Од збор до збор така е... Трпение многу треба за луѓево. Не признаваат грешка, во кавга се многу лоши на збор...
Ако сакате да ги разберете водолиите треба да сте страствен интроверт, да ја обожавате осаменоста и слободата. Не се лоши луѓе само се испраксирани да се заштитат од повредувања. И не бивајте достапни за нив 24/7, не ги форсирајте нештата. Ако си побарате внимание ќе ви го даде. Едноставни сѐ, ги разбирам јас тотално. Е сега може дека јас сум лав со подзнак стрелец.
За мажи не знам, еден на кратко имав водолија, е како самата водолија, више-мање точно си е. А познавајќи и други водолии, мислам дека погрешно мислите дека сме ладни и неемпатични. Скоро секоја водолија што сум ја запознала има љубов за цел свет, само што не преферираме тоа да го покажуваме јавно Односно, тие што ги сакаме знаат дека ги сакаме стварно. Од друга страна да, имаме високи очекувања, уште не сум нашла водолија со ниски. Две водолии во врска е... затоа де беше кратко единствениот водолија Бившиот ми беше ТИПИЧЕН рак. Textbook. Дур искомуницираме емоции меѓу нас Тој пустиот желен вечно за љубов, јас еден чекор поблиску и ме "гуши". Затоа сега најдов лав Или ќе стане маче, или нов ќе се бара Инаку се согласувам дека и мажи и жени сме комплицирани во принцип. Бар не сме досадни ај
@CameliaMiller Мислам дека со Лавовите, како што прочитав еднаш некаде, сме a couple created by the gods Пар создаден да владее со светот Моето љубовно портофолио покажува дека можам само со Лав и Овен Иако па и celebrity crushes се ми се некои Бикови и Водолии. Е сега како си издржала со Рак, не можам ни да замислам, ја би оштета барала И често сме несфатени, бидејќи сме ahead of our times
Со рак издржав така што тој мораше да ме толерира мене и мојата потреба да ме остави на раат и да не ме препрашува, а јас да му ги трпам пресилните изливи на љубов, што ме ужаснуваа посебно јавно Со лавов сегашен сме борба за превласт и тоа за глупости се караме. Ама ај не е од тука и пресмешно ми е отпосле. Мислам јас не кажувам кај сум, што правам, ќе се јавам кога ќе се сетам де, и вака тече разговорот: тој: 5 пораки, некаде измеѓу прашање дали сум добро само да кажам, што секако ги гледам со бар 2 саати каснење јас: добро еве сега гледам тој: па добро каде беше? јас: обид за контрола? Е БАШ НЕ ТИ КАЖУВАМ тој: аман многу си "бахата" (уште не знам што е тоа, ама што и да е, таа сум ) Ќе владееме со светот кога ќе го научам мачево дека не се прашува водолија кај била/што правела/со кого била НИТУ ИНФОРМАТИВНО. Ќе си кажам сама ако сакам Што е Рајан Рејнолдс во хороскоп? Тој и Торенс Кумбс ми се симпатии Баш така. Ама БАШ така.
Шкорпија. Т.е cusp вага/ шкорпија. Другиов не го знам. Ова е најзастапената комбинација во мое опкружување. Со други зборови, познавам дури 11 пара Водолија + Шкорпија од разни возрасни групи. Сите се долгорочни врски. Многу хемија и (фрики) $*х. P.S. не тврдам дека е некое правило во астрологија. Само мое набљудување. P.P.S ни едно, ни друго сум.
@CameliaMiller Рајанчо е Скорпија, а Тор е Близнаци. Understandable што ти се свиѓаат Јас и со Скорпиите се согласувам, тој ми е и подзнакот Ама за партнер, мислам неин. Треба некој понормален, за баланс Мислам дека се премногу љубоморни. 'Bahata' инаку е како арогантна, неподнослива, бичи со стил И вака од пишувањето, мислам Лавот ти е полн погодок за разлика од Рачето. Па така ви посакувам заедно на врвот на светот да дојдете Е сега тоа што патот ќе е малку танго за двајца, то сад није тема приче *тангото*
Точно Кога се разбираме, ама фантастично се разбираме, баш најдругар ми е. Малце лавовско ќе покаже, водолијата во мене се костреши одма Е може да е тоа бахата, повеќе време поминува да ми објасни дека озбилно се насекирал, а не дека ме контролира. Ама јас превентивно морам да си кажам дека отчет не поднесувам Иначе најдругарката ми е овен, тотални спротивности сме ама многу добро се надополнуваме една со друга. Другата близнаци, третата лав. Сестра ми е јарче, како различни родители да имаме, е толку не сме слични
Исто - не само што јас за себе си сакам слобода, еднакво ја давам. Пример сега скоро ми се налути оти ништо не сум прашувала Бејзикли, ми рече дека со другарите ќе иде во Бриони за викенд, јас му реков - убаво да си поминеш, јави се кога ќе се вратиш или ако најдеш време додека си таму. Епа оти не сум прашала со кои другари, оти да се јави кога ќе се врати, не ми било гајле за него. Суштински, не ми е гајле што прави, ју ду ју, што да ти правам јас од Скопје дур се шеташ... уживај ебаго. Не дека не ми е гајле за него, ама аман, си отишол некаде, уживај. Мислам дека сме само многу неразбрани во суштина. Гајле ми е и те како, сакам да си помине убаво и раат де.
@CameliaMiller Ова може само Водолиите да го разберат Како да зборуваш на водолиин јазик и комплетно те разбирам што сакаш да кажеш и доловиш Ако не прашувам со кој точно ќе биде, не значи дека не ми значи. Ама таков мислам ни е софтверот, не гушиме по никого Ама за ова треба интеграли да се објасни на другите А па во ситуации кога партнер се обидувал да ме направи љубоморна, што е невозможно and me over here was always like
Леле Оди објасни дека НЕ, никаква доза на љубомора не е здрава Ниту можам да бидам љубоморна бе, ако си нашол друга, супер, само себе ѓубрето се фрлило
Со Лавови и Ракови знаеме како само ние Водолиите/Јарците најдобро. Со Водолија за чудо до сега не сум имала искуство, со Јарец да. Иначе Енџи и Бред се Близнак и Стрелец(спротивни) ова важи за сите спротивни углавно, ( Рак-Јарец, Лав - Водолија, Девица-Риби, Вага,-Овен, Шкорпија-Бик ). @CameliaMiller Можно е и Ракот да ти бил спротивен зависи на датумот ако е блиску до cusp, а и можно е да имаш позиции во Јарец, ако се работело за долга врска. Ама и дечки бе Месечината и другите позиции секогаш ги заборавате. Шкорпиите остајте ги сеа, они се сами по себе посебна прича. За нив и Биковите тек да не почнуваме.
Цел живот го имам истиот проблем. Не сум ги сакала, ладна сум била што ли не. А нема везе . Поаѓам од самата себе не сакам кога сум излезена или кога одам некаде да дремам на тел да си пишувам цело време. Иди шетај уживај кога ќе се вратиш ќе кажеш како си помина.
Баш тоа! Или ако не се јавам дур сум излезена, не мислам на него... о, Господе Не мислам на тебе активно, нормално, мислам на тие со кои сум некаде, на тебе ќе мислам кога ќе сум со тебе. Исто и обратно, дај не ме замарај дур си надвор, пример бившиот ќе се развесели и ќе ми се јавува да ми пее Дај уживај си и не ми е*и раат мене...
За себе ќе ти дадам податоци пошто поима немам, па објасни ми каква сум Знам дека сум во подзнак лав, друго не разбирам. А за дечковците поима немаат во колку се родени. Spoiler сегашниов три пати го оживувале кога се родил, добри 2 саати бил нестабилен, вика кое оживување да го сметам за дефинитивен саат на раѓање? А за мене повели Одбрав да е shareable не знам дали ќе успее https://astro.cafeastrology.com/natal.php
@CameliaMiller И Месечина ти е во Водолија, плус и чворови на оска Јарец-Рак. Овој сегашниов е секако во микс(опозиција), овој бившиов исто може ако е роден после 6ти/7ми Јули па надаље. За Месечината не е битен толку часот колку датумот(уствари битен е ама може и без тоа отприлика да покаже) 2часа како и да е не прават разлика, а за подзнак се зема часот кога бебето го земало првиот здив. Значи битни се и нивните Месечини.
Јас не се разбирам во ништо од ова, што е подзнак, што е месечина? Како е подзнак на англиски? Макар еве ти ги бивш и сегашен, не знам кој поеќе не ми одговара @Polyincognito сонце рак, месечина риби, ќе барам оштета сепак
@CameliaMiller Чекај сеа многу има за кажуење, да се фокусираме на најбитното. Иначе и двајцата ти се ко да си ги бирала од космичка шветска маса на репете. Да и бившиот ти е у микс иначе, двајцата на cusp Рак-Лав(и вој новиов ти има примеси на Рак) , Марс во Бик/соѕ. Овен(и двајцата) Ова бодибилдери да не ги бираш? Шо би рекла Поли, дио мио. Ако вој бившиов ти бил срцепарателна прича, чекај сеа со вој тек да видиш шо ти се спрема. Еве ти ги ќе ти ги пишам key points па гуглај *Сонце(он и сегашниот и бившиот) опозицијаМесечина(ти) *Сонце(он, исто и со сегашниот и бившиот) конј. Јужен чвор(ти) *Марс конј. Марс Овие две ги имаш и со бившиот Е сеа со новиов освежење *Месечина(ти) конј. Северен чвор(он) Едино не ми се свиѓа овој Ма(рс) (ти опозиција Месечина(он)со новиов, може даправи(ш) проблеми. Овој ли е тој и тебе ли те читав што има почината мајка? И натално си го има аспектов/ предиспозиции, плус и ти/врскава можеш да му го активираш Мo(on) /во Стрелец(соѕ. Шкорпија) он во 5то поле (на децата) /ти, потенцијално женско бебе/шо ќе личи на него/мајка му? Со бившиот имаш и Мо(оn) Ve(nus) double whammy Во ваа новава фали Венера? Другото зависи од нивните "под" знаци. Укратко. Иначе откога апелирам до здружението на астролози да најдат ново поадекватно име за подзнак, ама никој не слуша. И сеа на луѓето не им е јасно, епа не им е јасно нормално. Иначе на англиски е адекватно asc(endant) /ris(ing) sign, буквално изгревачки знак, тоа е знакот(тропик) /соѕвездието што изгревало за време на раѓањето, наједноставно за објаснување е вака, затоа и тие што се родени на/околу изгрејсонце имаат исти знак и "под" знак. Знакот на Месечина, Венера итн. останатите позиции на планети се ко што кажува и насловот сам, "знаците" (пак тропик) /или соѕвездија во кои се наоѓале Месечината, Венера итн. на датумот на раѓање. Иначе и бившиов и новиов, поготово новов ти се лика и прилика на еден мој бивши(не е он). Шо би се рекло се ми е јасно, и на здравје
Тој е, со умрени сите скоро, тој едвај преживеан. Иначе да, и овој е драма квин, а бившиО повеќе емоции имаше. Т.е. подраматичен беше Никако да си најдам некој ко за мене таман бе Сама на себе доволна Сонциња месечини чворови, ништо не разбирам, со мене мораш explain like I'm five астрологија Еве, го натерав да си најде извод во колку е роден Spoiler