе бараат начин да го поправат. Себе се ставаат на прво место, ама не се нужно себични. Напротив сакаат да работат за добро на сите, да помогнат некому ако треба. Интересно ми е што ми личи дека се свесни дека се подобри од другите за некои работи, но не се класични фалбаџии за тоа. Мислам може да го кажат гласно тоа, ама реални се и немам впечаток дека го кажуваат со цел да се стават на пиедестал. Себични се само колку што треба за да се заштитат себе или за selfpreservation. Не се отвараат лесно на тема љубов, си ја ценат интимата и приватноста. Мислам дека повеќе сакаат дела и доказ за нешто во пракса од празни зборови. Кругот на пријатели може да им е поголем, се популарни, ама на најблиски пријатели им е резервиран само за оние кои се докажале како искрени пријатели и кои им се на нивно рамниште (во интелект, интереси, воспитание и сл.)