Второто. Знаејќи дека од спротива има искрена, отворена личност. Знаејќи дека има кривица во него. Муртењето е Добро утро за него, пардон машкиот Јарец.
Не. Не одржуваме врски, зошто јарците незнаат што е тоа врска. Одржуваме некоја замислена врска, односно тежнееме да имаме врска. А далеку од тоа. Многу се размазени.
Да, за машко Јарец. Па можно е покрај муртењето или да се повлече, или може и да реагира остро, зависи каков карактер е. Знае и да се развика, и на крајот да направи вината сама да си ја префрлаш. Како рекле : Ем шуто-ем боде.
Луѓето јарци се горди (мислам дека е најгорд знак во зодијакот), и по правило не попуштаат први, па што сака нека е. Ќе треба доста да им се потчинувате. Знам по тоа што имам силно влијание на јарец во натална. А и од познаници јарци.
мм ми е јарец , врската ни беше мирна сега и во брак еок каркт му го научив и со нив само смирено пошто навикнати се по нивно и пребурно реагираат и на најмала ситница сите јарци ... немора да значи дека треба со глава наведната и премногу да се подчиниш едноставно е сето да се најде компромис и да го научиш човекот до себе а и тој тебе .. караницата секоаш е доколку едниот се прави помудар а не е во право .. се е ствар на трпение и компромис буквално ( сите имаме слаба точка )))
Milo mi e koga jarcite se vo fokusot na zbidnuvanjata...komentarite..losi ili dobri...se znak deka nesto se slucuva nekoj e aktiven....vnimavajte na rogot.
Сакаат кога емоционално злоупотребуваат. Си го хранат егото кога некој пати поради нив. Најдобро однесување кон јарец е правилото без контакт. Само така можеме да ги средиме. Ама тоа е тешка борба на мозокот со срцето, и така пак им попуштаме...
Зборувај му нежни , убавии зборови и ке се наежи и потполно твој е не се толку проблематични , ама со нив не можеш да тераш инает , бидејки тие се најголеми инаџии !
Има вистина во ова. Заради тоа што се емотивно незрели. И точно дека кога не им даваш на значење, сами те бараат. Ама и тоа им оди на нивна штета ... Убаво им е да се самотници изгледа ...
Не им е ибаво сами. Многу сакаат нежност. Само гордоста им е премногу висока и не покажуваат слабост. Дури и кога не се во право, нема да признаат. Сакаат ние да се бориме за нив. Ама всушност, мажите се тие што треба да се борат нели? Не се даваме !!!
Така! Кога не се бориш секогаш ти си таа што е виновна или самобендисана. Без причина. Зашто се "неспособни".
Пробај да му допреш во душата , овие јарци всушност се јарчиња Ајде некоја што е јарец во хороскоп нека каже нешто
Еве сум Добро сега, знаеме дека не сме цветки ама вие погоре сте не претставиле како монструми, не сме ваљда до толку Шала на страна, ако сум женско јарец... се препознав во доста работи опишани погоре. Точно е дека сакаме да контролираме се, да сме секогаш во право и светот го превртуваме ако не е по наше, инат и гордост до небо и тоа колку што им пречи на тие од наша блиска околина ни пречи и на нас самите ама ете, посилно е и од внатре не тера. Чувствителни сме и знаеме да бидеме многу нежни ама не пред и со секого. Паѓаме и премногу ни значат ситници колку и да не изгледа тоа така. На ситница која за другите е сосема небитна нас може да не ќарите или да ни предизвика одбивност, зависи нели што е. Во врска со тоа дека сакаме да бидеме сами, верувајте дека тоа не ни претставува проблем. Знаеме како со себе, уживаме едноставно во тие моменти. Никогаш нема да попуштиме први и да се јавиме па дури и да умираме по таа личност, а ич па ако некоја личност малку ни значи. Уверени сме дека тој/таа губи И така, се надевам ви помогнав... Знам дека малку сме тешки и комплицирани ама ако еднаш допрете до нас нема да се покаете и ако успеете да не освоите љубовта од наша страна долго ќе трае, верност до крај и тогаш буквално за нас друг/а не постои и ќе знаете дека цел труд да ни ги срушите ѕидовите вреди
Дечки, најдите го нештото што го интересира вашиот јарец, проучете го тоа нешто и избацете му се со ваши ставови, знаења, мисли и прашања. Сакаме, многу сакаме кога ке видиме дека некој сака да ни го запознае внатрешниот свет, кога некој сака да учествува во работите што ние ги правиме. Ако тоа е планинарење заинтересирајте се, ако е некоја наука заинтересирајте се, ако е спорт исто. Не очекувајте дека ке паднеме на површински муабети од типо искачање, мување, секс и пијанчење. Дајте длабочина покажите, интерес покажите, прашувајте, дебатирајте (така се палиме ние).