Еве ме и мене вплеткана со еден јарец. Уште од самиот почеток страшно кинев нерви со нашата не-комуникација т.е. три реченици...Ама не сфаќав ништо озбилно и сеедно ми беше сме пишеле или не. И така конечно се видовме и оп одма друга особа во живо муабет, поклапање енергија се топ. Ама комуникацијата онлајн катастофа, знае по некоја емоција да каже ама у 10 дена 1 може да се случе тоа . Е сеа пред некој ден му го пререков сето тоа и некако се повлече скроз, нема добро утро нема добра нок и некои работи што ги имало малку. Сега е само приквечер :Како е? и толку, му одговарам и не ми праве сеен со саати. Кинам нерви! Се извинив, кажав сум избрзала( А не сум!!), ама ајде дека јарец....И пак ништо 4 дена е вака. Можно е да изгубил интерес, чисто да знам на што сум, пошто да го прашам нема да добијам одговор. Како да постапам феминки, поискусни со јарци има?
У...пМ.. колку е тешко со нас. Освен..да ти посакам среќа, не знам што да ти кажам Ако не, само во живо зборувајте Зависи, до тебе..дали има изгубено интерес.
Дали да го ставам на убав игнор или не, така па може скроз да се оддалечи, па ако се оддалечи ради овој муабет нека оде у пм, од друга страна не сакам да оде у пм ми значе. Ааааааа женски , совет со ладна глава ми треба...
Ах баш сме срцки Инаку јас сум јарец и да поладни сме, не се зближуваме многу со луѓе, држиме дистанца, тоа ни е одбранбена бариера. Потешко се зближуваме со луѓе, ама кога ќе се зближиме тоа е толку силно. ИЗгледаме многу ладни и кога не е така. За комуникациката онлајн тоа зависи од човек до човек, некој повеќе онлајн, некој повеќе во живо комуницира, нема врска знакот. Тој можи да изгледа како мраз, а да има чуства за тебе, ова како пример, тоа е типично за јарец. А тоа шо си му го рекла, го имаш изнервиран, кај сака јарец некој нешто него да му кажува како прави А тоа шо го нема со сати да ти врати можи да биди и намерно. ЗА инает Типично за јарец за пусти инает скроз ќе те игнорира. Треба стварно нерви за јарец. Ама ако успееше да го освоиш тој ќе биди твој за секогаш. Колку повеќе ќе правиш за него, тој дупло ќе прави за тебе. САмо немој да го лажиш и немој никогаш да го напнуваш, оти така ќе избегам. Стави го малку ти на игнор, нека те нема некој ден, ќе видиш, тој ќе пиши.
Ако му значи ќе и пиши. Посебно да го стави 2-3дена на игнор. ЈАрец игнориран, кој можи јарец да игнорира Ако ја бендисува девојката, кога ќе види дека ја нема, чудно ќе му биди, тој ќе и пиши. Ама не и, ова како пример, некој да го дави денеска 10пати да му пиши. Ама пак, знакот игра голема улога, ама и од човек до човек, некогаш и подзнак зависи.
Леле прво искуство со јарец, верувајте цела тема ја прочитав. Сега да го игнорирам или не, не сфатив, пошто ако се трудам многу ќе изгледа го напнувам ако не ќе мисле не сакам се имам повлечено и толку. 3 саати ми нема вратено, зошто спомнав ахххх зошто. Убаво знае дека ми значе, не кријам ништо за вака од едно преречување ах леле...Ме исече у корења, како ли да издржам да не му пишувам.
Што дали да му пишувааш..викаш дека ти нема вратено. Не му пишувај..пиши што ќе биде, баш ме интересира.
Мој совет остај го нека искулира. Ако треба да бидете заедно ќе бидете. Јарец ,нејарец нема тука правила секој човек е различен ете некои особини има слични ама сеа тој ако не сака комуникација ти и на глава да се превртиш џабе. Неможе само едната страна да се труди да знаеш, тоа не е здрава врска. Со форсирање не бива ништо. Ако му значиш ќе се потруди и он, а не само ти. Среќно!
Знам дека ќе пише,еве јас нема да пишувам,ама тоа што ни сеен не ми праве според мене е непочитување за една таква банална работа и уште толку сум лута.
Па намерно ти праи така. Има инат дечкото очигледно сака да се напнеш, ама искулирај не му пишувај чим знаеш дека ќе ти пише. Не се напињај па и ти уживај
Се ќе беше по лесно да не развивав филмови у главата, од една страна знам дека ќе пише од друга па си викам нема 4 дена срценце, бакнеж може би се предомислил. Почнувајќи од сега го ставам на игнор и ако пишува ладно ќе му враќам, незнам како ќе издржам ама морам. Али филмови и драми какви што може шкорпија да развије у главата аууу... психички се казнувам за нешто што сум исправна.
@Adriana.O јас сум јарец, и мој совет ти е да не му пишуваш, ке видиш како ке му стане чудно и како ке почне да ти пишува. Ние не можеме да поднесеме да губиме, така и тој не би поднел да те изгуби или пак да го игнорираш Затоа, стрпи се и не пишувај
Се стрпив, ама пукнав мислам . И примети дека ме нема и одма почна да се улизува, а јас онака ладно и уште толку по упорен па попуштив малку. Значи можело да се покаже по некоја емоција . Фала женски на советите
А да се праша и обратно како со женска Јарец Си го сакам хороскопскиот знак, и да често ми викаат ама си ладна, се виде кој сака тука. Демек јас не сум сакала
Дечки гледам активни сте биле годинава па ајде некој совет/мислење и тука Јас сум лав, комуницирам месец дена со дечко јарец. Јас го аднав на инста и му пишав бидејќи има маче кое ми требаше во моментот да се спари со на бившиот мачето. После тој муабет за мачки и кучиња јас му реков фала многу ќе те побарам кога ќе е време за парење. Арно ама во меѓувреме он почна да ми праќа смешни видеа со мачки чат пат наредните денови, али јас така порезервирано му враќав и кратко и на крај само ќе му лајкнев. После почна статии за мачки да ми праќа и тука веќе разбравме побајаги муабет затоа што во меѓувреме мене работите со бившиот ми се оладија и почнавме доста да се караме па ја се преориентирав кон јарецот бидејќи ептен ни тргнаа муабетите а и ептен беше забавен и многу се смеевме, шеги едно друго и почнавме комуникација секој ден. Искочи да се видиме спонтано, ми донесе благо до пред зграда затоа што требаше да одам на вафли ама ми откажаа и он коа дозна отиде и ми купи демек да не испаднало сите ме заебале. И тука се видовме муабети се супер и си отидовме зошо имаше работа он. И после коа заврши ми вика сакам пак да те видам и ја викам не може, и вика те молам мн сакам ама не дозволив, викам касно е може утре да ме видиш пак 11 саат е. И дојде 12 и вика ајде за 5 мин симни се доле, викам шо ти е бе какво симнување мислев на утре после 8 сабајле пошо тогаш станувам а не утре после 12. И си го истерав моето. Утредента ми пиша да ме види и му реков ок ама можам тек во 10 и ете го ме чека доле и одма муабети, смешки, од тема во тема, па ке се вратиме на старата тема пошто останала недокажана и се така до 4 сабајле. Зборевме за другари-ки, врски, бивши, работа, семејство..се буквално. Сакаше да ме баци ама не му дадов не сакав и на крај од вечер го бацив блиц и ептен кратко и си отидов. После тоа недела дена се слушавме цело време-се он ми се јавуваше и си пишувавме ама јас викам ај ќе станам потопла, почнав повеќе внимание едно друго а се немавме видено пошо не се поклапавме и он мн патува и јас имав разбирање секогаш не го напињав. Последно беше му реков да ми пише ко ќе стигне да не го мислам и не ми пиша. Утредента му пишав нешо рандом зборевме и после викам абе ти се врати и вика да бе, и викам епа убаво шо ми пиша да не те мислам и вика па касно стигнав у 2 ноќта а знам спиеш ти рано па затоа. И ја само лајк му стаив на тоа и толку. Не снема и двајцата. По 2 дена му пишав само за совет за храна за мачето шо ми збореше пошо не памтев која, ми кажа одма и му реков фала многу и он уживај не е проблем, во секое време и ја само лајк му стаив. Од тогаш не нема и двајцата а поминаа уше 2 дена. А да, забораив да кажам дека 4 бивши му биле лав си кажа, мн знаеше да ми ласка ама иста бев и ја дури да не знаеш иронична ли сум не ли сум, он шеги на моја сметка а и ја на негова некад, срце одма ме завика и нешо муабети за во иднина и интимност ама ја го пресеков и му кажав да не очекува тоа од мене дека сеа се запознаваме и он вика е се запознавме шо, викам не, тек треба да се запознаваме и освојуваме не брзаме нигде не ги правам ја тие работи така. Али му пуштав вода и ја па ќе го пресечев. Иначе има 40 а ја 28. Плус и ја бев самобендисана као глеј шо си фатил не аздисувај а он бетер од мене, можел да ја има која сака. Горе доле тоа е ама не го сфаќам малку, недозреано ми е на 40 да играш топло ладно.
А да, и вториот ден ми даде кутија чоколади. И ми го спомнуваше 2-3 пати бившиот ама му реков дека не сум веќе со него дека сум прекинала како иначе би била сега тука со него дека не седам на два стола. И зборевме дури и за работа нешо идеи му давав и требаше да збориме да се собереме за да видиме шо како. Не знам дали ќе се појави пак пошо еве и мене ме нема и ја сум инат и горделива се мислам дали да му пишам нешто викендов или следна недела..