@Little_girl остави го, сам ке ти пише. Малку јарците додека да почувствуваат сигурност играат на карта топло-ладно. И со тие прашања во врска со бившите сака само да види дали си расчистила емотивно со нив. Во случајов не му пишувај, сам ке пише, јарците не сакаат да бидат игнорирани. Ја сум јарец и дм е јарец исто ама во случајов јас бев таа што играше топло-ладно а он истите муабети ми ги правеше за бивши после кога сфати дека сум на чисто со мои емоции тек тогаш почна да се отвара кон мене и да ми изразува чувства. А секој ден до ден денешен он прв ми пишува Дај му време ама и не му иди по кејф многу, биди своја ама не и недостапна зашто нас јарците тоа многу не лади.
Во ред нема да му пишам повеќе јас, ако сака нека пише он ако не да сме живи и здрави. Мене ми е само иронијата што на негови години се понаша вака ама тоа е Фала ти
@Little_girl немаат врска годините дм пример е помал од мене а у памет е далеку позрел и постабилен од мене
@Little_girl ох лав и јарец Немој само да го напнуваш, никако, остави му малку време не му пишувај, ќе види дека те нема, сам ќе пиши Јарецот оди полека, но сигурно, преиспитува работи. Можи и намерно сега така да ти прави да го нема некое време. Игнорирање најмногу го нервира јарецот, кај смее тој да биди игнориран Само немој премногу па, да биди на секое
Забораиле да ти кажат дека јарецот е премногу ладнокрвен ! Значи за да допреш до него ќе ти треба долго време , но ќе го освоиш тој ќе сака целосна контрола врз тебе ! Доминантни се! Диминација врз лав??? Лавот кој е цар никогаш нема да дозволи некој да го доминира ,лавот е главен секаде !! На јарец ако му тераш инает наеднаш ќе слушнеш дека другиот ден си нашол од нигде никаде друга и те избришал од животот! Одмздољубиви се претерано ! Извини вака ова го пишам за добро твое , но ова е пиши пропало !! Ги мразам јарците прави ѓаволи се !! Најзлобни се прво Шкорпиите ,па после Јарците !!!
@Justicija Не сите јарци се исти! Кај мене поладнокрвен беше девицата а сегашниов дечко без проблем ми искажува чувства и во секои негови планови ме вметнува и мене. Доста влијае и подзнак а и месечина што е. Кај мене во врска со овој тип сме добро погодени и со подзнак и месечини... Така да не е само знакот што влијае.
^ Дечко ми е јарец и не можам да се сложам со ништо што напиша . Или пак да го сфатам како предупредување, за некогаш... Искрено не гледам поврзаност на нечиј карактер со хороскопскиот знак ама еве дека темава е активна ќе коментирам. Јас сум вага, и одлично се сложуваме. Можам да кажам дека до сега најдобро ми се има погодено, а сум била и со близнак (кој демек е најкомпатибилен со вага) и со девица и овен (кои испаднаа УЖАС). Премногу се сложуваме, ако се деси да се искараме никогаш не ми терал инат, напротив гледа што побрзо да решиме и да не бидеме лути. Фин е, културен, претпазлив, има почит према другите. Све у свему, топ Јарец .
Јас сум јарец и не се сложувам за некој работи. Точно треба мн време за некој да не освои, не можи со нас преку ноќ. Ладнокрвно изгледаме, не сме. НАпротив сме многу емотивни, а тешко се заљубуваме и имаме бариера околу себе. Е кога некој ќе успе да ја помине таа бариера и да се чуствуваме сигурно, е тогаш можи да се види како јарецот можи да сака, премногу и секогаш да биди верен. А кога некој не не интересира, не можиме да глумиме. Инаку да, инает и тврдоглави За доминантни не баш, барем јас не сум, сакам еднаквост. Ако му згрешиш на јарец тука е завршено и ќе памти цел живот. Ќе те избриши од животот ако му згрешиш без око да му трепни колку и да го боли, ама за да појди со друг/а одма, не. Ако го гушиш, испитуваш ќе избега. Лавот е прилично напорен, затоа пишав погоре ох Не знам ако лав и јарец би било Ама делува често и карактерот кај човек, подзнакот можи да е подоминантен од знакот, зависи.
Јас сум му 5ти лав во животот. Вика од нив косата ми падна а нема коса сеа да му се крене коа дозна дека и јас сум лав. Хахахах..како и да е, значи си функционира он со лавови, го влечат изгледа. Што сака нека праи јас сум исто ладна и инат така да може да го заборавам на три четири али пред тоа давам шанса секогаш и се трудам.
Сакам да го освојам ете ама јас многу мразам игри, искрена сум многу и отворено си кажувам се а у денешно време не го цени никој тоа очигледно само гледаат да те зафркнат и искористат. Ќе го остаам ајде недела дена и после ќе му пишам..ако и тогаш е ваков ќе си добие Х засекогаш и чао пријатно.
Има разлика помеѓу машки и женски јарец. Машките јарци се добри и фер, сакаат да помогнат ако видат дека е потребно и се трудат да останат позитивни. Женските јарци што ги познавам знаат да бидат терсене и песимисти. Но и покрај сето ова, гледам да не судам никого според хороскоп, ни позитивно, ни негативно. Глупо ми е. Само кажувам од мое искуство што имам забележано досега.
Bi sakala da dodadam uste nesto za maskite jarci, mislam deka se i po malku lazgovci iskreno, sakaat da osvojuvaat i ke napravat se za da bide po nivno, igraat toplo ladno na pocetok da. Mislam, no ne tvrdam i deka znaat da bidat neverni, odnosno koga neso ne im odgovara da se prefrlat kon osvojuvanje na druga licnost. Koregirajte me ako gresam.
И јас сум вага , а бившими беше јарец , секогаш мораше да биде по негово , и да ме откачи после 7 гидишна врска , и одма ја затрудни најдобрата другарка ,за 3 години 3 деца и има начукано !! Тврдоглави,доминатни ,ладнокрвни , љубоморни , безкомпромисни ,секогаш да биде како тие што сакаат и итн .. Јас само овде на темава гледам позитивни коментари за јарец , сите што ги знам и астролози се имаат согласено со мојата теза за јарците Јарец и ѓавол за мене е исто ,нема разлика!
Искрено на мојов му замерував што ни малце не е љубоморен Воопшто не е доминантен, јас сум подоминантна во врскава. Не знам, се' што напиша во моето искуство се покажало сосема спротивно. Ама па ќе кажам, не верувам во поврзаност на карактер со хороскоп, само онака ми дојде да коментирам .
Дали, тогаш, според тебе најако комбо што постои и го дрма цел универзум е Јарец и Скорпија? Перфектната evil комбинација?