Мислам дека малце грешиш Јарците точно, ладнокрвни се додека не го запознаат добро партнерот. Кога ќе го најдат правиот, верувај има премногу љубов и топлина во нив и се ќе направат за партнерот што го сакаат, бидејќи еднаш се заљубуваат и вистински сакаат. Исто така, ако немаш према нив почит, ги вреѓаш,понижуваш...ќе ти вратат и ќе си заминат. Никогаш не покажуваат лошо однесување без причина
Женските јарци се злопамтила. Од ситници и глупости се навредуваат, многу се суетни. Машките не се такви, далеку полесна е комуникацијата со нив.
Мојот јарец вчера си ги покажа емоциите во целост. Мене ме натажи тоа што го видов вчера ама пак уште толку се заљубив во него, уште толку го сакам во животов. Денес го осеќам како да се срами од тоа што вчера беше скроз отворен и не го дирам за тоа. Стварно биле сонциња ова мажи јарци
Ај пак да видам среќа со истиот јарец. Живците ми се текни, ми ги доистенчи. Комуникација исклучиво преку чат и тоа до 2 на сабалје. А бе шо му сторив, одоколу за шетањето, не мора дејт на кафе. И никако не добивам одговор. Само нешто кажува смешки, само зелени треси, ко недораснат. Иначе, шо и да му кажам не ме осудува, само ми кажува како сум требала да постапам. Еднаш дури ми пресмета колку пари ќе земам и ми рече леле кој те гледам со толку пари. Дир ме налути со, муабетот. Значи материјалиста. Јас сум иначе јарец /овен.
Јарец / овен со јарец???? Хмммм уште ако е подзнак тој шкорпија кажи кога да се спремаме за трета светска војна
Појма неам шо е. Уште да го прашам што е тој во подзнак има да му бидам така чудна. А иначе си имам едно рипче. Слатко е. Само не му знам планети
Види датум со година на раѓање и изгуглај на astroseek за врска е битна месечината, дали месечините се поклопуваат. Твојата месична да е зад неговата, спротивно од вртење на часовникот. Така ми објаснуваше пријателот. Кога неговата месечина е пред твоја тогаш тој цело време ке биде што ке ги влече конците, он ке биде тој што ке има иницијатива, а ако е обратно за жал цело време ти ке си таа. Кај мене со дм е што јас сум водолија месечина а он јарец и он е пред мене скоро во се па дури и во секој дневен живот. Шо знам, имам другар што многу се разбира од астрологија и он ме насочува кон овакви информации Кажи ти месечини што ти се тие двајца па ке думаме тука кој е подобар за тебе
Опасна си еј! Хаха баш ќе видам. Сеа Јарецот на игнор ми е денес и утре исто ко тој шо правеше хуху Иначе мојата месечина мислам беше во бик. Па нз сето огнено, земјено е кај мене. Не му знаам на двајцата саат на раѓања.... @Justicija baby. Еднаш се расправаме и му велам ме навреди тогаш - и тогаш. И слушај муабет : ne te navrediv nisto.... ama ako mislis deka treba da ti se izvinam OK. TI SE IZVINUVAM. Јас хахаха Е додуша стварно ме навреди ама му кажав
Не мора саат за месечина, датум и година само и ке видиш што се у месечина, еден од нив ако има пример месечина у риби, водолија, јарец ондак тој е за тебе и тој одбери си го
Хммм, понекогаш мора, оти во некој саат преминала месечината во наредниот знак. А тоа кој ќе ги влече конците според месечината прв пат слушам. Јас знам дека било пожелно месечините да се во компатибилни знаци за флуидна комуникација.