Од живо проценување нема подобро. Може вака и ѕвезди да симнува а во живо спротивност од 360 степени. Ова од искуство.
Абе што рогови си барате со вакви ? Што подалеку од нив ! И другарка имав јАрец и со еден јарец излегував , што да кажам освен катастрофа луге .
Користиме надимаци. Не за секого и не е задолжително да минат месеци и години, пак да почнеме. Некои луѓе ни сраснуваат побрзо и полесно. Е, сега... срце, бејби не се надимаците. Ама, тоа ваљда е ствар на креативност. И доста не рекламирате. Луѓето ќе се настрват на јарците,баш да проверат дали се такви ко што викате.
Јас сум близнак а мм јарец. Цело време на работа мисли... уууффф па коа ке почнеме да се препираме, он секогаш си мисли дека е во право а и јас не попуштам.... почнавме др. Google да го викаме.... инает невиден, шармер, понекогаш мн. Ладен ко санта дома да чувам... ама пак си се сакаме
Јас едно време излегував со еден јарец и можем да кажам дека се тврдоглaви,ладни,тешки,инаетливи ама и шармантни со доста саркастичен хумор. Не е лесно човек да се снајде со нив и тешко ги искажуваат чувствата но кога сакаат некој се верни. Сепак тешко се отвараат и доколку му дадат на некој да се приближи тоа значи дека имаат целосна доверба во нив.
Мојов јарец живееше во некој паралелен свет каде никој не знае што се случува а многу интелегентен, многу доминантен, сака да се чувствува како маж а ти покрај него како жена, ако му ги размазуваш сетилата ќе почне да преде ама тоа кратко трае, брзо се враќа на таа негова студ и оддалеченост. Ама и тогаш се грижи, многу, не сум почувствувала таква грижа од ниеден друг знак, дури и татковска грижа на моменти, дали си гладна, неспиена, дали ти треба одмор, на тој начин покажува грижа. И ниеден друг знак не бил толку против тоа јас да плаќам, и ова повеќе јарци ми го потврдиле. И сите го сакаат. Од мајки до стрини се вљубуваат во него, ем убав ем елоквентен. Ама неиздржлив.
Оп од заебанција и обични муабети, почнавме и да искачаме. Немав план до тука да стигне работава ама ај Добро еднаш ама кај и да е ќе биде и вторпат, требаше вчера ама ништо. Туку овој е изневерен јарец во минатото...некако нема доверба во љубовта више и цело време потенцира тоа. И ми збори не знам, ќе видиме каква си, уште не те познавам, во ништо нема доверба, па и му викам ќе ме запознаеш, ми вика се надевам. Криво ми е шо сум искрена, а ради тоа од минатото шо се го сфаќа некако со резерва. Како и да е, се труди, упорен е, намерно вчера не искочив за да се труди уште повеќе. Ама и многу е зафатен, семејството му е на прв план, викендов требаше да излеземе ама не излеговме пошо беше на ручек со неговите. Ми требаат совети, како да го убедам повеќе да ми верува, да ме запознае уште повеќе... Мислам сепак чим ми дава шанса и се труди да искачаме сепак имам шанси и се тоа ама комплицирано типче е Не дека верував многу во хороскоп ама вака гледајќи и читајќи до негде има стварно врска, поготово за јарциве се е точно у тоа на фемина шо го пишува. Изгледа јаки нерви ќе ми требаат
На јарците им треба време за да почне да ти верува, за да дозволи да допреш до него и едноставно да се опушти пред тебе. Само трпение и ќе успееш. Јас сум јарец и ти кажувам какви сме.