Чим е изневерен, ти треба трпение само, а чим доаѓа кај тебе, значи имаш шанса. Само биди внимателна да не заебеш нешто. Едно заебување од твоја страна ке го нема. од искуство зборам ја сум Јарец и ти кажувам. Дај му време само, да сфати дека ти не си таа која би го заебала, треба да чекаш ама верувај ми ке ти се исплати. Зашто кога ке сфатиме дека некоја личност е вредна и достојна за наше внимание, време, љубов и се остало, спремни сме и светот да го дадеме на дланка. Ама за да стигнеш до тоа имаш долг пат. Ако стварно ти значи човекот не откажувај се, сакаме да видиме дека некој навистина се бори. Можда и ке има некои ситуации кои ке ти ги приреди, ама биди упорна, и не се предавај тие “ситуации“ се само дел од наши тестови Со директни изливи на љубов и такви ствари уште сега никако, биди приземјена, искрена и давај му до знаење дека може да ти верува .
Леле Вајлд Чери фала што одвои време, навистина го ценам ова! Ете денеска му пратив пораКА да има убав ден, полн со многу весели моменти! Само не сакам да сум напорна, ќе го оставам, сега ништо не му пишувам, и така денеска ќе излегувам во град, па малце ќе ги свртам мислите на друга страна!.... Па може утре ќе се пишиме! Му кажав дека ако има некој проблем слободно да ми каже! Овие два дена беше нерасположен па успеав некако да го расположам , со шеги и вицеви! Сакам да му дадам до знаење дека може на мене да се подпре! И да ќе бидам трпелива.... сметам дека е добра прилика, па не се откажувам сега за сега! Тхенк ју!
Aххх тоа “нерасположение“ хахахаха често го користиме ко тест, само да видиме дал потенцираната личност ке направи нешто или не Добро си постапила Само без мн игнор сфаќаш, зашо може и да се одкаже . Абе упорност само пали кај нас. Да види дека си упорна
Јас не сум машко, но сум јарец и ќе ви дадам еден совет. Уствари два. Никогаш не менувајте планови во последен момент, ако имате нешто испланирано со јарецов - држете се до тоа. Јарци се принципиелни, функционираат само на строго испланиран распоред, па менување план во последен момент лесно може да ги изнервира. И втор, многу битен совет. И да сте криви при некоја караница, спуштете ја први топката, направете го првиот чекор и смирете ги страстите, затоа што ако чекате на него - може никогаш да не дочекате.
Значи толкава упорност и посветеност на една личност од нивна страна немам сретнато. Приметувам и машки и женски кога ќе засакаат една личност тогаш тоа е трајно. Малку се повеќе јаки на зборови ама се бре упорни и упорни, не се откажуваат па макар и да е таа личност на крај свет. И колку и да е сурова и остра спрема нив.
Не дај Боже јарец да ми се појави во животот. Точно многу се упорни и не се откажуваат никогаш. јас имав непирјатна случка со Јарец никако не ме оставаше на мира , никако, 6 год ме тормозеше и на крај морав в полиција да го пријавам...
Мислам дека е убаво објаснето http://www.kafepauza.mk/astrologija/ljuboven-astroloshki-profil-za-mashki-jarci/
Машките Јарци се прави мајмуни, барем моето искуство така вели. Толку се љубоморни што неможам да ви опишам. Самобендисани се и мислат дека се подобри од другите, без разлика дали е тоа точно или не!
Jaс сум Риба тој е Јарец значи се што прочитав е точно засега. Значи многу е вреден, трудољубив, муабети 100 на сат, интересен, тврдоглав, има смисла за хумор, не го исполнува ветеното, лесно ги покажува чувствата, многу љубоморни, aма не се борат доволно за сакната личност, понекогаш мислам дека ми дава само лажна надеж. Што мислите вие за Јарец и Риби ?
Све све ама дека сме љубоморни ??? Пази која контрадикторност, ако според тебе сме самобендисани како може да сме љубоморни ?? Љубомората кај нас не е случајна, најчесто ни е како одмазда . И баш сме ко што треба
Јас имам дечко јарец скоро една година и морам да кажам дека е премногу добар со мене и покажува дека ме сака..и не е самобендисан,но премногу љубоморен и мораме секогаш да се караме околу таа тема ама неговата лутина брзо поминува и многу тврдоглав..и совет од мене: Никогаш не му попуштајте. Тие можеби се инат ама ако видат дека не им попушташ тие ќе трчаат по тебе.
Чудно ми е , зашто знам и др што се у овој знак и искрено ти кажувам дека нема покажување на љубомора од наша страна ако не е нешто испровоцирано. Из чиста мира не праиме ништо. У принцип и да осеќаме барем малку љубомора тоа убаво си го сокриваме ко и др останати чуства. А што се однесува до однос со Риби, ја до сега имав некои контакти со риби на другарска база и лично не ми идеше баш муабетот . А вака од др шо знам и што читкав дека си одговарале.
Порано пишуваше прв. ама порано. Порано и на зборовите беше душичка. Беше искрен. А сега с енешто се вади зафатен бил. Пак е така слаткоречив ама не е како порано разговорот. Еве никогаш не пишува прв кога пишам се допишуваме вака не. Као демек зафатен. Не е нешто сменет само не пишува толку често и се јас прва да пишам. Некогаш не ни одговара и после една недела пишува на пораката дека е прочитана. Чудно. Проблемот е туука што и јас сум јарец ама ете прва пишувам сега. Порано он ќе му текнеше да пише сега се зафатен се учи, има работа.. ее сега овие месеци повеќе пишува и ми кажа се откачил од тестовите. Нз..
Хм ако некој ја следи темава, посебно по некоја Јарчица ... Што е поентава во вас или ете во Јарците од машки пол што упорни многу се ама на момент од нигде никаде знаат да се повлечат? Знаете она чекор напред, два назад ... Имаш зацртано некоја, планови, се гледа дека е така ... Се потрудуваш, ама од толку бркање кариера знаеш да заборавиш на љубената нели ? Значи што е поентава, да молчиш воопшто не комуницираш одеднаш? А особата ти е важна ... Труди се со фино, пробај да го отвориш, кажи му дека ти е важен, ама и знае која си, дека си своја, му укажуваш дека неговиот молк те мачи ... Ништо, молк и молк. Тежок табиет.
Mnogu tezok karakter, jas sum so jarec skoro 4 godini. Napochetokot beshe sonce ..ama kako izminuvaa godinite se potersen i potesen stanuvashe. Znae za nekoja glupost da ti se napne i muabet da ne ti pravi.