Леле господ здравје да му даде на тој што ја отворил темава. Бев сигурна дека нема емоции и сакав да баталам ама по читање на мислењава тука сфаќам дека многу комплициран знак се. По некои мали работи го приметив дека ме свиѓа, ама од друга страна веќе некој период не превзема ништо. Почна дури и да ме нервира зашто не знаеш на што си стварно. Поладен човек немам запознаено до сега.
Значи до него е , не до знакот. Маж ми е јарец и воопшто не е ладен. Ако нема емоции и иницијатива јас мислам дека таа врска нема поента. Не се залажувај дека сите јарци се такви.... Утре кога нема да имаш љубов и внимание, воопшто нема да ти е битно што знак е.
Приметив Не сме во врска, изгледа не се изјаснив добро погоре. Колеги сме на работа, да е ситуацијата уште покомплицирана. Меѓу нас немало никогаш ништо. Е сега има моменти меѓу нас што дури и колеги приметија. Колега што го знае од дете буквално ми прокоментира као конечно и он женско да погледне почнавме да сумњаме. Знае кога ќе ме види да се насмее за момент и као се стресува и одма сериозна фаца после. За секој кога доаѓа исто ако е кај мене се распрашува кој е, што е, што бара..за никој од колегите до сега немал прашано. На почеток кога дознав се изнервирав го сфатив како нешто лошо дека ме проверува, не ни сконтав дека може да е љубомора. Значи ми требаше доста долго време и многу вакви ситуации за да посумњам дека можеби има нешто.
Нема ништо лошо ако праша, може сака да знае дали си во врска, сама кажуваш дека, може го интересираш.
Таман си с(м)е Јарците, доста. Добро, зависи. Зависи и со шо се умиксани у карта. А и со шо и кого се миксаат нели. Спојлер: . Кај мене вака нешто У секој случај боље него рецимо Овнови и Бикови, инаети по пасија со и без причина, најчесто без. Јарците бар имаат причина и кауза (углавно, иако пак зависи од личност до личност) дури и кога се инаетат. А и поистрајни се у тоа (поготово кога е стелиум у прашање).
Посебно за земјените знаци важи ова. Има марсовска разлика меѓу мажи и жени (бик, девица, јарец). Кај дел од машкиве претставници кај сите три знаци, не сите оф корс, имам приметено страшна способност за бенигна подлост и страшна моќ за манипулација. А за тоа husband type појавата и репутацијата им е идеална. Мене ми е сончев знак во земјена група а доминантни ми се воздушни знаци во главни планети и подзнак. Ама партнер од мојот знак, Боже поможе подалеку велам. Додуша има еден, чкртка збор два од време на време во фаза на набљудување сум, па ќе видиме, ако ми го скрши правилово ќе ревидирам. Значи главни особини на одреден знак може да се многу конструктивни и убави за феминински профил, може да бидат токсични за маскулински профил и обратно. Значи тврдам дека иако еден јарец најдобро може да разбере друг јарец, женско јарец и машко јарец дефинитивно не се исти. И за бикови и девици важи ова. Имам другарки јарец во хороскоп што се жртва за другите доколку не им згазнеш на жуљ и многу што се одговорни и емпатични према партнер во врска. И да треба да раскинат, тешко им е додека го кажат тоа, оти мислат на другиот. Мислиш ќе почне реченица со извини ама... Машките, со чест на исклучоци, доколку не им направиш поле за chase да не знаат на што се , во однос на другите страдаат од хронично увоболие, ич гајле немаат. А женско јарец сака стабилност да види во партнер. Затоа многумина, нас земјените знаци нѐ прават материјалисти. Не е точно, биковите малку се подруги можеби, ама девица и јарец дефинитивно се вредни работници и штедиши. Материјалниот момент само го гледаат како еден вид стабилност. Бараат и други видови стабилност. Еве женските јарци бараат емотивна стабилност во партнер и сто години да минат не им досадува. Додека кај мажите не е баш исто. На нив не смееш да им досадиш оти се стационираш во во џеб позиција и во таа позиција не значи дека нема да продолжи да лови. Оти си сакаат да ловат. Машките јарци не сакаат да се врзуваат, веројатно затоа што знаат дека еднаш се врзаа ли, до крај оди работата, многу тешко преболуваат. Затоа тоа заљубување и тешко преболување ретко ги гледаме оти со тек на време ги развиле механизмите на максимум. Ете таа приврзаност како женска особина не ни прави многу тешкотии, ама кај машките малку потешко.
Ако си и ти земјен знак по сончево поставување, за некоја темелна комуникација, да. Но, за љубов побитен е Марс во кој знак е кај женското односно Венера кај машкото. Или месечевите знаци да ви се спротивни (овен-вага, бик-шкорпија и тн) како што ако не памтам погрешно е случај со Меган Маркл и принцот Хари
Не секогаш треба по хороскоп да се водиме. Има разлика човек до човек, а не хороскоп. Кај некој луѓе толку делува и подзнакот шо нема врска воопшто знакот. И на јарец баш ако му значиш вистински и си му битна, се ќе направи. Јарец ако е заинтересиран и сака, сака вистински, нема тука глума.
Ќе да е обратно. Спојлер: . Меги и Хари имаатСонце(он конј. Месечина(она), ако е на Меги вистинска наталната. * Додека Вил и Кате имаат обострано *СонцеРак(он) -СонцеЈарец(она) опозиција *Месечините на двајцата во Рак во конј. *Сонце(он) -Месечина(она) конј.во Рак и обратно *Месечина (он) Рак- Сонце(она) Јарец опозиција *И се тоа на обострани еклипси. Опасна љубав значи.
Во склад и со денот на љубовта. * Иначе, Јарците(заедно со Водолиите) се управувани од Сатурн-најдолгата планета во Сончевиот систем. Циклусот на Сатурн е 28-32 години. Овие години(враќањето на Сатурн) се клучни, за секој, но поготово за нив, баш поради ова. Поради ова и Јарците се фамозните "late bloomers" на зодијакот. Баш поради ова и подолго/ потешко се одлучуваат за врска или брак. Но кога сакаат сакаат со цело срце, цел живот и никако поинаку (иако пак зависи од личност до личност, односно срце до срце). Поради ова и најчесто бараат/се во долгорочни врски/бракови или воопшто. Не за џабе и овој период /(14ти) Февруари, денот/месецот на љубовта, Сонцето се наоѓа во соѕ Јарец. Иначе поврзано, не знам дали сте слушнале за "клетвата на Сатурн... ваљда"според која Јарците, односно доколку личноста има планети/подзнак(AC/DC, IC/MC)во Јарец/Водолија/во конј. со Сатурн, или владетелот на. AC/DC/7мото поле во конј со Сатурн, не треба да влегува во долгорочна врска/брак пред 30тата година, и овие врски/бракови (им) се завршуваат неславно/со разделба или развод.
Е како ли? Како? Си пишуваме на чат цеели години, никако да излезиме. Го прашувам зошто ме избегава, и зошо ме игнорира? Ми вели, мн сум била лоша и дека ќе излезиме, не те игнорирам и не те избегавам. Е ај сега???! И месеци поминуваат и ништо.