За искажување чувства цела вечност на јарците им треба. Дури и искрено јарец да сака, ќе се прави ладен, додека тотално не се внеси во врската и веќе нема каде да бега. Во крвта ни е тоа.
Мм е јарец. И освен инатот и тоа што многу држи во себе друго не ми смета а и не знам друка карактеристика.
Мене ми се погоди тешка мрза, пали само на туркање, повлечен срамежлив, ми титкаше за да му се јавам хахах, неодлучен, ама ептен ..не издржав, го откачив ...
Од моето досегашно искуство можам да кажам дека се премногу принципиелни лица кои држат до себе. Многу повеќе се фокусирани на себе, своето однесување, своите одлуки. Важна улога во нивниот живот игра семејството и се доста конзервативни. Во поглед на љубовта играат доста игри, прават многу тестови и калкулираат, но ако се вистински заљубени мислам дека нема сила што ќе му застане на патот и ќе ги спречи да ја искажат својата љубов. Големи романтичари и ептен се нежни и емотивни.
Не знам како ама успевам Ме сака па изгледа затоа, тешко му е да ги искаже вистинските чувства понекогаш. А сака се што е направено романтично од моја страна и ептен емотивен станува во таквите моменти - па романтични сме и двајцата.
Сте се погодиле според хороскопот. Јас сум јарец, имам другарка вага, но многу е неодлучна. Можеби во врска тоа е и плус, добро се надополнувате.
Конкретно во врската одлучувам повеќе јас, ми препушта мене, секако тоа се некои работи како патувања и сл. Тој е посмирен од мене и повеќе размислува. Добро се држиме.
Леле ве читам овде како за водолија да пишувате а не за јарец, хаха, бившиот беше јарец и подобро суштество и по романтично нема да сретнам на планетава, вага беше во подзнак, ама тој инатот негов не раздели...