1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како со машко Јарец?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од julie77, 15 април 2010.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Може во глобала се општи карактеристики за Јарците..Би додала и упорни.Меѓутоа многу влијае и подзнак нормално планети итн.
     
  2. ChocolateCigarettes

    ChocolateCigarettes Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    13
    јас сум бик, а дечко ми е јарец. и двата со (огромни) рогови, така да за тврдоглавоста и упорноста нема да зборам :lol:
    ++ од сите други можни машки јарци, јас добив АДВОКАТ :swear: мора постојано да зборува, да се истакнува, да брани се што е негово (дури и ако никој не ни помислува да го нападне), речиси никогаш не останува без аргументи, зборува, зборува, зборува...... :talk: луѓето од околината не престануваат со расправијата затоа што тој на крај успева да ги убеди дека не се во право, туку затоа што се уморни и тоа се случува во голем процент од случаите, но се случува и обратното - да им ги изврти зборовите, аргументите и мислењата до тој степен, што тие ќе си помислат дека не знаат што зборуваат, не знаат да се изразат и дека дефинитивно живееле во заблуда до тој момент :D можеби тоа е само мојот јарец, со професионална деформација.
    сепак, покрај се, ги сметам за многу COOL ликови. ги сакам и не можам да им одолеам :$
    да, понекогаш ужасно ми смета тоа што се воздржува пред другарите.
    да, ужасно ми смета тоа што за секој проблем ладнокрвно вината ми ја префрла мене и воопшто не го гризе совеста.
    да, ужасно ми смета тоа што ги планира работите до последен детаљ (без да ме вклучи и мене!) и го губи разумот кога нешто барем малку ќе се промени.
    ............
    можам уште многу да пишувам за ова и тоа според лично искуство, но да не претерувам, ќе ви го кажам само ова - во односот со машко јарец, најважно од се е да ја играш неговата игра, и тоа подобро од него!
    кога е ладен во друштво, биди COOL уште повеќе од него, забавувај се, смеј се, разговарај со друштвото, но кон него однесувај се нормално. за кратко, сам ќе дојде да те бакнува и гушка пред сите 8)
    кога ја префрла вината на тебе, не возвраќај со напад, трпеливо и смирено брани се. само тоа пали кај него. дури и може да се извини, понекогаш. ]:)
     
    На GirlLove, bubi11 и Queen.S им се допаѓа ова.
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Дефинитивно се или пак глумат COOL типови :?: ...И мислам дека не сакаат да им се објаснува или кога е некоја расправија знаат да се повлечат ладнокрвно, а ти можеш слободно да си се преслушуваш сама со себе.И да, треба да ја играш нивната игра т.е. да се однесуваш како нив и да не се прашуваш дали чини или не.Инаку и јас сум Бик :) .
    Кажи ни што е најпозитивно кај него. ;)
     
  4. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    381
    Исто ама како ја да сум го опишала дечко ми :lol: А за зборењево не е професионална деформација барем кај мојот не е адвокат по професијаа...али збори 200 из места хехех :rofl:
     
  5. komiti

    komiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    0
    kazete mi nesto poveke za maz rak i maz vodolija?
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
  7. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.901
    Пол:
    Женски
    Девојки дури сега ја отварам темава не сум ја приметила дека не е активна одамна,инаку јас сум женско ама сум јарец во хороскоп и исто како да сте ме опишувале мене хаха.Инаку Џули морам да кажам дека јарец и бик се најдобра комбинација барем од што сум гледала околу мене.Е сега сме инаетчии да,меѓутоа кога сакаме некого попуштаме често,а за искреност и верност јас мислам дека се едни од најискрените и најверните знаци,не дека се фалам таа моја искренот ми е и некогаш маана,а за изневерување не изневерувам,не би го поднела тоа,така и не би го направила на некого
     
    На skyAngel и julie77 им се допаѓа ова.
  8. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Дали тука некој не опишувал мене и либето ми????????? :o
    Па и професијата погодена :x
    Некој друг напишал се што сакав да кажам :)
    Мојот не лаже не знам за вашите јарци :^)
     
  9. MiiLla

    MiiLla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    53
    Во врска сум 4 години со Јарец, од кои 3 години заеднички живот многу амбициозни знак се, трудољубив, има исклчиво трпелив и толерантен карактер, стабилен е и секогаш можам да се потпрам на него.Во почетокот кога го запознавав беше многу рамнодушен и не ги искажуваше чуствата многу, не преземаше прв иницијатива се дури не се запозавме добро, им треба подолг период вистински да ја запознаат личноста за да го отворат срцето.Тоа е што во мометов ми текнува, барем за мојов ти кажувам, јас како вага си го најдов совршениот знак кој ми ги избалансира нештата точно како што треба си најдов мир хармонија и спокојство.Фала му на планетите или на бога..Како и да е сум срекна и исполнета :inlove:
     
    На parksey му/ѝ се допаѓа ова.
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Јас сум бик а тој јарец. Искрено не е поголем инат од мене :) . За брзо време попушта. Таа негова темелност и комплетност некогаш неможам да ја сватам. Кога се фаќа за некоја работа се посветува 100% и темелно ја работи. Таа некоја ладнокрвност што од време на време ја пројавува или така ми се чини ме вади од контакт. Ваљда се верни до смрт :) бар така покажува, не троши пари за себе само кога мора и парите не го баш интересираат многу, многу (сите сметки и пари ги препушта на семејството) во стил на трошење али сака да заработува и тоа големи пари. Јарците и всушност - што сум читала брзо заработуваат и тоа многу и никогаш не се без пари.
    Кај нив нема ништо на брзинка се е на тенане и полека и полекааа. Некогаш и таа некоја спорост кај нив ме нервира. Ретко се нервираат (бар мојот и го зезам ти ќе живееш 101 год.) и тоа не го баш покажуваат.
    Ама имаат харизма некоја таква која освојува и има нешто во нив :fubar:
     
  11. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Јас сум рак, а тој јарец и до сега ни е преубаво. Доста спротивности и разлики постојат меѓу нас и во однос на карактер, темперамент, амбиции. Но, од друга страна има сличности, така да се дополнуваме. Од сето она време за кое сме заедно можам само да кажам дека е една прекрасна личност, личност каква што секој би посакал да има до себе, и како пријател, и како љубовен партнер.

    Упорен е, цврсто стои на земја, паметен, амбициозен, има смисла за хумор, вистински пријател, верен, трпелив, романтичен, кога сака целосно се предава. Ова се само дел од позитивните особини кои тој ги поседува, а јас во моментот можам да ги кажам.

    Од негативните страни би ја спомнала повремената опсесивност (која барем јас така ја сфаќам, а можеби сум грешка, но тоа ќе го видиме со тек на времето бидејќи и не сме којзнае колку долг временски период заедно, само една година и два месеци :P ... сепак доволно за да знам дека е личност која до сега ја има заслужено љубовта на едно незгодно ракче :lol: :devil: ).
     
  12. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Значи Ракче, не` опиша и мене и дечко ми. Јас рак, тој јарец. :lol: Нема некои големи „изливи на љубов“, се надевам дека тоа е бидејќи сеуште сме на почеток на врската. Не сме имале некоја голема расправија, така да незнам каков при карање. Кога работи нешто, повеќе од 100% е посветен на тоа. Секогаш сум втора, после точкот ... и често тоа знае да ме извади од такт :devil: :(
     
  13. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Штом сте на почеток од врската, тогаш единствено би те советувала никогаш да не попушташ и да не си го прегазиш своето Јас кога сметаш дека ти си во право. Бидејќи, според досегашното искуство, они секогаш сакаат да доминираат. Епа не може! Ама тоа што сакаат да доминираат, не значи и дека не се праведни, напротив. Постојано се спремни да ти укажат на грешките и да те разберат, секако доколку и ти кон нив пристапиш со разбирање и искреност.

    Погоренапишаното не мора да го сфаќаш и прифаќаш лично, бидејќи сепак врз карактерот на личноста не влијае само хороскопот, туку многу други поважни фактори. :)
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
  15. Lallly

    Lallly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    33
    од маштко јарец подобро да бегаш.Тие се толку ладни,тврдоглави,саоуверени,самобендисани и мислам тека они се најдобри и светот се врти околу нив
     
  16. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Ах, не. Тоа им е маската зад која се кријат кога се несигурни во себе. Јарецот е сосема спротивен од ова ама за да се отвори пред тебе и да ти ги искаже сите чувства треба да се осугура дека ти си вистинската.
    Јас барем имам такво искуство со маж ми (јарец е). Тој е единствениот човек кој со еден збор може да ми го даде светот на дланка.
    Проблем е само инаетот...Ако тој зацрта дека снегот е зелен, значи тој мора да позелени по цена тој да оди надвор и да ги фарба снегулките со зелена боја. (дами, ова метафорички кажано ;) )
     
    На Acka22, GirlLove и butterfly6223 им се допаѓа ова.
  17. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    и двете сте во право
     
  18. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Овдееее од прва до последна страна тачно ...

    Ама стварно сме такви едноставно ја женско ама исто ко машкине јарци, едноставно нејќеме изливи на чуства лигавења и слични ствари у јавност, дури ни у кафиќ не би сакала да се лигавам со дечкото ... Зад затворени врати си се отвараме и сме си ние кои што сме си, ама и факт дека ни треба апсоултно мн време да се отвориме и да почнеме да веруваме .

    Плус една работа ја би да ви кажам ко совет, не верувајте многу на јарец ако вие доминирате у врска , зашо тоа ни е само една од стратегиите да видиме до кај може да идете и после наеднаж прекинуваме со другата доминација свртуваме на наша ;) .

    И такви сме снимачи, многу претпазливо ги набљудуваме луѓето па и партнерот околу нас .

    И за врска со Бик да, си одговараме и тоа многу, ја имав врска со Бик и тоа 2/3 години сеа само шо на крај ја испаднав далеку по амбициозна од него ... тоа е :D

    Абе све на све сонциња сме :inlove: :hug:
     
    На GirlLove и julie77 им се допаѓа ова.
  19. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Јас како женско Јарец ќе кажам дека сме многу ладнокрвни, делуваме незаинтересирано, не ги искажуваме толку брзо нашите чувства. Но, зад таа ледена маска постои една топлина, нежност, страст, чувства, кои за да се откријат треба некој добро да се помачи. Не кажуваме некому те сакам, ако не сме сосема сигурни и ако не веруваме на таа личност. Всушност, може и да ја сакаме таа личност, но никогаш да не и’ кажеме дека ја сакаме. Не ги откриваме така лесно нашите чувства, па можеби затоа делуваме ладно, но и од стравот да не бидеме повредени. Да се впуштиме во, да кажам, поинтимни односи со некој треба многу да му веруваме. Барем јас сум таква, а верувам и повеќето јарци. Тврдоглави сме, инаетчии, сакаме се’ по наше да биде, сакаме да доминираме, живееме во еден свој свет во кој не лесно се влегува. Но, многу сме верни, кај нас не постои зборот изневерување, никогаш не ни помислуваме на тоа. Такви сме. Инаку и јас сум во врска со бик, имаме некои сличности, скоро па на иста бранова должина сме. :lol:
     
    На Acka22, GirlLove, pink4ever и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Ух, ме погаѓа темава! Јас си имам работа со еден изневерен јарец, па ела сега опрај ја работава!
    Ладен, многу ладен, не искажува ништо, а доаѓа да се гледаме!.....
    Јас незнам како да му се пуштам хехе..... или да чекам...
    ЈАс сум стрелец, во подзнак рак!