Меѓусебно растојание меѓу две планети дефинирано со агол од 150° и +/- 5° орбита. Spoiler Еве сликовито. На сликава Месечината прави инконјункција со Марс. На темава, прашањето се однесува на синастрија. Во синастрија се гледаат планетите од една натална какви аспекти прават со планетите од друга натална карта-компатибилност. Во случајов е премногу генерално, затоа што се однесува само на Сонце/ Sun sign. Да речеме ти си рак (имаш сонце во рак), а некој друг водолија, значи вашите натални Сонца прават инконјункција.
Што сака одтебе мажот водолија кога во гужва постојано добиваш многууу внимание кога секогаш е во твоја близина непрестајно те гледа и шмека,а ти пишува преретко и не дефинирани кратки пораки(скоро никогаш) ?!
Со рак, со шкорпиите поголемиот дел од времето, со 99 од 100 стрелци. Со овните си одговараме претежно, ама тие се лошо влијание за водолијата. Со вагите супер комуникација, но немам доверба во нив. Рибите ми се матни. Останатите се ОК избор отприлика, кој помалку, кој повеќе.
Хм, зошто овните би имале лошо влијание врз водолиите? Ме интересира мислењево зошто на ваков заклучок не бев налетала досега, а си велам зборуваш од лично искуство.
Зарем е важно? Огнените знаци се енергични и борбени, поттикнуваат динамика во животите на пасивизираните воздушни кои се мисловно најактивни, но помалку демонстративни во пракса, и поради таа комплементарност е препорачлива интеракцијата помеѓу оган и воздух. Работата е во тоа што овните знаат да бидат проблематични луѓе, а водолијата да претрпи дел од негативните импликации.
Знаам едно машко водолија, поладен тип неам видено. Чиниш Јарец гледаш. Таков став, таква ладнина, не се насмевнува...убав, висок ,убави очи..се чудам дало воопшто е водолија хаха
Девојчињаааа ми треба хелп. Пред месец дена запознав дечко - водолија на фб. Не му ни враќав многу , не му се замарам , сам си разговара почесто. Живее во друг град btw. Во неделата дојде во мојот град , пиевме кафе и го откачив. Денес дојде пак само да ме види. Инаку си прави планови за нас , ми кажува дека ме сака и такви некои глупости. Јас не му се замарам мн сум ладна и инаку сум вага. Сега приметив дека има некои љубоморни испади. Што мислите? Што му се врти во глава на овој? Инаку 2 пати се имаме видено , а тој за брак ми збори. По 27 год.имаме
Водолија и вага си одговараат многу има нешто и во хороскопот штом толку го привлекуваш.Знам дека се упорни меѓутоа знаат да се и превртливи така да не му верувај многу
Јас имав еден сличен . Идевме 1 година , за на крај да ме изневери . Инаку упорен , фин беше , додека не се фативме . После одеднаш се промени . Секогаш зафатен за на кафе , секогаш на работа за допишување . Сомнителен ми беше , па се распрашав наоколу малку . И открив дека прв пат ме изневерил кога врската ни полнеше 7 месеци . И дека од тогаш се почесто ме изневерува . Му раскинав , па направи драма од тоа , ја вклучи и девојката со која одеше паралелно 2 недели покрај мене .. и така . После 1 година од цела таа фама се појави кај мене во село . Тогаш се обиде да направи нешто грозно . Не му успеа . Од тогаш ниту сум го видела , ниту сум слушнала за него . Ниту сакам да знам .
Да ви кажам од личен аспект,барајте само јануарски водолии,родени до 31 јануари ,од 1 до 20 ти февруари се дигнати со нос во нос,себични ,а јануарските сме души,хумани,само и во двата случаи сме непредвидливи и тука може да биде и неверство и се најлошо.
ако има такви карактеристики,сигурно во подзнак е јарец или има во натален хороскоп нагласено некое поле во тој знак,јас имам во пето поле јарец и делувам ладно ,незаинтересирано,студено но затоа таквите сакаат најмногу и најстраствени се
Роден е на 21ви јануари инаку нели тогаш почнува водолијата . Не знам каков е, ама би го пробала. И тоа како хехе. Само ме буни тоа што е превртлив. Кога е во друштво е поинаков. Вели здраво ама со некој јак машки глас. Еднаш, одеше низ хол, и ненадејно му дојде кога му реков здраво и поцрвене. Не знам, дали има симпатии спрема мене.
Јас имав симпатија јануарска водолија, а јас сум февруарска водолија и ајде што не ми беше возвратено, туку и со непочит се однесуваше кон мене. Додека сопругот на една моја братучетка е февруарска водолија е душа човек и е далеку од дигнат. И јас делувам кренато според некои, ама кој ме познава, знае дека воопшто не сум таква. Така што не генерализирај. Тоа кој каков човек ќе биде најмногу зависи од домашното воспитување и околината, а не од тоа дали е јануарска или февруарска водолија или пак било кој друг знак.
Водолиите што и да кажат секогаш сметаат дека се во право и тоа не може да им се побие и некогаш знаат да бидат тотално ладнокрвни
И јас имам лошо искуство со водолија. Изневерувачи, додека те добијат се фини, после се прикажуваат у вистинско светло. Се се нешто зафатени, најдобри, несфатени од другите, со ладен карактер. Водолија веќе никогаш. Инаку некаде читав дека водолии мажи најтешко се решавале за брак, а татко ми е водолија и едвај на 34г се решил, па може има вистина. Иако појше ми беше за зафрканција по дома "податоков" ама ми текна да го пишам. Секако хороскопот е само шала на крај краева
Еее не се сите водолии исти, татко ти е пример за тоа. Те имам читано дека е одличен татко и сопруг, вистински пример каков треба да биде еден маж.