Ладни кон мнозинството но не и кон сите. Можеби и останатите како мене си го чуваат кругот на доверливи личности што помал
Нема врска. Водолиите се блиски со луѓето што им значат. Иако се дружељубиви, со големи друштва, само одреден круг на луѓе може да се пофалат дека им се навистина блиски. Во состојба се цел свет да им го дадат на оние кои им значат. Ама ако им ја изневериш довербата, готово е. Секако, ова не е генерално за сите водолии.
Водолиите имаат високи критериуми, а често и високо мислење за самите себе си. Иако некогаш имаат детинест или уникатен имиџ, тоа однадвор сакаат да покажат дека се тралала, но си имаат своја длабока страна којашто прави да се замараат за ситници и ретко забораваат, уште поретко признаваат грешка. Нверојатно се интелигентни, голем дел од мои пријатели со академски кариери коишто ги знам се водолии, слободен дух, тесен круг на којшто целосно се отвораат, иако личат на social butterfly или pack leader, со многу малку од таа толпа се блиски иако знаат со секаков тип на човек да свртат соодветен муабет. Не се ладни, ако се заљубат мајко мила, ако ви делуваат ладно, често е или затоа што не мислат дека сте онаа вистинската, сѐ уште, или пак дуваат на матеница од претходни искуства. Ама не очекувајте некое превисоко ниво на емпатија од воздушни знаци воопшто... можеби вага. Spoiler Инаку кај нив заборавање е исклучено како функција. Една личност којашто многу ја сакав ја изгубив оти при разочарување за (воопшто не мала) работа, му реков дека не знае за образ и чест. А бе за тој еден лаф 5 месеци сркав несолена манџа, нема нема, ќе го спушти муабетот , ме пукна. Така што, дипломатија со нив.
Vistina e toa, Vodolija sve pamti  I vrakja kad-tad, bilo dobro ili losho. Isto, saka da bide pochituvana, voopshto ne e mazohist taka shto, nikakvi grubosti so nea, nitu toplo-ladno taktiki. Jas imam 2 mashki drugari vodolii, koi bukvalno bubachka ne bi povredile, ja sobiraat i zhiva ja ostavaat niz prozorec. Dobar znak, glavno e miren koga se mu e pogodeno, ama go nejkjat site bidejkji ne se ulizuva po priroda, ne znae i ne saka da se potchini, ochekuva ramnopraven tretman.
Женски, што со маж водолија!? Некако ептен тешко изгледа.. Што ако те кани на кафе, се нормално и после тоа никаде го нема со денови а ако му пратиш некаква порака културно одговара но се осеќа некоја ладнокрвност.. На последното излегување као дошло до нешто (не преминало и во секс) као демек на почеток ама уствари со него не е ни почеток зошто исчезнува… Какво однесување треба со него?
Богами да. Ако веруваш исто искуство имам од порано со ладнокрвноста. Немав живци за тоа понашање јас. Дали е случајност или повеќето се такви еве не знам.
Стварно нз како да го дефинирам. Од една страна е прекрасен, харизматичен, многу комуникативен, ведар и насмеан но откако се враќа секој дома ништо повеќе не се знае за него… На моменти мислам дека поканата за кафе и сл е чисто од култура но си викам нема потреба кога и така ниту сум му другарка, ниту колешка ниту комшивка за да од култура ме кани на кафе… Ептен ми се свиѓа но мака мачам со него а не сакам ни фа покажувам многу заинтересираност и се правам ладна и јас но тој ептен… Нз дали да се трудам или да баталам….
Шала на страна со хороскопов, може нема многу хемија меѓу вас или не е многу заинтересиран. Види уште некое време како ќе ви биде, но ако нема интерес многу од негова страна и не напредува "врската" тогаш пиши пропало, не си губи време. Чим те вика на дејтови ваљда е океј... Може сака нешто врска без обврска, па затоа не се замара толку освен да те викне периодично на искачање. Не знам стварно, нема врска хороскопот, секое дејтање, врска е различно...
Да во право си можеби нема некоја посебна хемија но повеќе ме асоцира на топло ладно игра зошто знам дека некоја порака ја гледа веднаш откако му е испратена но ти враќа после саат време така да анализирајќи прв пат среќавам ваква недефинирана личност…
Иритантно однесување... Според мене види уште некое време, но ако нема подобрување од негова страна не си губи премногу време. Ако не иде, не иде, со сила да го натераш да е заинтересиран и посветен нема да успееш, чим уште на почеток е таков...
Подалеку од водолија Јас не ги можам шкорпија сум и ме нервира што не можам да разберам како функционираат толку ладни луѓе немам видено. Ама затоа ако те сакаат се ќе направат за да ти помогнат
Не ни се секирај и биковите се ладни... ладнокрвни(машките).Можеби само тие можат да парираат на нас.А друго, шкорпијата е длабоко емоционално поврзана кога се поврзува со тоа и ранлива станува.Лоша комбинација веројатно шкорпија водолија конкретно
Излегував со еден водолија а јас сум близнак. Се беше океј на почеток симнување ѕвезди, никогаш нема да се откажам пд тебе, одма ми кажа те сакам и наеднаш стана ладен. Станав и јас, но се мислам да не стана ладен бидејќи му кажав дека несакам врска тој ме праша дали ми треба време реков не не бев сигурна бидејќи никако не ми докажа дека навистина ме сака. И јас го баталив по некое време и тој одма си фати девојка. Но кога и да се сретнеме некаде ме шмека дури кога е и со девојката. И што треба да мислам сега?
Мојот сопруг е Водолија, премногу е внимателен,оригинален, паметен, забавен со уникатна смисла за хумор. Дајте им само слобода,не ги притискајте и се ќе биде во ред.
Дечко ми е водолија и е најнестабилниот знак што го познавам. Еден ден ќе те дигне во небо, друг ден ќе те спушти на земја... Слабо романтичен, чувства тешко искажува, не го бива за романтика. Интелигентен е, повлечен во себе, затворен тип... Некогаш мислам се е добро со нас, некогаш се е лошо, како му е денот, така е и тој.